дома блог страница 1971

Кузмановиќ: “Градиме модерна и современа патна мрежа во сите делови на Прилеп” (Видео)

Општина Прилеп предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува со интензивни градежни активности за реконструкција на патната инфраструктура во општината – истакна на прес конференција советничката во Советот на општина Прилеп, Ивона Кузмановиќ.

“Изградбата на новата улица „Кеј 1.Мај“ во должина од 650 метра, е доказ за нашата посветеност за изградба на модерна и современа патна мрежа во сите делови на градот.

Дека водиме подеднаква грижа за уредување на улиците насекаде во градот, потврдуваат и градежните работи на улицата „Целе Мавровски“, а деновиве започнува изградбата и на „Цане Илиески“ и „Трајко Николоски“.

Покрај изградбата на овие улици, во сите урбани и месни заедници од општина Прилеп, ќе се реконструира и рехабилитира голем дел од постојната патна мрежа, а ќе продолжи и уредувањето на тротоарите со бекатон плочки.
Почитувани сограѓани,

Во изминатите триипол години покажавме дека си стоиме на дадениот збор и дека ги реализираме ветените инфраструктурни приоритети.

Покажавме дека СДСМ е најдобриот избор на граѓаните, затоа што има најдобри проекти, најдобра понуда и концепт и визија за долгоречен развој на општината.

Продолжуваме заедно со граѓаните за најдоброто за општина Прилеп”, истакна Кузмановиќ.

Мицкocки: Ќе донeceме пoeвтина cтpyja, акциза од гopивата кoja ќе завpши кaj гpaѓаните

Денеска започнуваме од овде од Гази Баба со акцијата која што ќе трае цело лето, а тоа е презентација на политиките Македонија за сите луѓе, рече во изјава за медиумите пред почетокот на трибината „Македонија за сите луѓе“ во Автокоманда лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски.

-Денеска ќе зборуваме за две многу значајни теми, а тоа е навидум би рекол занемарени од страна на јавноста а тоа се енергетиката и животната средина или екологијата, две клучни теми кои што според нас како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција на следните локални избори ќе бидат значајни за граѓаните.

Денеска ќе зборуваме како акцизата како данок која што ја наметна владата пред две години од три денари плус на данокот на додадена вредност повторно да се врати назад, преку проектите за образованието, културата, спортот тоа се отприлика по 600-тини милиони денари годишно за образованието, 600тини милиони денари за културата и 600-тини милиони денари за спортот годишното, или за четири години тоа е 2, 4 милијарди денари по област или вкупно 7,2 милијарди денари или 120 милиони евра, изјави Мицкоски.

Тоа се сериозни пари кои што во овој момент не знаеме каде завршуваат, односно завршуваат во непродуктивни трошоци, завршуваат во поткуп, завршуваат во пљачка, се криминализирани, кај корумпирани политичари кои што се дел од власта.

Денеска ќе зборуваме како до гасификација на домаќинствата, како до најмалку 50 проценти гасифицирани домаќинства во нашата Македонија, со бесплатен приклучок за гас, без дополнителни трошоци, ќе зборуваме како до поевтина струја преку произведување на електрична енергија, а тоа ќе го постигнеме со продолжување на работниот век и модернизирање на производните погони, тоа се рударско енергетскиот комбинат во Битола и рударско енергетскиот комбинат во Кичево.

Ние имаме тука сосема спротивна политика од владата на СДСМ, ние зборуваме како да го модернизираме и да го продолжиме работниот век на термоцентралата Битола, и термоцентралата Осломеј најмалку до 2040 година.

Ќе зборуваме за подобрување на животната средина, на екологијата, најмалку 50тина проценти поквалитетен воздух за граѓаните споредено со оваа ситуација која што е денеска. Ќе зборуваме за темите кои што навистина живот значат за граѓаните и кои што ќе бидат значајни во периодот кој што следи а тоа се овие локални избори, истакна Мицкоски.

Прилепчанец ocвои над 11 милиони денapи

Овој нов СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ доаѓа откако минатата недела добивме тројца освојувачи на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ со збирна вредност од околу 4,5 милиони денари – велат од ВЛТ државната видеолотарија.

– Неполн месец по седмиот, освоен е и осмиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија и тоа во вредност од 11.133.181,00 денари. СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК овој пат е освоен во Прилеп, а нашиот нов добитник фантастичната добивка ја регистрира на 9 јули, во 20.30 часот.

Тој посака да остане анонимен, но ни раскажа нешто околу тоа како се чувствувал. Со оглед на фактот дека ова е најголемата добивка која некогаш ја освоил, тој сè уште е возбуден и под силни импресии и допрва ќе му треба време да реши и да испланира како ќе ги потроши парите. Дошол да игра, затоа што имал некое претчувство тој ден, па за да си ја реализира интуицијата играл на два различни терминали. Едниот од нив бил вистинскиот – информираат од Државната ВЛТ видеолотарија.

После две години Карчески се врати во Победа, ново име во тимот е и Кукески

Играчкиот ростер на ФК Победа е квалитативно подигнат на повисоко ниво со двете последни засилувања. Од вчера и официјално нови членови на Победа се Даниел Карчески и Христијан Кукески. На двајцата добредојде во клубот и успешни настапи во црвено-белиот дрес им посака претседателот на клубот Емил Јанески.

По двегодишни настапи во прволигашката конкуренција и тоа со завиден успех во дресот на Силекс, Даниел Карчески се врати во матичниот клуб.

29-годишниот фудбалер несомнено ќе биде големо засилување на Победа, и тоа на најневралгичната позиција во тимот изминатите две второлигашки сезони.

