Пожapи се активни и во прилепско: Во Канатларци гacнат гpaѓани со тpaктори и едно возило на ТППЕ, одговорниот од општина не кревал на телефон

Пожарот кој започна во 09,30 часот во атарот на с.Лознани,Општина Могила ,локализиран е во 15,05 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.

– Пожарот кој во 15,40 часот се префрлил од атарот на с.Канатларци, Општина Прилеп, во атарот на с.Мусинци,Општина Могила се уште трае и е проширен. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 4 пожарникари со 1 ПП возило.

-Интервенција на запалена куќа во с.Скочивир, општина Новаци. Пожарот започнал во 15,55 часот и сеуште трае. Интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило.

Известени се: ЕЛС Могила, ЕЛС Новаци, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп е локализиран но сеуште трае. Пожарот започна во 12,50 часот и имаше опасност да се прошири према куќите од селото. На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото.

-Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица, Општина Прилеп кој започнал во 13,10 часот се уште трае и има зафатено голема површина. На терен интервенира екипа од 7 пожарникари со 2 ПП возила.

– Пожарот кој започнал во 14,10 часот од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци, Општина Прилеп се уште трае и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возило и поголем број на жители од селото со сопствени трактори.

Известени се: ДЗС Прилеп и СВР Прилеп, а одговорното лице од ЕЛС Прилеп не одговара на тел. повици – информираат од Центарот за управување со кризи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.