дома блог страница 198

Општина Битола воведува ред: Крај за хаосот на Широк сокак и нов изглед на центарот

Општина Битола тргнува во сериозна трансформација на старото градско јадро, со нови правила за урбаната опрема, ред во јавните површини и целосно преуредување на изгледот на Широк сокак.

На денешната седница на Советот, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, најави дека градот конечно добива стратешки документ кој ќе стави крај на долгогодишниот урбан хаос и ќе донесе европски изглед во централното подрачје.

„Како Општина сериозно и темелно ги решаваме проблемите во градот. Урбаната опрема ќе ја има, но во форма каква што доликува на европски градови“, истакна Коњановски.

Новата програма за поставување урбана опрема опфаќа многу повеќе од просторот пред кафулињата – таа ги регулира сите јавни површини, вклучително и билборди, киосци, клупи, канделабри и детски реквизити.
Една од најголемите промени се однесува на Широк сокак. Според новите правила, повеќе нема да има оградување на просторот пред локалите, особено во зимскиот период – нешто што со години беше мета на критики од граѓаните.

Истовремено, се најавува и целосно отстранување на киосците од централното градско подрачје, кое е заштитена зона, додека билбордите веќе се делумно отстранети од центарот.

Коњановски потенцираше дека целта е Битола да добие урбан, модерен и европски изглед, каков што граѓаните очекуваат и го гледаат во другите градови.
Покрај ова, Советот ќе расправа и за нови правила за поставување тезги и трицикли во Градскиот парк и шеталиштата, како и за утврдување на почетни цени за закуп на микролокации.

Со овие мерки, Општина Битола најавува крај на импровизациите и воведување ред во користењето на јавниот простор, со јасна цел – поубав, поорганизиран и функционален град за сите граѓани.

Линеарно зголемување на платите за вработените во МВР

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.

Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните.

Рамно стомаче и затегната кожа за лето без игли – откријте го хит третманот во Прилеп (ВИДЕО)

Со доаѓањето на пролетта, природно се буди желбата за промена, свежина и подобрување на изгледот. Ова е период кога сè повеќе размислуваме за нашето тело и подготовката за летната сезона. Доколку сакате ефикасно да ги намалите масните наслаги и да ја затегнете кожата – решението постои.

Салонот за естетика „Ласер и убавина“ од Прилеп го нуди еден од најсовремените третмани за обликување на телото – мезопорација со OBE серум од шпанскиот бренд Eberlin.

Станува збор за иновативна, безболна и неинвазивна метода, која овозможува активните состојки да навлезат длабоко во кожата, директно во поткожното ткиво. На овој начин се постигнува максимален ефект без потреба од игли или хируршки интервенции.

Она што го прави овој третман посебен е неговото двојно дејство:

-активно ги разградува локализираните масни наслаги
-го подобрува тонусот и еластичноста на кожата

Резултатите се видливи – кожата станува поцврста, затегната, а телото добива поубава и дефинирана форма.

Овој третман е идеален за сите кои:

-сакаат да се ослободат од тврдокорни масни наслаги
-имаат намален тонус на кожата
-бараат безбеден и ефикасен начин за обликување на телото

Пролетта е совршен момент да започнете – за да го дочекаате летото со самодоверба и изглед каков што посакувате.

Доверете се на стручен тим и докажани методи во салонот „Ласер и убавина“, каде грижата за вашето тело е на прво место.

📞 За консултации и закажување термин: 070 287 842

Или преку директна порака на нивните социјални мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ,

А можете и да ги посетите во самиот центар на градот, на бул. „Гоце Делчев“, во зградите спроти „Палма шоп“ (влез 1, стан 7).

Прогласен за мртов, се разбудил во мртовечница и гол трчал низ болницата

Шефик Шеќиќ од Сребреник, познат во својот крај под прекарот Нуте, доживеал неверојатна и филмска судбина откако лекарите по грешка го прогласиле за мртов.

Сè започнало за време на Бајрам во 2024 година. Шефик станал рано наутро да ја отвори вратата од куќата, но одеднаш паднал и ги повикал децата. Брзата помош веднаш пристигнала, а лекарите им соопштиле на неговите најблиски дека состојбата е критична и дека тој најверојатно нема да преживее.

„Докторите им рекоа на децата да си одат дома, бидејќи умирам. Рекоа дека не можам да преживеам“, раскажува Шефик.

Семејството било во шок. Лекарите извлекле повеќе од пет и пол литри течност од неговото тело, по што Шефик бил пренесен во болница во Тузла, каде што, сметајќи дека е починат, го оставиле во мртовечница.

„Не ни знаев дека сум во Тузла. Лежев на носила завиткан во најлон. Кога се разбудив, прогледав и видов еден постар човек покрај мене, облечен во црно одело. Почнав да плачам и му реков: ‘Докторе, спаси ме’“, вели Шефик.

Во тој момент настанал хаос. Шефик, целосно гол, почнал да ги кине најлоните во кои бил завиткан и да трча низ болничките ходници.

„Јас така син, модар, ги фатив најлоните и почнав да ги кинам. Го прашав: ‘Си чул ли за Сребреник, за Нуте?’, а тој ми вели ‘Не сум’. Му реков: ‘Е, ќе чуеш за мене’. Ги искинав најлоните, а тој почна да бега“, раскажува тој со насмевка.

