На корисници на апликацијата „Вибер“ изминативе деновиве им пристигнуваат лажни пораки за наводно освоени 700 000 долари.
Според она што може да се забележи, пораките се испраќаат од броеви на кои има руски префикс (+79), а испраќачот е потпишан со имиња како Сесилија Андроникова, Олга Гордеева…
Во лажната порака се наведува дека вашиот број е избран за добитник на 700 000 американски долари во промотивна програма на „Вибер“ и се бара да се испрати код на одредена е-адреса.
На крајот од порака „добитникот“ е предупреден и дека ова е доверлива порака.
Од МВР велат дека досега не евидентирана пријава дека некој „наседнал“ на овие пораки, но апелираат граѓаните да бидат внимателни.
„Независно на тоа МВР, односно надлежните служби, се целосно подготвени секој пат кога има потреба (пријава) да постапат по истата. Истовремено, МВР во многу прилики во минатото, а и сега постојано апелира до граѓаните за внимателност при приемот на вакви спам пораки поврзани со наводни ’донации‘, ’бизнис можности‘ и слично“, апелираат од МВР.
Мите Велковски е млад пензионер, вреден, скромен и ведар човек, ги обожава своите четири внучиња и вели дека сè што прави, прави за нив. Во ова ќе се препознаат многумина. Она што го го вбројува во (сè уште) поретките, е тоа што редовно, најредовно, уплаќа лото, без испуштање коло.
Со непоколеблива надеж и верба во среќата, од својата скромна пензија, за секое коло издвојувал по 200/240 денари. Но, тоа што го направи најредок е 7-ката. Најголемата премија за 7-ка во историјата на лото-игрите на среќа кај нас, падна токму со броеви коишто ги содржани една од 10-те комбинации уплатени од Мите Велковски, на продажното место ЈМБ Компани во скопско Визбегово. За само 200 денари тој освои рекордна премија вредна 41 163 771 денар (близу 670 000 евра) – oбјавија од Државната лотарија на Македонија.
Среќен, пресреќен за добивката, сакаше да им ја поддржи вербата на учесниците во играта на среќа лото и да им се заблагодари. Затоа застана пред камерите и ја сподели својата радост и радоста на своето семејство коешто се вброи во среќните лото-семејства на играчи со наградена долгогодишна верба.
Ние, од Државна лотарија, имавме задоволство да го запознаеме семејството Велковски, од скопско Визбегово, при нивната посета (со торта со лого Лото-7), првиот работен ден по извлекувањето. По редовната проверка на уплатеното ливче и официјална потврда на добивката, видно возбудени, ни ја раскажаа среќната приказна и без двоумење се согласија за јавна објава – пишуваат од Државна лотарија.
Имено, во сабота вечерта на 26.6.2021 извлекувањето на 7-те добитни бројчиња од нашата Лото-7 (коло 50), го следела сопругата заедно со внучињата. Како што ни се довери, таа го има задолжението да ги запишува извлечените броеви, кога сопругот не е дома. Кога видела дека била постигната 7-ка и кога на екранот, прочитала испис – продажното место ЈМБ Визбегово, му се јавила на Миле за да ги проверат броевите.
„7-ката е кај нас“ – одговорил Мите. Сè уште не верувајќи, го повикала синот за уште еднаш, заедно да ги проверат седумте броеви.
Вечерта, веднаш по извлекувањето, Мите се јавил во контакт центарот на Државна лотарија и го оставил својот број. Ние, уште истата вечер го контактиравме, а веќе во понеделникот се запознавме. По посета на просториите на Државна лотарија, следуваше гостување во студиото на Лото-7, во Канал 5, на местото каде што разиграните топчиња ја потврдија неговата верба во среќата и се совпаднаа со броевите во неговата 3-та комбинација. Потоа, го посетивме и среќното место „ЈМБ Компани“ во Визбегово, каде што Мите, последните две години, секое коло уплаќа по 10 комбинации. Добитната комбинација: 1, 20, 24, 25, 31, 32, 34 е составена од роденденски датуми, но и од броеви кажани од внучињата.