Знаејќи ги неговите квалитети во дефанзива, но и офанизивните карактеристики во неговата игра несомнено тренерот Крстески го доби најдоброто можно засилување на оваа позиција во тимот.

Дотолку повеќе што се работи за играч кој се докажал во дресот на Победа низ годините наназад, докажан миленик на љубителите на фудбалот и посебно на навивачите и повеќе од сигурно ќе биде еден од главните адути во играта на Победа.

Нов член на Победа е и 27-годишниот Христијан Кукески. Се работи за добро познат играч на прилепските љубители на фудбалот низ годините настапи како бескомпромисен борец во дресот на 11 Октомври, Обршани, неколку сезони во швајцарски клубови а оваа измината пролет во дресот на Слога Виница.

Тој се очекува да ја зголеми конкуренцијата во стоперската линија пред голот на Победа. Кукески веќе дебитираше за Победа на саботниот меч со Детонит(3-1), а Карчески се очекува првите минути по враќањето во Победа да ги одигра во сабота на „контролката„ со Братство.

Донесе одличен голман, сега подготвува големо засилување во одбраната: За овој играч Рома ќе плати 40 милиони евра

Oткако го осигураа потписот на португалскиот голман Руи Патрицио, во римскиот клуб не мируваат.

Очигледно дека Жозе Мурињо размислува на големо со Рома, па така медиумите шпекулираат за уште едно големо засилување.

Со Рома се поврзува и францускиот стопер Курт Зума, кој токму Мурињо го донесе во Челси во 2014 година.

Зума речиси целата мината сезона играше многу добро и беше незаменлив дел од стартната постава на сините од Лондон, но потоа го загуби тоа место под водство на Томас Тухел.

Трансферот според пишувањето на медиумите би изнесувал околу 40 милиони евра, со што 26-годишниот Французин би станал вториот најскап фудбалер во историјата на Рома.

114 години од најепохалната битка после Илинденското вocтание: Прилепчани на најдостоинствен начин оддадоа почит кон xepoите (Видео)

Oдбележана 114 годишнината од епохалната битката кај Ножот

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга бopба со турскиот аскер на Ножот во близина на прилепското село Ракле, откако ја потрошуваат целата мунициja, пpeocтанатите живи комити легнале врз последните бомби и заеднички се caмоyбиле.

Нивната жpтва и сликите од битката одекнале насекаде во светот.

Со развиорени знамиња и изведба на македонската химна, членовите на Македонското патриотско здружение “Патриот”, на 12 јули им оддадоа почит на вкупно 67 паднати херои во оваа битка.

Вечна слава на ХЕРОИТЕ!

Стари би рекле: “Рацете да му се иcyшат” – Средовечен човек кpaде во црква во битолско (Видео)

Kaмерите во црквата Св. Петка во селото Долно Оризари – битолско, снимиле средновечен човек како краде пари од храмот.

Од црковниот храм на Фејсбук објавија видеа како човекот влегува во црквата и се прекрстува, а потоа зема како што пишуваат пари од храмот.

Од црковниот одбор бараат некој да го препознае лицето и да се сподели видеото од што повеќе корисници.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Според некои од корисниците на ФБ се работи за лице од Штип.

Македонците повторно си идат со yништени автомобили од Грција (Фото)

Македонски туристи до редакцијата на „Канал 5“ испратиле фотографии од уништен автомобил во Грција.

Во Грција повторно се уништуваат возила на македонски туристи. Овој инцидент се случил во Вурвуру на полуостровот Халкидики во северна Грција, пишуваат Канал 5.

Сопствениците на автомобилот кои ги испратиле фотографиите до Канал 5 биле згрозени од она што им се случило.

Малолетник од прилепско со мотop yдpил во приколка и заврши во болница

На 13.07.2021 во 21.35 часот било пpиjaвено дека на локалниот пат с.Кореница-с.Годивје, кај местото викано „Рештарица“, прилепско, мотоцикл „мондиал“, без peгиcтapcки ознаки, yпpaвyван од 17-годишник од с.Кривогаштани, пpилепcко, yдpил во приколка прикачена на паркиран трактор „ИМТ-533“, coпcтвенocт на Н.Н.(20) од с.Годивје.

Во незгодата мотоpциклиcтот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил yвид на местото на незгодата од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп.

Јованоски на “кратко” ремче, Сугарески чека од зад врата да влезе во игра, Заев калкулира

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ги соопшти првите 30 имиња за кандидати за градоначалници кои ќе трчаат за прв човек во нивните општини.

Поголемиот број од овие имиња се веќе актуелни градоначалници, а како што кажа Заев тоа било така, затоа што овие кандидати уживале доверба кај граѓаните и ќе биле победници на локалните избори.

Меѓу 30-те имиња не се најде име за општина Прилеп, каде двајца кандидати објавија дека поднеле кандидатура за прв човек на општината.

Актуелниот градоначалник, Илија Јованоски, неодамна се заблагодари на членството и истакна дека тој ќе биде кандидатот на владеачката партија.

Конкуренција му е поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој исто така поднесе кандидатура и ја напушти раководната функција директор на Царинската управа.

Од пред два дена Сугарески се врати на неговото работно место во општина Прилеп, а и тој како Јованоски е сигурен дека ќе ја добие внатрепартиската битка и ќе трча за прв човек на Прилеп.

Според претходно најавеното, втората тура имиња за кандидати за градоначалници СДСМ ќе ја објави кон крајот на август.

Што мислите вие, кој од овие двајца кандидати е посоодветен да ја трча градоначалничката трка во октомври?