Човекот си кажа што имаше да си каже…
А стварно, одли ли ананас на пица?
Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.07.2021 во 12.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Александар Македонски“, се случила cooбраќајна незгода помеѓу товарно возило управувано од лице кое по незгодата го напуштило местото и мопед „генерик“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(54) од Прилеп.
Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повpeди, констатирани во Градската болница Прилеп.
Од три тутунски здруженија e упатен јавен повик до претседателот Стево Пендаровски да им даде поддршка во нивните настојувања за решавање на проблемите во македонскиот аграр, со негово присуство на протестот закажан за в понеделник, 12 ти јули пред зградата на Општина Прилеп.
Како што стои во повикот, тутунарите велат дека изгубиле верба и надеж во институциите надлежни да го слушнат гласот на земјоделецот за поддршка во овие тешки времиња.
„Поради незаинтересираноста на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за решавање на нашите проблеми, како и пробивањето на СИТЕ законски рокови и обврски за исплата на субвенции и ковид пакети од државата кон земјоделците, ние сме доведени во крајно незавидна финансиска ситуација, па оттука цениме дека немаме повеќе партнер за разговор во горенаведените институции, и поради тоа сме приморани да организираме протест на 12 07 2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот.
Затоа: Јавно ве покануваме да присуствувате на овој протест од кој дирекно ќе бидете запознаен за нашите проблеми како и на лошите законски решенија од минатото на дел од кои и вие сте потпишан, како и да ве запознаеме дирекно со негативните ефекти кон земјоделците кои ке ги донесат законските решенија кои се во најава, пред се’ законот за зелена такса како и законот за продажба за државно земјиште пред да ги потпишете.
Освен ваше лично присуство, секоја друга подршка или немање на одговор од ваша страна на оваа наша јавна покана ние земјоделците ќе добиеме впечаток дека и на Вас како претседател на државата ви е поважна ЛГБТ заедницата, на која вие јавно и со лично присуство и дадовте поддршка отколку ние кои ја храниме цела држава,“ стои во поканата до претседателот Стево Пендаровски од здруженијата „Жолто тутунско злато“, „Тутунарска мака“ и „Тутунари земјоделци“
Протестот денеска бил уредно пријавен во полициска станица, ќе започне во 10 часот од кружниот ток пред хотел Липа со рута на движење по булеварот Гоце Делчев, кружен тек, споменик Карпалак и завршува пред новата општинска зграда.
Вчера околу 17 часот во Загреб, маж со секиpa го иcпокpшил автомобилот марка “Ауди”, кој бил во сопственост на газдата на фирмата во која работел.
Сведоци за хрватски “Индекс” велат дека човекот прво замолил еден постар човек кој седел во близина да се тргне, за случајно да не го погоди некое стакло.
Набрзо потоа по разбеснетиот човек дошла полиција, му ја одзеле ceкиpaта и го одвеле.
Според пишувањата на хрватските медиуми, причината за настанот било тоа што човекот неколку месеци не добил плата за својата работа во фирмата.
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „ Вечер Прес “кажа дека на политичката сцена во Македонија има голем број на естрадни политичари кои единствено манипулираат со граѓаните и не и мислат добро ниту на опозицијата ниту на државата.
Мицкоски потенцираше дека е убеден дека времето на таканаречени естрадни политичари е завршено бидејќи има партии меѓу кои и ВМРО – ДПМНЕ кои чекаат шанса и поле за докажување и за унапредување на државата во секој поглед.
Тоа се луѓе кои без одговорност и без никаква суштина се обидуваат да манипулираат што повеќе луѓе, а зад таквото нивно естрадно однесување, стојат други центри на моќ, кои што не ѝ мислат добро, пред сè на опозицијата, но и на Македонија. Јас сум убеден дека времето на естрадни политичари и на политички измамници е завршено, бидејќи во јавноста оставаат впечаток дека сите се исти, а не се сите исти. Затоа јас лично и ВМРО-ДПМНЕ велиме дајте ни шанса да покажеме дека добрите времиња за нас како држава допрва доаѓаат рече Мицкоски.
Дополнително претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека локални избори што доаѓаат се од голема важност и дека не се обични локални избори токму поради фактот затоа што тие решаваат дали владата на Зоран Заев ќе остане или ќе си оди.