Мите, 32 години бил вработен како чувар во Македонски железници. Со сопругата (пензионирана негувателка во детска градинка), ќерката, синот, снаата и 4-те внучиња живеат во семејната куќа во Визбегово. Куќата, како што ни раскажаа, ја граделе со години „со свои раце“. Во саботата наутро, посакал да се живи и здрави со сопругата и да дочекаат да пораснат внучињата и направат свои семејства, а дотогаш да успеат да им купат по еден стан „од дедо и баба“.
Среќата, вербата и надежта, очигледно имаат заеднички патишта.
Честитајќи му на Мите и семејството Велковски, сите граѓани над 18 години ги поттикнуваме на верба и надеж. Ние сме тука за да обезбедиме можност за остварување соништа. Не треба посебна подготовка, ниту голема инвестиција за со редовна игра да се дојде до вонредна среќа – стои во објавата од Лотарија на Македонија.
На само четири дена пред одржувањето на предупредувачкиот, генерален сеземјоделски протест во Прилеп, македонските земјоделци уште полути и погневни на власта. Последните најави на министерот Хоџа дека периодов ќе се започнело со доисплатата на субвенциите и со исплатата на помошта од Петтиот Ковид-пакет, за македонските земјодлеци се само префиден обид на власта да им го минира престојниот протест, бидејќи како што објаснуваат самите, лепезата од земјоделските проблеми била многу поширока од само овие две барања – објави “АЛФА ТВ”
„Протестот не е само за субвенциите и за Ковид-мерките. Протестот е и за зелената такса, протестот е и за продажбата на земјоделско државно земјиште и уште многу други работи се кои ќе се изнесат дента, в понеделник на самиот протест….Целта на овие најави за исплата е да се разводни најавата за протест и да се минира целата организација која што веќе се случува за организирање на сеземјоделски протест…Очигледно дека се незадоволни земјоделците и даваат огромна поддршка за организирање на еден ваков протест. И покрај најавата на Министерството дека ќе се извршат исплати, протестот ќе се одржи“, дециден е Игор Мирчески, еден од иницијаторите на престојниот протест.
Македонските земјоделци му упатија јавна покана и на претседателот Пендаровски, за и тој лично да учествува на самиот протест и сам да ги слушне земјоделските маки.. „Освен со Ваше лично присуство, секоја друга поддршка, или немање одговор од Ваша страна на оваа наша јавна покана, ние земјоделците ќе сметаме дека поважна Ви е ЛГБТ- заедницата, отколку ние, кои ја храниме цела држава“, се вели во дописот до претседателот Пендаровски, а на кој досега нема никаков одговор.
Најавениот протест ќе се одржи на „Петровден“, во времетрање од два часа, во центарот на Прилеп.
Еден од најпопуларните пејачи во моментов во Македонија, Влатко Миладиноски, за големиот христијански и државен празник Илинден, ќе пее во манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален, прилепско Мариово.
Преку видео порака на ФБ тој ги покани сите заинтересирани да дојдат и да присуствуваат на една голема македонска забава и да уживаат во прекрасната природа која ја нуди мариовскиот крај.
На стотината вработени во комуналното претпријатие „Солидарност“ од Виница вчера им била исплатена платата за мај во висина од 100 денари.
Од синдикалната организација во претпријатието ја потврдија ваквата исплата, со образложение дека финансиската состојба во моментот не дозволува работниците да ги добијат редовните износи на платите.
– Точно е дека на вработените им е исплатена мајската плата од по 100 денари, а причина за тоа е да нема прекин во подмирувањето на обврските за придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Веќе одржавме состанок на стручниот колегиум на кој директорот на претпријатието информираше дека поради достасани обврски по судски пресуди исплатени се стари побарувања за К-15, отпремнини за пензија, награди на вработени и слично, поради што на сметката нема доволно средства за исплата на редовна плата. Се работи за долгови од пред десетина години, чија висина изнесува околу седум милиони денари, а за наплатата стигнале дури сега, истакна Павле Стојковски, в.д. претседател на синдикалната организација во „Солидарност“.
