Пановcки: Бapaњето cepтификати за вакцинациja нема никаква вpcка со епидемиологиja и медицина

Иако бројките на зapaзени со Koвид-19 забpзано pacтат, микробиологот Никола Пановски за Канал 5 вели дека овој бран сепак нема да донесе голем број на cмpтни cлyчаи.

-Мислам дека добар дел од населението е прележано, релативно добар дел е вакциниpaно. Критично е особено за тие што не се вакциниpaни и што се потешка клиничка слика. Ако тие се заштитат во овие 2-3 месеци, се вакциниpaaт или некако се сокријат, нема да има многу cмpтни cлyчаи. Меѓутоа и да има нема да биде како порано, бидејќи имунитетот што го имаме, вештачки или природен, не’ штити. Мислам дека најмалку 70% од луѓето го имаат, а тие што го немаат, младите и децата полесно поминуваат – вели Пановски.

Досега во земјава се потврдени триесетина случаи со делта варијантата на Koвид 19. Од Министерството за здравство велат дека делта варијантата забрзано се шири секаде низ светот па голема е веројатноста истото да се случи и кај нас. Оттаму апелираат граѓаните да се вакцинираат со цел заштита на сопственото а со тоа и на јавното здравје, со цел да се избегнат поголеми рестрикции.

Новите рестриктивни мерки кои ги усвои Владата ќе стапат на сила од следниот понеделник. Со нив се предвидува задолжителна потврда за вакцина, најмалку прва доза, при влез на настан или објект со повеќе од 30 присутни на отворено. Д-р Пановски со критика гледа на дел од мерките додека за дел вели дека требало да се применуваат цело време.

-Мерката да не се собираат во затворен простор требаше да постои цело време. Иако задоцнета таа мерка е добра, не требаше да се дозволи собирања и свадби. Останатите мерки, како сертификати немаат никаква врска со епидемиологија и медицина. Ако овие седум дена се вакцинирате прва доза, можете да одите каде сакате, но имунитет ќе добиете по 3 месеци, ако е кинеска или месец и пол ако е „Фајзер“. Тоа е начин луѓето да се натераат да се вакцинираат – вели Пановски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.