Не се сите естрадни политичари да говорат без одговорност што ќе им дојде, а во суштина да се потчинети на некои други центри на моќ, кои не и мислат добро ни на опозицијата ни на државата. Затоа јасно и гласно кажувам дека на следните локални избори во најголема мера изборот е помеѓу оваа Влада на Зоран Заев да остане или да си оди, ова не се обични локални избори заврши Мицкоски
Единствениот македонски загубар, прилепски „Еурокомпозит“, и понатаму останува како еден од најнегативните примери за неажурноста и комплетната незаинтересираност на државата за спас на македонското стопанство. После безбројните ветувања, добиени буквално од сите структури на власта, „еурокомпозитовци“, повторно излажани и изманипулирани. Овој пат од страна на премиерот Заев и од двајцата министри Битиќи и Бектеши, кои, уште во април, ги задолжил, за конечно решавање на статусот на Компанијта. Работниците се гневни и лути. Велат, ги исцрпиле сите адути за да ја натераат државата барем малку да реагира – објави “АЛФА ТВ”
„Ги задолжи во рок од два месеци да се реши статусот на вработените…Тие што сме појдени како технолшки вишок да ни се платат придонесите, воедно и на сите вработени, како прва точка, а како втора точка му е да се најде стратешки партнер и доколку не се најде стратешки партнер да се оди во ликвидација….Еве, и информација до премиерот дека задолженијата што им ги дал, ама од мртва точка не се помрднати“, – вели Цветан Бунтески, претставник на ИО на поранешните вработени од „Еурокомопзит“.
Освен со работниците – технолошки вишок, состојбата е очајна и со вработените во фабриката. „Вработените во фабриката веќе две години се без плата, со никаков статус. Значи ни здравство, ни плата, а што е пак уште поконтрадикторно, Одбор на директори си постои и тие си земаат пари, а никаква активност немаат“, објаснуваат нашите соговорници, и додаваат дека лага бил и наводниот стратешки купувач на фирмата.
„Наводно имало заинтересирано стратешки купувач, ни го кажаа нас, ама ајде да не го шириме во јавноста од каде е, демек од моќна држава е, што НАТО го снабдувал со оружје, па наводно ќе ја купел и „Еурокомпозит“….Ќе го спомнам господинот Анѓушев, рече купувачот е најден, во авион, ама чекале да направи аеродром во Велес, па да слезе купувачот за да ја купи фабриката. Лаги невидени…“- иронизира Борко Томески, член на ИО на поранешните вработени од „Еуркокомпозит“.
И вработените, и работниците – технолошки вишок, не се задоволни ниту од новиот претставник на општествениот капитал, прилепчанецот Александар Талимџиоски. Велат дека и тој за овие неколку месеци, ама апсолутно ништо не направил, освен што побарал некаков попис на веќе испустената фабрика. „Еурокомпозитовци“ се закануваат со штрајк под шатори пред општинската зграда во Прилеп.
Каролина Дурло
Беранци е село Пелагонија и припаѓа во Општина Могила. До селото најлесно се стигнува по стариот пат Прилеп-Битола и се наоѓа на 17 километри од Битола.
Над селото се наоѓа преубавиот манастир Свети Јован Крстител или познат како Беранечки манастир.
Синоќа и денеска во манастирот е весело, се празнува една од манастирските слави, а манстирскиот двор беше исполнет до последно место.
Верници од цела Пелагонија го посетија манастирот, се помолија за здравје, а потоа заиграа оро на македонска песна.
Една прекрасна глетка и прекрасна атмосфера која вредеше да се почувствува.
Денеска е Раѓање на св. Јован Крстител – Иванден.
Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…
На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.
Тој, заедно со пресветата Дева која ни го роди Бога е врската на стариот и новиот свет, врската на Стариот и Новиот завет.
Инаку, денес се празнува почетокот на благовеста за Христос, со што се определува и посебната врска меѓу Синот Божји и последниот пророк на Стариот завет.
За тоа зборуваат стиховите од тропарот, кои гласат: се разреши немоста на татковците, т.е. почна непосредната проповед за Христовото доаѓање.