За утре е закажана средба на синдикатот со директорот на претпријатието и со градоначалникот на Општина Виница, при што ќе се разговара за лошата финансиска состојба и ќе се бара начин да се подмират обврските кон вработените.
Стојковски информираше дека „Солидарност“ има побарување од околу четири милиони денари од Локалната самоуправа на Виница, како и од други правни и приватни лица.
Вработените ги извршуваат работните задачи нормално, а со оглед на специфичните законски прописи за штрајк во комуналните претпријатија, засега нема најава за протест или прекин на работата.
Нешто чудно се случува кај локалните социјалдемократи. Најновата неволја е кандидатурата на Сугарески за градоначалник на Прилеп. Тоа ги доразгорело страстите и сега веќе битката e гради в гради.
Јованоски е подобар на внатрепартиските анкети, наводно и на втората која е во тек и тоа му дава за право да се надева на втора шанаса.
Но, минирањето на сите негови фалби за проекти, промоции, успеси доаѓа од таборот на Сугарески со неговата кандидатура.
Која е логиката ако е успешен да не му дадат втора шанса и да се валоризираат проектите?
Како ќе застанат еден до друг?
Тоа би личело на “квискотека” каде што кандидатите се убедуваат кој е подобар од двајцата на некоја маалска трибина.
Постои опасност кандидатот да е соопштен дури на 31 август и да биде ставен во пат позиција тој што ќе “извиси”.
Членството е ставено во вкрстен оган и со право коментира дека истите политичари ги гледаат веќе 21 година во СДСМ Прилеп.
Втор проблем е очајно слабиот рејтинг на двајцата кандидати наспрема опозицијата, а тоа е нешто што го знаат сите.
Кој и да биде кандидат е три пати послаб на анкетите во споредба со опозицијата 63% наспрема 21%…и тоа дава за право да очекуваме тотален раздор до октомври.
Неофицијално според последната анкета на “Рејтинг”, Јованоски води на внатрепартиските анкети со 53%, наспроти Сугарески кој ужива доверба од 47%.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ќе биде нов уставен судија. Јовески е еден од тројцата фаворити на власта, потврдува за ТВ24 висок владин функционер.
Според истиот функционер Јовески прифатил обвинителската фотелја да ја замени со фотелја во Уставен суд. Тој е вториот кандидат по Фатмир Скендер кој што ќе биде кандидиран од мнозинството во Собранието до крајот на месецот.
Јовески кој што службено е отсутен од државата, за ТВ24 порачал дека изборот за уставен судија доколку ја добие поддршката на пратениците би му бил голем предизвик.
-Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник. Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција, изјави за ТВ24 Јовески.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
На 07.07.2021 во 21.40 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Пере Тошев“, патничко возило „опел астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(52) од Прилеп удрило во пешакот В.Н.(51) од Прилеп.
Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобила В.Н., констатирани во Градската болница Прилеп.
Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
“По надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец.
Доказ за тоа се официјалните економски показатели.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, бележиме раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани.
Покрај растот на извозот, бележиме и раст на индустриското производството, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.
Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е за 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година.
Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.
Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој.
Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија”, истакна Кузеска.
Рускиот синџир на дисконти “Мере”, отвори фирма во Прилеп и бара вработени за повеќе градови – објави “Instore.mk”.
Според податоците од Цeнтрален регистар, „Мере“ влегува преку фирмата „Русторг ДОО“ – Прилеп, основана пред околу две недели (на 16.06.2021) со адреса булевар „Гоце Делчев“ бр.84, Прилеп.
Како претежна дејност е наведена „трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун“. Основана е со влог од 200.000 евра.
Сопственици се Валериј Генадијевиќ Јаковлев, Евгениј Генадијевич Пшеницин, Сергеј Иванович Шнајдер и Андреј Иванович Шнајдер, сите со адреса во сибирскиот град Краснојарск. Управител е Евгениј Петрович Боклач – пишуваат од “Instore.mk”.