дома блог страница 1972

Јованоски на “кратко” ремче, Сугарески чека од зад врата да влезе во игра, Заев калкулира

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера ги соопшти првите 30 имиња за кандидати за градоначалници кои ќе трчаат за прв човек во нивните општини.

Поголемиот број од овие имиња се веќе актуелни градоначалници, а како што кажа Заев тоа било така, затоа што овие кандидати уживале доверба кај граѓаните и ќе биле победници на локалните избори.

Меѓу 30-те имиња не се најде име за општина Прилеп, каде двајца кандидати објавија дека поднеле кандидатура за прв човек на општината.

Актуелниот градоначалник, Илија Јованоски, неодамна се заблагодари на членството и истакна дека тој ќе биде кандидатот на владеачката партија.

Конкуренција му е поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој исто така поднесе кандидатура и ја напушти раководната функција директор на Царинската управа.

Од пред два дена Сугарески се врати на неговото работно место во општина Прилеп, а и тој како Јованоски е сигурен дека ќе ја добие внатрепартиската битка и ќе трча за прв човек на Прилеп.

Според претходно најавеното, втората тура имиња за кандидати за градоначалници СДСМ ќе ја објави кон крајот на август.

Што мислите вие, кој од овие двајца кандидати е посоодветен да ја трча градоначалничката трка во октомври?

Пpeтpec во пpилепcко: Еве што e пpoнajдено и одземено од cтpaна на полициjaта

Денеска (14.07.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории во с.Житоше кај И.А.(43).

При претресот се пронајдени и одземени еден пиштол „Роси“ калибар 22 мм, пет кypшуми 22 мм, 12 кypшуми калибар 7,62 х 25 мм, еден сигнален пиштол и една рамка за пиштол „црвена застава“ М-57, за кои не поседувал дозвола.

По документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со opyжје или распрскувачки материјали” по чл.396 од Кривичниот законик.

Двата автомобили “Пежо 3008” од нагpaдната игpa “Двojна шанca” на Sport Life стигнaa кaj cреќните добитници (Фото)

Натпреварот на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008” траеше нешто повеќе од 2 месеци, а на најуспешните првопласирани типувачи им донесе по еден СУВ од марката „пежо 3008“.

Лојалноста и редовноста во игрите му се исплатеше на Трајан Јордановски од Струга кој го оствари највисокиот вкупен погоден коефициент на тикет, за главната премија – „пежо 3008“. Вториот победник и освојувач на другото пежо од „Двојна шанса“ е Сашко Јанковски од Делчево, кој исто така погоди највисок вкупен коефициент, но во конкуренција на тикетите со еден промашен натпревар.

Со само 20 денари влог, добитникот од Струга успеа да освои добивка од 281.314 денари, најголема досега за него, и да оствари највисока добитна квота од 14.065,69 за главната премија „пежо 3008“.

„На уплатното место каде што го креирав добитниот тикет кој ми го донесе „џипот“, го имав уплатено второто ливче воопшто. Беше тоа во летото 2005 година кога првпат се отвори локалот, што значи дека сум еден од најредовните обложувачи, ако не и најредовен. Претходно бев во игра со тикет со добивка од 1,5 милион денари, но паднав на „кец“ во дербито меѓу Барселона и Атлетико. Не изгубив надеж, па среќата ми се насмевна кога ставив минимален влог.“, ни раскажа Трајан.

Како редовен играч, тој учествувал и во типстер купот од минатата сезона кога се доделуваше стан на Водно. Тогаш бил многу блиску до целта, но без успех. Сепак, не се откажал и продолжил да учествува во игрите на Sport Life. Оваа сезона, лојалноста му се исплати двојно. Покрај паричната добивка од околу 4500 евра си понесе и клуч од пежото 3008.

Вториот добитник, Сашко Јанковски од Делчево беше најдобар во категоријата на тикети со еден промашен пар. Toj, уште на почеток од натпреварот составил тикет со коефициент од 635.212,05, но добивката од неверојатни 2,5 милиони денари му избегала поради еден гол. Имено, дуелот меѓу Баер Леверкузен и Келн, на кој типувал ГГ3+, завршил со резултат 3:0 и го оставил нашиот играч без рекордна добивка, но сепак со адекватна замена.

„Ќе ми беше тоа најголема добивка, бидејќи досега сум немал добитен тикет со повеќе од 60.000 денари. Но, и вака е добро“, вели Сашко, кој учествувал во сите досегашни акции на Sport Life. Неговата порака до останатите обложувачи е: „кој игра тој и добива“, што значи дека треба да се биде упорен, но воедно и да се игра одговорно.

Покрај честитките, на двајцата најуспешни типувачи, Sport Life им посакува многу среќа и добивки и во иднина, бидејќи Sport Life постојано воведува нови акции, со интересни игри и атрактивни добивки. Најновите  информации следете ги на www.sportlife.com.mk

Големо отвapaње на екcклyзивниот комплекc “Голд Фелициа”: Битола и peгионот добиваат виcтинcко изненадyвање

Викендов Битола и регионот го добиваат ексклузивниот комплекс „Голд Фелициа“, кој на едно место ќе понуди казино, ресторант, хотелско сместување и кабаре, а веќе првиот ден по свеченото отворање доаѓаат и првите музички гости!

Во недела на 18. јули со почеток во 20. часот, настап на фантастичниот ОК Бенд кој ни доаѓа од Србија!

Влезот за сите посетители е слободен, но бројот на места е ограничен, па затоа побрзајте и резервирајте го своето место на 076-942-600 или 071-333-368!

Искористете ја оваа можност, уживајте во звуците на ОК Бенд, добриот пијалак и останатите уникатни можности кои ги нуди само „Голд Фелициа“.

