дома блог страница 1981

Крстески: “Moлк од OJO за caла “Maкедониja”, a Унивepзална е целocно нефyнкционална” (Видео)

Веќе три недели од Градоначалникот и од ОЈО чекаме одговор за искажаниот сомнеж за криминал во салата “Македонија”. Самото молчење значи ли потврда дека сте фатени со рацете во медот? – праша на денешната прес конференција Александар Крстески од Комисијата за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Ова место и овој објект зад нас добро им е познат на Илија Јованоски и на спортистите, а сегашни функционери, кои се сликаа пред него во 2017-та и ветуваа дека ова ќе е најубавата спортска сала во Македонија.

Искрено, овде не ветија затворен базен, ама ветувањата за стипендии, пензии, субвенции, награди за спортистите, ги расфрлаа со зборови од улога на опозиција. Само лага до лага!

Нефункционалноста на овој објект придонесува за уништувањето на градскиот спорт.

Светски ракометни, кошаркарски и фудбалски легенди имале можност да се натпреваруваат овде пред “пеколната” прилепска публика.

За жал денес и единствениот и понижен од oпштината прволигаш РК “Прилеп” не може да се натпреварува во оваа сала.

Последниот сериозен зафат овде беше пред 11 години кога “Жито Прилеп” целосно ја реконструираше оваа сала.

Градоначалниче…не ретко ве гледавме со топка во рака пред избори како глумите љубител на спортот. Денес во вашата рака треба да мафтате со список на уништени објекти, спортови и клубови во Прилеп. Нeме ни 10 квадрати нова, или реконструирана спортска површина во градов.

Јавноста заслужува да знае на кои клубови им беа доделени парични средства и дали истите клубови постојат и се активни како такви.

Се обврзуваме во иднина да преиспитаме каде завршиле парите на спортистите. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, а парите ќе бидат вратени кај вистинските спортисти.

Казната стасува во октомври. Нема спортист кој не е згрозен од вашиот начин на работа! Ќе го вратиме спортскиот дух во Прилеп!”

(Видео) Ajкyлa во близина на туристите во Хрватска

На плажата во Шибеник денес беше забележана голема плава ajкула во близина на капачите и туристите.

Очевидците тврдат дека ajКулата била долка околу 1.5 метри и дека долго време се задржала покрај брегот.

Видеото можете да го видите ТУКА

Шамap за Косово? Палмер: “Ќе мора да обезбедат силни докази ако сакаат да ја тужат Србија”

Косово ќе мора да обезбеди силни докази ако одлучи да ја тужи Србија за гeнoцид, предупреди специјалниот пратеник на американскиот Стејт департмент за Западен Балкан, Метју Палмер, објави exit.al.

„Прво, тие треба да обезбедат докази, и затоа тоа е проблем што ќе треба да се реши пред да се поднесе тужба“, рече Палмер.

Дипломатот истакна дека САД би сакале Косово да се фокусира повеќе на иднината отколку да гледа наназад на минатото и да ги идентификува точките на заедништво со Србија.

„Не мислам дека тој пристап ќе придонесе за решавање на споровите помеѓу Србија и Косово. Значи, она што би сакале да го видиме, страните, не само во спорот Косово-Србија, туку и во целиот регион, се фокусираат помалку на минатото и повеќе на иднината“, рече тој.

Најдобар е, но Србин е: Организаторите на Вимблдон повторно му дадоа предност на Федерер

Организаторите на Вимблдон ги објавија термините за четвртфиналните дуели кои ќе бидат на програмата во среда.

И повторно најдобриот тенисер во светот не го доби заслужениот третман од домаќинот.

Новак проти Мартин Фучовиќ ќе игра на централниот терен во 14.30 часот, за разлика од Федерер кој го доби вечерниот термин. Швајцарецот ќе ги пресмета силите во мечот против Хуберт Хуркач на централниот терен, веднаш после Србинот, во далеку подобри временски услови.

На теренот број 1 од 14 часот ќе играат Карим Хачанов и Денис Шаповалов, а веднаш по нив и Матео Беретини со Феликс.

Победниот од мечот Ѓоковиќ-Фучовиќ во полуфиналето ќе игра против подобриот од мечот Хачанов – Шаповалов.

Прилепчани направиле xaoc на наплатна рампа: Полициjaта иcпyкала пpeдyпpeдyвачки кypшyми

На 05.07.2021 во Велес од полициcки cлyжбеници од СВР Велес лишени од cлобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп – информираат во дневниот билтен од МВР.

Во 19:55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за coпиpaње и контpoла на патничко возило „аyди А3“, со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник впepил пиштол кон полициcките cлyжбеници, а во обид да избегаат ја оштетиле наплатната рампа.

Полициcките cлyжбеници испyкале пpeдyпpeдyвачки кypшyми, а повpeдени лица нема. Извecтен е Јавен обвинител и по докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат од МВР.

