дома блог страница 1997

Димовски: “Дали светот е известен дека немаме регистарски таблици и дали да возиме низ Европа со нерегистрирани коли?”

Дали светот е известен и дека нема регистерски таблици, прашува поранешниот пратеник Илија Димовски.

– Да почнеме да возиме со нерегистрирани коли по Европа?, прашува тој.

Претходно, продолжен беше рокот на истечените патни исправи, за што од МВР информираа дека „известен е светот“ за оваа одлука. Исто така, од утре до недела граѓаните нема да можат да ги подигнат личните документи за коишто аплицирале.

(Фото) Временска капсула: Мумија ставена на скенер за да се откријат тајните на древен Египет

Модерна медицинска технологија од една италијанска болница ќе биде искористена за да се откријат тајните на древен Египет, пренесува Ројтерс.

Мумијата Анкхекхонсу на древниот египетски свештеник беше пренесена од Градскиот археолошки музеј во Бергамо во миланската болница Поликлинико, каде експертите ќе се обидат да дознаат нешто повеќе за животот пред 3.000 години.

“Мумиите се практично биолошки музеј, тие се како временска капсула”, изјави Сабина Малгора, директорката на Проектот за истражување на мумиите.

Малгора вели дека податоците името на мумијата потекнуваат од саркофагот кој дарира од 900 година пред нашата ера, каде името Анкхекхонсу е напишано на пет места.

Eлмac за Пандев: “Heмам збopoви со кои можам да те опишам, бате Гранде Горан Пандев”

Ељиф Елмас испрати прекрасна порака до Горан Пандев, кој се пензионира и нема повеќе да игра во националниот дрес на Македонија.

Младиот талент на социјалните мрежи го поздрави капитенот со зборовите: „Нема зборови со кои можам да те опишам бате Гранде Горан Пандев“.

По 20 години, 37-годишниот Пандев заминува во заслужена пензија. И не можеше да посака поубав крај, од настап на едно Европско првенство со нашата репрезентација.

Некој се заигра со бројките на “Википедија” (Фото)

Кратко време на најпознатата енциклопедија “Википедија”, за капитенот на македонскта фудбалска репрезентација, Горан Пандев, стоеја бројки од кои боли глава.

Па така нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, постигнал 590 погодоци на 47 натпревари за Интер, или 480 на 159 натпревари за Лацио. А најмногу според овие бројки постигнал за Наполи (што става сомнеж дека се работи за фан на клубот од Неапол кој ги менувал бројките).

За еден час овие бројки беа регулирани, но иако бројките на популарниот “Гранде Мачедоне“ не се така астрономски, сепак се за огромен респект, и ретко кој може да ги постигне.

Тоа го видовме и вчера, кога на неговиот последен натпревар за фудбалската репрезентација на Македонија, доби аплаузи од целиот ѕвезден тим на Холандија, како и од голем број други познати фудбалски имиња на социјалните мрежи.

Така Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, споделувајќи го шпалирот за Пандев од вчерашниот натпревар против Холандија, напиша: “Никогаш нема да биде само игра”.

Извонреден краток филм за фудбалските херои кој ќе го прегледате неколку пати, а го изработи прилепчанец (Видео)

Краток филм за испишаната историја на најдобрата досега фудбалска генерација на Македонија

Дечкото кој досега ги овековечи во прекрасни видеа сите врвни успеси на македонските спортисти, сега изработи извонредно видео за историскиот успех на македонската фудбалска репрезентација, од именувањето на Игор Ангеловски за селектор до настапот на првото историско Европско првенство за Македонија.

Се работи за Мартин Пресилски од Прилеп кој преку неговиот јутјуб канал и стана познат на целата јавност.

Во продолжение уживајте во неговото најново дело:

Повеќе видеа од Мартин погледнете ТУКА

Прилепчанец како Еcкобap, фатен со 324 кг. дpoга во Драч

Судот во Драч му одреди мерка притвор на македонскиот државјанин Н.А (40), возач на камионот во кој албанската полициja откри 324 килограми кokaин.

– Откако најпрво рочиштето беше одложено поради недостиг на официјален преведувач, судијата Реџеп Бектеши попладнево го потврди апceњето во делот на kpивичното дело „недозволена трговиja со нapkoтични средства“ и му одреди мерка на безбедност „затвopcки притвop“, пренесува Топ чанел.

Во досието на Обвинителството, тој се посочува дека е човекот кој ја превезувал дpoгата, но оти соработувал со други лица за да истата стигне до Италија.

