дома блог страница 1970

Со желба, љубов и посветеност бидува се’: 3аборавено место кое прерасна во еден од најпосетуваните манастири во околината на Прилеп (Фото/Видео)

Манастирот Св. Илија Писокал се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на прилепскиот дел од Мариово, веднаш после превојот Слива на оддалеченост од 18 километри од Прилеп.

Изминатите години благодарение на трудољубивоста, посветеноста и силната желба на црковниот одбор, ова место од запуштено прерасна во прекрасен манастирски комплекс кој е посетуван од илјадници верници во текот на годината.

Највесело е за манастирските слави, особено за Св. Константин и Елена и главната манастирска слава на Св. Илија. Изминатите години на овие денови гостуваат врвни музички имиња кои приредуваат незаборавни семакедонски забави.

Така ќе биде и за овој Илинден, кога посетителите ќе ги забавува Влатко Миладиноски.

Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители.

Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака.

По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”.

За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

Бог го оплеменил ова место со неверојатни пејсажи, многу зеленило и сенки кои се магнет особено во летните горештини.

Манастирот има конак со соби, опремени за ноќевање, има трпезарија и кујна за подготовка на храна за слава за над илјада луѓе.

Управата на манастирот во соработка со фирми постојано изнајдува средства за дополнително разубавување на просторот во и околу храмот.

Се изѕида ограда, се посади зеленило, се изгради камбанарија, направија дури и мало вештачко езеро, поставија прекрасна настрешница на патот, јарбол со македонското знаме, го поплочија дворот, успеаа да обезбедат асфалтирање на патот до манастирот и да донесат струја… и што ли уште не.

Со цел да не заборавиме некој нема да ги споменеме со име, туку ќе ве упатиме на Фејсбук страната од манастирот, каде подетално можете да се запознаете што се’ прават овие луѓе, и колку успешто и со колкава желба се вложуваат речиси секојдневно.

Решена е дилемата: Македонскиот репрезентативец потпишува за Галатасарај (Видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓијан Алиоски договорил трансфер во Галатасарај, објавија попладнево неколку турски медиуми.

– Додека „жолто-црвениот“ тим бараше лев бек за следната сезона, многу имиња се најдоа на дневен ред. Галатасарај се состана со имиња како Курзава, Рикардо Родригез, Алиоски. На крајот, изборот паднал на Македонецот. Договорот за трансфер е готов, пишуваат тамошните медиуми.

Алиоски во Галатасарај доаѓа од Лидс. За премиерлигашот тој постигна 22 гола и направи 16 асистенции на 162 натпревара.

Потврден прв случај на птичји грип во Кина

Експертите веруваат дека птичјиот грип се јавува во ретки случаи.

Еден случај на инфекција со птичји грип X5H6 е потврден во КИНА. Инфицираниот маж (55) бил префрлен во болница, а локалните власти ја отстраниле живината во близина, пишува Ројтерс.

Властите тврдат дека не постои опасност од ширење на виpycoт.

Mopaчанин од кoaлициjaта на СДСМ: “Cтpyjaта не треба да биде евтина” (Видео)

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалициониот партнер на СДСМ, од собраниската говорница истакна дека струјата не треба да биде евтина, односно граѓаните треба да плаќаат поскапа електрична енергија.

-Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не требада биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, рече таа.

Бopиcoв: “Ако Бyгapин и Maкедонец појдат на Мeceчината, ќе се иcпокapaaт кој прв стапнал” (Видео)

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов направи телевизиско шоу за време на брифингот со новинарите, два дена по повторените парламентарни избори на кои неговата ГЕРБ беше тесно поразена од „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов.

Слави дај им места на 40 министри, по еден на шумите, водите, судиите, обвинителите, полицајците, пожарникарите…, го советува Борисов новиот број еден политичар во државата.

Бојко влезе на брифингот и беше пречекан со силен аплауз од неговите сопартијци.

Аплауз! Шоу!, рече Бојко и се загледа во својот „идиот“ како да е поставен пред камери и како да чита од сценариото наменето за водителот со што го исмеа Трифонов.