Не се издржува повеќе: Земјоделците на Петровден ќе излезат на предупредувачки штpajк во Прилеп

На Петровден, на 12 јули, земјоделците од Прилеп, Битола, Тиквешијата и дел од радовишко-стрмучкиот регион ќе организираат предупредупредувачки штрајк во Прилеп за како што велат неисплатените субвенциии во повеќе гранки, неисплатените ковид пакети за тутунарите и лозарите, како и немањето на соодветна аграрна политика. Организаторите обвинуваат дека ситуацијата со земјоделството во Македонија била алармантна.

„Борчиме насекаде, кон аптеки, кон сите добавувачи, репроматеријалите се поскапении за 30 па и за 40%. Сега нов удар за нас земјоделците е зголемувањето на нафтата, на дизел горивата. Се оди во нагорна линија, само цената на нашите производи, останува иста, а некаде и се намалува“, вели Игор Мирчески, координатор на новите тутунарски здруженија.

„Земјоделците се доведени да бидат социјалнии случаи. Доведени сме до тоа да не можеме да функционираме. Општо владее еден хаос, државата нема никаква стратрегија, никакви мерки не се превземаат за санирање“, кажа Ѓорѓи Каракашов, земјоделец од радовишко-струмичко регион.

Сточарите обвинија дека поради тешката сотојба, немањето субвенции, ниската откупна цена на млекото веќе започнале да се продаваат и цели фарми со крави. Обвинуваат дека дел од млекарниците увезувале млеко, а нивното не го плаќале реално. Слична била состојбата и со лозарството, каде велат дека никој не се грижел за нив.

„Неисплатени субвенции за 2020 годиина, по грло, за млеко, буквално ништо не исплатено. Едноставно незнам како и до кога ќе издржиме. Сточниот фонд нагло се намалува, се продаваат цели фарми, тешка е ситуацијата“, истакна Тони Алчевски, здружение „Пелагониско поле“ – с. Могила, битолско.

„Сега ние произведуваме грозје, а не знаеме кој ќе го откупи, по која цена. Лани земаа грозје по 3 денари, по 4 денари и никој ништо не презема. Сега за зелената нафта министерот вели дека допрва ќе преговарале кој ќе го земел тендерот, ами нафтата нас ни треба на пролет, не на есен“, додаде Дане Јошев, регионално здружение „тиквешки лозаро-овоштари“ – Кавадарци.

Земјоделците рекоа дека ако не вроди со плод овој предупредупредувачки протест и не им се исполнат барањата во најскоро време, ќе се подготвувал генерелен протест на ниво на цела Македонија.

Чиро го крена Инсиње за да му мавне “стриг постриг сефте” на Донарума (Видео)

Голманот на Италија, Донарума се средил пред вечерашниот полуфинален натпревар против Шпанија, па играчите го маваа по глава.

Лоренцо Инсиње кој е висок само 1,63цм. се обиде да го дофати Донарума, а во тоа му помогна Чиро Имобиле кој го крена.

CДCM се пофали: 400.000 гpaѓани добиваат по 232 денари месечно со скенирање сметки

„Ги враќаме парите назад кај граѓаните, преку Мој ДДВ вратени над 36 милиони евра кон околу 400.000 граѓани за две години Со СДСМ враќањето на парите кај граѓаните е реалност, животниот стандард и достоинството постојано се зголемува, а домашните компании добиваат помош и поддршка. Со СДСМ довербата кај граѓаните во институциите се враќа, бидејќи ние се бориме против сивата економија. Управата за јавни приходи преку проектот Мој ДДВ, како дел од ДДВ искажано во фискални сметки, во изминатитве две години на 399.000 корисници им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра.“.

Вака изгледа соопштението кое го објавија од СДСМ . Бројките ако ги гледате во целост изгледаат како многу пари, но ајде да ја направиме математиката.

36,3 милиони евра поделени на 400.000 граѓани даваат податок дека секој од тие граѓани за две години инкасирал 90,75 евра.

Две години имаат 24 месеци. 90,75 евра поделени на 24 месеци даваат податок дека секој еден човек од овие 400.000 граѓани кои скенирал сметки месечно добивал сума од 3,78 евра или нешто повеќе од 232 денари.

Извор: “Прес24”

Овие градски населби во Прилеп утре ќе останат без cтpyja

Дел од градот кај Лук Оил, болницата “Борка Талески”, населба “Рид”, населба “Марино Маало”, утре, 7 јули од 5 до 6 часот ќе бидат без електрична енергија.

Екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа на локациите.

Планираните прекини во систем за електрична енергија се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

Дpeвното и миcтично богатcтво на пpилепчани: Пpeкpacна најава за серијал на кратки филмови од Институтот за старословенска култура – Прилеп (Видео)

Најава за серија од кратки информативни филмови за културното и природното наследство во рамки на споменикот на природата Маркови Кули – пишува во објавата на ФБ од Институтот за Старословенска култура – Прилеп

Филмовите се во продукција на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп во соработка со продукциската куќа LIMITLESS 119.

Според најавата се работи за одличен проект, кој ќе придонесе за афирмација на Марковите Кули и целата нивна древност и мистичност.