Koлева од СДСМ: Пpoceчната плата забpзано се движи до 30.000 денapи, ќе биде и 36.000 (Видео)

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални резултати потврдени со официјални економски податоци. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари – истакна на денешната прес конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

“Тоа е зголемување од 8,8 отсто споредено со месец мај 2020 година.

Просечната плата забрзано се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до крајот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.

И во време на пандемија и светска и здравствена криза, и во време на пост ковид периодот, растот на платите не стагнираше, туку тие продолжија да растат во сите сектори.

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активности во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.

Сето тоа се податоци кои покажуваат дека македонската економија е на стабилни основи, дека е развојна, динамична и конкурентна.

СДСМ е партија посветена на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.

Затоа, продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса за сите”, истакна Колева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.