Целосно гол, Шефик избегал низ ходниците на болницата, оставајќи го медицинскиот персонал во шок. Веднаш побарал да го пуштат дома, а вработените брзо ги известиле неговите најблиски дека нивниот татко е жив.

„Барав да одам дома, тие им јавија на моите. Можеби два часа бев таму и мораа да ме пуштат“, завршува Шефик.

Студенти на удар на УЈП: Се бара данок за парите заработени преку „Work&Travel“ во Германија

Македонските студенти кои преку програмата „Work&Travel“ работеле во Германија, се соочуваат со неочекувани даночни обврски по враќањето дома. Според информациите од студентската организација „Студентарија МК“, Управата за јавни приходи (УЈП) почнала да испраќа известувања до студентите со барање да ги пријават своите странски приходи и да платат данок на веќе оданочени суми.

Проблемот настана кај оние студенти кои по завршувањето на работниот ангажман извршиле поврат на задржаниот данок од Германија директно на своите македонски девизни сметки.

„Известувањата од УЈП пристигнуваат по пошта и електронски пат. Најчесто ги добиваат оние кои по завршување на работата во Германија извршиле поврат на задржаниот данок на македонска девизна сметка. Студентите објаснуваат дека во Германија работодавците автоматски задржуваат данок од платата, по што работниците имаат право на поврат на дел или на целиот износ,“ пренесуваат од „Студентарија МК“.

Што бара државата од студентите?

Според известувањата, студентите се обврзани:

-Да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД);
-Да ги пријават приходите остварени во странство;

Да платат данок на износот добиен преку поврат на данок од Германија.
Оваа ситуација предизвика револт кај младите, бидејќи овие средства се веќе еднаш оданочени во државата каде што се заработени. Останува отворено прашањето како ќе се применуваат договорите за избегнување на двојно оданочување меѓу Македонија и Германија во овие конкретни случаи.

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

-Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки за граѓаните. Унгарија е наш искрен и докажан партнер, а заедничките вредности, меѓусебната почит и силната соработка се темел на нашето стратешко партнерство, посочи Мицкоски.

Премиерот истакна дека во време на предизвици, силните пријателства и јасната визија се клучни за стабилност и развој.

-Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели, посочи Мицкоски.

Велигденска атмосфера и убава македонска песна – Гласот што ја буди душата на Велики Четврток во Прилеп

Во духот на најголемиот христијански празник – Велигден, кога емоциите се посилни од било кога, а традицијата добива посебна тежина, Прилеп го очекува една од највеличествените музички вечери оваа пролет.

На Велики Четврток (09 април), вечер исполнета со душа, песна и вистинска македонска емоција, на сцената во Ресторан Порта ќе застане еден од најголемите амбасадори на македонската песна – Наум Петрески, заедно со маестралните Калабалак.

Вечер што доаѓа токму во вистински момент – ден пред Велики Петок, кој е неработен ден, што значи повеќе време за уживање, дружење и вистинско музичко доживување без брзање.

Со глас што допира до душата и песни што генерации ги пеат со срце, Наум Петрески секогаш создава атмосфера која не се раскажува – туку се доживува. Неговите настапи се повеќе од концерт – тие се спој на емоција, традиција и гордост.

Во комбинација со енергијата на група Калабалак, оваа вечер ветува:

✨ многу пеење
✨ искрени емоции
✨ незаборавна атмосфера
✨ и вистинско гурманско уживање

Со препознатливата кујна, врвната услуга и топлиот амбиент, Ресторан Порта уште еднаш ќе биде местото каде се создаваат спомени.

Велики Четврток е резервиран за Порта!

Вечер што не се пропушта – затоа што ваквите моменти не се повторуваат често.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 368 111

Од извор до чешма: Учениците одблиску го запознаа патот на водата во битолски Водовод (ФОТО)

Овој месец се одбележува празникот посветен на водите, по тој повод, денес во ЈКП Водовод Битола беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.

Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на сирова вода до дистрибуција, начинот на обработка и прочистување на водата. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи.

-Со оваа активност сакаме да придонесеме кон поголема свесност за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно, велат од битолски Водовод.

Ни се вратија пред Благовец! Штрк забележан во Прилеп (ФОТО)

Големите штркови гнезда, поставени долж патиштата, високо на електричните столбови се честа слика речиси низ сите делови на држвата од рана пролет па се до последните топли денови во есента.

Враќањето на штрковите меѓу јавноста во Македонија се смета за неофицијален почеток на пролетта. Тие, заедно со ластовичките се првите знаци дека ладните зимски месеци завршуват и почнува новата сезона.

Иако нивното враќање во нашите краишта народски се поврзува со празникот Благовец, низ Пелагониските села веќе може да се види нивното присуство, а денеска забележавме еден и во Прилеп.

Благородна и горда птица на која сите се радуваат кога ќе ја видат. Добре ни дојдовте!

Koнечно добри вести! Бензините намалуваат од полноќ, а дизелот….

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) ја информира јавноста дека поради актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати, а со цел амортизација на влијанието на домашниот пазар и заштита на потрошувачите и обезбедување на сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата донесе Одлука со која го намали износот на трошокот за работење преку склад и истиот наместо досегашните 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Имајќи ја во предвид оваа одлука, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 % во однос на одлуката од 23.3.2026 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,663 ден/кг и сега ќе изнесува 50,410 ден/кг.

Од 31.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,410 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.3.2025 година.