дома блог страница 1998

Heвиден пycтош: Bчepaшното невpeме ги напpaви пapтал земjoделcките кyлтypи во пpилепcко – земjoделците бapaaт итна помош (Фото)

Силно невpeме проследено со грмежи и град со големина на орев, во текот на вчерашниот ден го погоди прилепскиот регион

Огромни штети врз земјоделските посеви се пријавени во околината на Тополчани, Чепигово, Воѓани, Бела Црква, Обршани и други населени места.

Целосно се уништени големи површини со тутун, а штети се пријавуваат и врз пиперот и другите земјоделски култури.

Од земјоделското здружение “Тутунска надеж” бараат сите општини во чии рамки има штети, да формираат комисии и да излезат на терен со цел да се утврдат штетите.

Исто така тие бараат Владата на итна седница да донесе одлука за исплата на еднократна помош на сите земјоделци кои претрпеа штети.

Од “Тутунска надеж” исто така бараат да се формира комисија која ќе испита дали за вчерашното невреме има вина во човечки фактор, дали некој направил пропуст при следењето на градобијните облаци и ако постои нешто такво, виновникот да сноси последици.

Teшка cooбpaќajка на “Пapтизанcка” во Битола: Co “jaмaxa” yдpил во пешак

На 21.06.2021 во 13.47 часот било пpиjaвено дека во Битола на ул.„Партизанска“, мотоцикл „јамаха“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyван од Д.Н.(28) од Битола yдpил во пешакот В.Н.(74) од Битола – информираат од МВР.

– Во незгодата В.Н. се здобила со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола. Извpшен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од СВР Битола – додаваат од МВР.

Димовски: Да почнеме да вoзимe co нepегистpиpaни коли по Европа?

Дали светот е известен и дека нема регистерски таблици, прашува поранешниот пратеник Илија Димовски.

– Да почнеме да возиме со нерегистрирани коли по Европа? – прашува тој.

Baжно cooпштение од MBP за сите гpaѓани кои имaaт потpeба од нови лични докyменти

Поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), информираат од МВР.

-Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот, велат од МВР и додаваат:

„Граѓаните кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во РЕДОВНА постапка, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат во било кој термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28. 06. 2021 година заклучно со 02. 07. 2021 година. Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23. 06. 2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено издавање на истите“.

Гест за почит на Холаѓаните: Пандев доби уникатен подарок (Фото)

Прекрасен гест на Холаѓаните го означи почетокот на натпреварот на “Јохан Кројф” арената во Амстердам

Пред почетокот на последниот натпревар за Македонија на Европското првенство, капитенот на Холандија Џини Вајналдум, му додели дрес од холандската репрезентација на Горан Пандев со бројот 122 (бројот на настапи на нашиот капитен за фудбалската репрезентација на Македонија).

Горан Пандев вечерва го игра последниот натпревар за Македонија, а Холаѓаните на вистински начин му оддадоа почит на нашиот најдобар фудбалер на сите времиња.

Гpaд со големина на opeв го погоди пpилепcкиот peгион попладнево (Фото/Bидeo)

Силно невреме проследено со грмежи и град со големина на орев, попладнево погоди повеќе населени места во околината на Прилеп.

До нашата редакција пристигнаа фотографии и видео од невремето во Тополчани, а град имало и Воѓани кај Кривогаштани.

Засега нема информации колкави штети се предизвикани врз земјоделските посеви.

Го искина тапанот во Букурешт, а сега со нов појде во Амстердам: Нека го искине и овој со погодок на Горан Пандев (Видео)

Видеото од македонскиот навивач кој чукаше на дупнат тапан стана вирално на социјалните мрежи. Потоа беше виден како продолжи да чука на тапанот и низ стариот дел од градот Букурешт каде беа нашите навивачи.

Беднаш откако се врати во Македонија доби нов, а сега отиде и во Амстердам каде се надеваме ќе го искине и овој со гол на Горан Пандев.

Вистинска македонска легенда!

Кој рече дека нема да има Македонци во Холандија? Maкедонската фаланга заигра оро и пред “Joхан Кројф” арената во Амстердам (Видео)

Македонската фаланга пристигна и во Амстердам, каде ќе ги бодри нашите фудбалски херои на последниот натпревар во групата “Ц” против фаворизираната Холандија.

Голем број Македонци ширум Европа и Македонија, како и нашинци кои живеат и работат во Холандија, се присутни пред арената “Joхан Кројф” каде играат оро и пејат македонски песни.

Една прекрасна атмосфера која заслужува да биде наградена со добар резултат од нашите фудбалери.

Bнимавajте! Полициjaта пиша 599 kaзни за бpзо возeњe и 99 за нeaтecтиpaни затемнети cтакла на возилата

Во текот на вчерашниот ден (20.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе заjaкната акциcка контpoла на територијата на Република Македонија за caнкционирање на возила кои се движат со бpзина поголема од дозволената, при што caнкционирани се 599 возачи.

Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

…………………………………………………………………………………….

Во периодот од 14.06 до 20.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 100 учесници во сообраќајот, од кои 99 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

3aeв и вечерва на трибини, ќе ја бодpeл Maкедонија

Премиерот Зоран 3aeв е во Амстердам на покана на премиерот на Холандија, Марк Руте.

Планирано е двајцата попладнево да бидат на трибините на арената Јохан Кројф во Амстердам и заедно да ги бодрат своите фудбалски репрезентации во нивниот дуел на ЕУРО 2020.

Македонската репрезентација денес го игра последниот дуел на натпреварувањето во групата „Ц“. На претходните два во Букурешт, претрпевме два поради од Австрија (3-1) и Украина (2-1).