Изненадувањата не застануваат тука, па очекувајте уште голем број на музички настани кои тимот на „Голд Фелициа“ ги подготвува за Вас.

Прекрасно летно освежување: “Вози вози ме” е најновото музичко достигнување на Филип Николоски од Прилеп (Видео)

Taлентираниот млад пејач од Прилеп, Филип Николоски има нова песна и видео спот

Се работи за прекрасен летен хит кој ќе претставува одлично освежување на музичката сцена. “Вози вози ме” е втора песна на Филип и само неколку часа откако беше објавена предизвика голем број позитивни реакции кај публиката.

За своето најново музичко достигнување Филип вели:

“Песната, исто како и претходната, е во договор со Рубин Димкоски, со кого решивме да направиме нешто малку поразлично.

Аранжманот и музиката се дело на маестро Рубин Димкоски, а текстот го напиша Душко Темелкоски. Бек вокалите ги отпеаја Викторија Стојческа, Маја Црвенкоска и Рубин Димкоски, а за прекрасниот видео запис се погрижија од “Фан продукција – Зоран Пилoски”.

Снимавме на две локации, едната е вештачкото езеро, и на патот Прилеп-Витолиште. Ова е втора моја песна по ред и во иднина се надевам на уште убави проекти, песни, па ако даде Господ и албуми и концерти”.

Во продолжение уживајте во “Вози вози ме”:

Денecка е Св.Koзма и Дамjaн, пpaзник на големите гocподови лекapи

Свети бесребреници Козма и Дамјан се празнуваат денеска

Овие големи господови лекари имаат два празника во текот на годината. Освен што нивниот спомен се празнува на 14/1 јули, исто така се празнува и на 1/14 ноември, кога тоа се прави со домашни служби, со чекање гости и со други свечености.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат.

Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето.

Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. БСе упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

3aeв обjaви 30 имиња за гpaдонaчалници, евe зa кoи oпштини

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва ги обелодени имињата на првите неколку кандидати за градоначалници на престојните локални избори кои беа утврдени на седница на извршниот одбор на партијата.

Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Скопје повторно ќе влезе во трката за татко на главниот град.

За Арачиново повторно е кандидирана актуелната градоначалничка Миликије Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков.

Во Вевчани во трката ќе влезе Сашо Јанкоски, Виница- Ивица Димитров, Градско- Роберт Бешовски, Делчево- Горан Трајковски.

За Демир Капија битка ќе бие Лазар Петров, за Дојран Анго Ангов, за Зелениково Борче Гиевски, за Карабинци Јордан Насев, за Кисела Вода Филип Темелковски, за Конче Благој Илиев.
Кандидат на СДСМ за градоначалник на Крушево е Томе Христоски, за Маврово Медат Куртовски, за Лозово Ацо Велковски, Новаци Љубе Кузманоски, Охрид Константин Георгиевски.

Се додека не се донесе нов закон, граѓаните ќе плаќаат 18 наместо 5% ДДВ на сметките за струја

Се додека Собранието не ги донесе потребните законски измени за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто, домаќинствата ќе ги плаќаат сметките со постојната ставка на ДДВ од 18 отсто која е сега на сила, потврди денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Се додека Предлог законот не помине на Собрание и не се објави во Службен весник важи постојното законско решение, а тоа е дека сметките ќе доаѓаат со ДДВ од 18 отсто што е сега на сила. Штом ќе помине законот во Собрание, од денот на неговото донесување ќе се пресметува 5 отсто ДДВ за домаќинствата за потрошена електрична енергија – прецизира Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека се разгледува можноста со пратенички амандман да се побара намаленото ДДВ да важи од 1 јули како што е првично определено во законското решение.

-Од формално правен аспект ќе се разгледува дали е возможно да се спроведе во пракса такво решение доколку има таква опција. Прашање е на време и на постоење на правна можност дали тоа може да се спроведе и да се реализира – рече Бесими.

Според него, јасна е намерата на Владата за намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто и целта ќе се постигне.

-Прашање е на денови или на недели кога законските измени ќе бидат усвоени во Собранието. Апелираме да има разбирање и колку што е можно побрзо овој закон да помине во Собрание, но секоја дискусија е легитимна и имаме разбирање. Сепак, ова е едно од прашањата кое има директно влијание кај граѓаните и сметаме дека процедурата треба да се заокружи колку што е можно побрзо за сметките да доаѓаат со намалено ДДВ од 5 проценти – порача Бесими и ги повика пратениците што е можно побрзо да го донесат законското решение, затоа што, како што рече, е директен интерес на граѓаните.

Џамбазов opигинален: “Облече” кocмoнayтcки костим, па му одговори на Трифонов

Нашиот шоумен Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил се пошегува на сметка на Слави Трифунов, откако тој изјави дека ќе аплицира за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција и ќе испрати маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА, па потоа и додаде дека ќе вклучи и еден северномакедонски астронаут.

– Ги повикувам сите колеги астронаути, утре во 17 часот да се чекаме пред вселенската станица Ќустендил, за да го одработиме првиот тренинг, напиша Џамбазов и објави урнебесна фотографија.

Слави Трифонов и Игор Џамбазов се познаваат лично своевремено му беше гостин во неговата емисија.

Kaко во филм: На битолчанец од гapaжа му yкpaле “БМВ” и “Пopше кajман”

На 12.07.2021 во 10.15 часот во СВР Битола, А.Х.(58) од Австралија приjaвил дека во периодот од 23.02.2020 до 12.07.2021 од неговиот дом на ул.„Борис Бастеро“ од неговата гаража биле одземени патничките возила „порше кајман С“ и „БМВ“, двете со битолски регистарски ознаки – објави порталот “Шеталиште”

Фото/илустрација

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Битола.