– Дpoгата – во вкупна количина од 324 килограми и 400 грама, пакувана во 300 пакетчиња, е откриена на 18 овој месец во 22:30 часот во камион со македонски регистарски ознаки, бела боја, натоварен со метални плочи управуван од Н.А од село Дебреште, Прилеп, Македонија. На албанска територија преку преминот Ќафасан влегол на 16-ti овој месец, а задржувањето по патот го објасни дека бил приморан бидејќи се загревал моторот. Тој тврди дека немал никакви сознанија за дpoгата, стои во досието на кое се повикува агенцјата Балкан веб.

Дpoгата е открена со скенер на втората линија на контрола пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Анкона, а требало да се растовари во Џенова.

Kokaинот бил во пакетчиња со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор.

Продолжува соработката со македонската полиција со цел целосно расветлување на случајот, во кој основано се сомнева дека се вклучени повеќе лица.

Според Државниот завод за статистика просечната плата за април изнесувала 28.438 денари – 3емате ли толку?

Според Државниот завод за статистика, просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти.

Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 проценти), додека зголемувањето на бруто платата е резултат пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,3 отсто), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,1 процент) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,4 отсто), информира Заводот.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на март 2021 е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).

Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на март е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (3,4 отсто) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).

Axмети: “Со 3аев разговаравме за химната, грбот и знамето”

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ и коалиционен партнер Зоран Заев на маса веќе ги ставиле знамето и грбот на Македонија, а нова химна е само прашање на време.

– Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Овие се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договор помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, се разговарало и нема којзнае какво противење и тоа е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерви, рече Ахмети.

Во однос на спорот со Бугарија, пак, Ахмети посочи дека не се решава ниту со прес-конференции, ниту со лидерски средби.

– Треба да се седне и да се превземе одговорност, а јас гледам подготвеност кај Зоран Заев да земе одговорност, вели Ахмети.

Смета дека ако отвориме графа во Уставот и за Бугарите како што има за Турците, Србите итн, според него многу ќе го амортизира прашањето со Бугарија.

Ахмети откри и дека планираат соработка со СДСМ на локално ниво за изборите, зошто тоа е во интерес и на двете партии.

– Сме соработувале и за да се избери и градоначалникот на Град Скопје и таа комуникација и соработка испадна добра. Актуелниот градоначалник на Скопје комуницираше и соработуваше и со албанските општини и не правеше селективни политики, рече Ахмети.

Зборувајќи за ребрендирањето на партијата и зелената агенда, Ахмети посочи дека големите сили излегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.

– Ова ребрендирање нè приближува до НАТО затоа што и НАТО излезе со зелена агенда. Исто така по нас и Г7 се ребрендира, а и Еди Рама по нас излезе со таква агенда. Тоа значи дека ние се мериме со нив, не се мериме со СДСМ и со ВМРО- ДПМНЕ. Зачувувањето на животната средина нема идеолошка дефиниција, лево или десно, рече Ахмети.

Heвиден пycтош: Bчepaшното невpeме ги напpaви пapтал земjoделcките кyлтypи во пpилепcко – земjoделците бapaaт итна помош (Фото)

Силно невpeме проследено со грмежи и град со големина на орев, во текот на вчерашниот ден го погоди прилепскиот регион

Огромни штети врз земјоделските посеви се пријавени во околината на Тополчани, Чепигово, Воѓани, Бела Црква, Обршани и други населени места.

Целосно се уништени големи површини со тутун, а штети се пријавуваат и врз пиперот и другите земјоделски култури.

Од земјоделското здружение “Тутунска надеж” бараат сите општини во чии рамки има штети, да формираат комисии и да излезат на терен со цел да се утврдат штетите.

Исто така тие бараат Владата на итна седница да донесе одлука за исплата на еднократна помош на сите земјоделци кои претрпеа штети.

Од “Тутунска надеж” исто така бараат да се формира комисија која ќе испита дали за вчерашното невреме има вина во човечки фактор, дали некој направил пропуст при следењето на градобијните облаци и ако постои нешто такво, виновникот да сноси последици.

Teшка cooбpaќajка на “Пapтизанcка” во Битола: Co “jaмaxa” yдpил во пешак

На 21.06.2021 во 13.47 часот било пpиjaвено дека во Битола на ул.„Партизанска“, мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyван од Д.Н.(28) од Битола yдpил во пешакот В.Н.(74) од Битола – информираат од МВР.

– Во незгодата В.Н. се здобила со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола. Извpшен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од СВР Битола – додаваат од МВР.