Ама полесно се води шоу, бе. Зборуваш глупости, луѓето ти аплаудираат. Имаш платена публика и ти плескаат. Важно е да си имаш шоу, не е важно кој те гледа.

Запрашан за вселената која е дел од изборната програма на Слави, Бојко си замисли каква борба ќе настане кога на Месечината ќе стапнат Бугарин и Македонец.

Замислете, кога ќе стапнат на Месечината Бугарин и Македонец, кој ќе стапне прв, кој ќе завладее? Замислете каква борба ќе настане, а сега очекувате да ви одговорам дали ќе се договорат партиите за предлогот за Влада. Треба да си понесат одговорност – истакна Бојко Борисов.

Тој им порача на луѓето да се вакцинираат додека има вакцини и не ги фрлиле во канал, а за претседателот Румен Радев рече:

-Ако го оставите народот на Румен Радев, стотици милиони беа потрошени за избори. Ќе нема повеќе пари за лекарите, за медицинските работници, ќе нема ниту за социјалните случаи. Ако не однесете во трети избори, тогаш ништо нема да значи тоа што ќе му се случи на ГЕРБ. Таков ни е наравот на Бугарите. Навечер пиеме, пееме убави песни, а наутро не знаеме дали сме за срам или за слава. Читајте го Ботев! Тој пишувал за денешното време.

Борисов додаде дека ГЕРБ веднаш ќе го врати мандатот доколку им биде даден, затоа што сакаат да бидат силна опозиција.

Има 6 видови на дебелeeње – пpoверете на кoja гpyпа пpипаѓате и што значи тoa

Од дебелина која е едноставно предизвикана од преголем внес на калории, до дебелина предизвикана од слаб метаболизам или реакција на глутен- во причината лежи и решението.

Не е секое дебелеење исто, како што не се исти ниту неговите причини. Поголемиот дел од луѓето имаат променлива тежина во текот на животот- од послаби до подебели фази. Но, токму оној дел од телото каде салото се „фаќа“ укажува и на вистинската причина на дебелеењето.

Научниците идентификуваат шест различни предизвикувачи на дебелеењето.

1. Неактивност

За овој тип е специфично дебелеењето во горниот дел од телото – од колковите па се до лицето. Причината, освен она очигледното, е внесување на премногу калории, седечки стил на живот и премалку движење.

2. Дебелеење поврзано со храната

Во овој тип на дебелеење килограмите првенствено се фаќаат околу половината. Тоа е показател за прекумерното уживање во нездравата храна – продукти полни со шеќер, сол и масти.

3. Дебелеење поради тегоби

Во третиот тип на дебелеење, мастите прво и најмногу се таложат на подрачјето од горниот дел на стомакот до колената, а на удар се и нозете и задникот. Според експертите, најчест предизвикувач е повременото прејадување, но и тегобите и депресијата. Имено, телото во таква состојба е во „приправност“ и на тие подрачја складира резерви. Почесто е кај жените.

4. Венски проблеми

Венската циркулација е една од причините за дебелеење која во својата основа е зависна од генетиката повеќе од животните навики. Кај собирањето на сало исклучиво во подрачјето на стомакот голема улога играат гените. Со намален проток на крв низ тоа подрачје доаѓа до забавување на метаболизмот. Работата ја влошува и уживањето во алкохолот, а вежбањето е единствено решение.

5. Атерогенско дебелеење

Содржината продолжува после огласот

“Ослободете се од простатитисот и срамот во кревет, за 7 дена животот ќе ви се промени! ”
Sponosored by MonadPlug
Кај ваквиот тип на дебелеење, вишокот се прима на долниот дел на телото, од задникот до нозете. Причината е исто така генетска и се сведува на лоша циркулација, а се зголемува и поради животните навики – премалку сон, помалку движење. Може да дојде и до отекување на нозете. Треба да се одбегнува кофеин и алкохол.

6. Глутенско дебелеење

Во овој тип на дебелеење каде салото се собира од градите до колковите, како и по задната страна на грбот. Најчеста причина е лошата реакција на глутен. Почеста е кај жените, а се појавува и во периодите на хормонални проблеми.

Ceга и официjaлно: Бojко Бopиcoв ги загyби избopите во Бyгapиja, еве кој колкy пpaтеници ocвои

Откако вчера соопшти дека сите гласачки ливчиња се преброени, а победник е партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ со 24,08 проценти од вкупниот број на гласови, денеска Централната изборна комисија ја објави и официјалната распределба на пратенички места.

Според резултатите објавени вчера, партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-УДФ – 23,51 отсто, БСП – 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ – 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) – 10,71 отсто, коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,01 проценти.

На гласањето во странство, најмногу гласови освои партијата „Има таков народ“ – со 35,64 проценти, следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС – со 17,49 проценти.

Партијата „има таков народ“ на Слави Трифонов освои 65 пратенички места. Следува коалицијата ГЕРБ-УДФ, која ќе има 63 пратеници во новиот парламент. Третата политичка сила на изборите, коалицијата БСП за Бугарија, доби 36 пратеници.

Коалицијата „Демократска Бугарија – обединување“ („Да Бугарија“, ДСБ, „Зелено движење“) ќе брои 34 пратеници.

Движењето за права и слободи – ДПС, доби 29 места. И „„Исправи се! Мафијата надвор! ” – 13 пратенички места.

Вкупно на изборите гласале е 2. 766.426 гласачи. „Има таков народ“ освои 657.829 гласови, а втората „ГЕРБ – УДФ“ – 642.165 гласа.

Излезноста на овие избори беше рекордно ниска.

Од yтpe вpнежи и пад на темпepaтypите

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час и услови за појава на град.

Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

УХМР потсетува, во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Според прогнозите, утре утринската температура ќе биде од 13 степени во Берово до 23 во Демир Капија, а дневната од 31 во Берово до 38 во Гевгелија.

Од сабота до среда утринските температури ќе се движат меѓу 13 и 22 степена, а дневните од 27 до 37 степени.

Eypeка, откpиeнa тoплa вoдa! Cпopeд Бoчвapcки пaтapини cмe плaќaлe зa дa имаме мoдepни пaтиштa

Патарини на автопатите се плаќаат за да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме, за да бидат во добра кондиција, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

– Токму поради наплатата на патарините и токму поради тоа што развојот на инфраструктурата во државата ни е еден од клучните приоритети веќе работиме на целосна реконструкција и проширување на автопатот Тетово – Гостивар. Се работи на проектирање на новата траса Тетово – Гостивар која што ќе биде траса за едниот правец, а постојната ќе остане за другиот правец. Владата има во план целосна реконструкција на овој автопат којшто ќе биде и покомотен и побезбеден, рече Бочварски во одговор на прашање при денешниот увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово.

Заради тоа, додаде тој, важно е да се плаќаат патарините заради тоа што во овие четири години реконструиравме, рехабилитиравме и изградивме преку илјада километри патишта во државата.

– Кога ќе се реконструира тој автопат постојното решение ќе биде целосно во едниот правец од Тетово кон Гостивар, а другата траса која што ќе биде изместена, нема да биде паралелно со овој пат, ќе биде од Гостивар кон Тетово. Секако дека и тогаш ќе се плаќаат патарини заради тоа што по Законот за јавни патишта во државата на сите автопати се плаќа патарина по такса која што е утврдена со закон. Тоа е исклучиво само заради аспектот да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, да можеме при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси и почесто да ги реконструираме за да бидат во добра кондиција заради тоа што патиштата се лицето на државата и за нашите граѓани и за оние коишто влегуваат и транзитираат низ Република Македонија, потенцира Бочварски.

УЕФА одлyчи: Ова е нajyбавиот погодок на Евpoпcкото пpвенcтво (Видео)

Погодокот од половина терен што чешкиот напаѓач Патрик Шик го постигна на натпреварот против Шкотска е прогласен за најубав гол на ЕУРО2020, соопшти вечерва Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Голот на Шик доби речиси 800.000 гласови во изборот на официјалниот сајт на УЕФА на кој фудбалските навивачи одлучуваа меѓу десет голови номинирани од техничката комисија на УЕФА.