дома блог страница 1965

Градоначалникот, заменикот и цели jaпонски фамилии со “Напред Македонија” ги пречекаа нашите олимписки спортисти (Видео)

Градоначалникот, заменикот, претседателот на локалниот Организациски комитет, како и обични граѓани од јапонскиот град Чигасаки каде се сместени нашите олимпијци, ги поздравија со видео порака каде на македонски порачуваат “Македонија, Македонија, напред”.

Oлимписките игри во Токио започнуваат на 23 јули, а Македонија ќе ја претставуваат 8 спортисти во различни спортски дисциплини.

Секоја чест за одличниот потег на Јапониците!

Се јавија од општина Струмица: Никој не “пинал малко” при изградбата на новиот кружен тек, причината е друга

Заради големиот број на реакции од страна на јавноста, а како транспарентна и отчетна Општина го даваме следното објаснување за потребата за изградба на крстосница со такво сообраќајно решение – велат од општина Струмица.

Во продолжение интегралното соопштение од општината, откако социјалните мрежи зовреа со коментари за новиот кружен тек во градот.

“Прво, станува збор за проект кој не е завршен и е во тек на реализација и ова не е неговиот конечен изглед.

Второ, станува збор за асиметричен кружен тек направен врз основа на проект изработен и одобрен од сите надлежни институции и стручни лица.

Трето, потребата таквиот кружен тек да има асиметрична поставеност е воведување на посебни ленти за десно свртување од булеварот „Ленинов“ кон улицата „24-ти Октомври“ и од „24-ти Октомври“ кон излезот на Струмица, а чија потреба за воведување е резултат на претходно извршени броења со користење на софтвер за броење на проток на возила кои сообраќаат во многу поголем број од централното градско подрачје во правец кон улицата „24ти Октомври“ и од неа кон излезот на градот.

Ја замолуваме јавноста за трпение проектот целосно да се заврши, по што ќе има време да се види неговата функционалност и намена.

Реализацијата на проектот беше на барање на сите граѓани заради големиот број на сообраќајни несреќи и загушувања кои постојат на таа крстосница за што и во прв план ја имавме практичноста и функционалност, а не неговата симетрија”.

“Пина малко”: Новиот кружен во Струмица е доказ дека гајба пиво на работниците се дава кога ќе доработат (Видео)

A ние одма помисливме дека било вака…

Шaxпacка: Пензиите ќе пpoдолжат да pacтат, годинава пopacнаа за 300 денapи

Има сериозни реакции околу последното зголемување на пензиите во јавноста, но и ние сме свесни дека усогласувањето е мало и недоволно. Лошо е да давате ветувања кога има пандемија во светот и кога не знаете во кој правец таа ќе се движи, но одговорно тврдам дека оваа власт ќе ги испочитува законските решенија. Пензискиот фонд е стабилен, приходите во него се поголеми од претходната година, а пензиите ќе продолжат да растат, рече вечерва министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа потсети дека исплатата на пензиите е редовна, а пензионерите двапати во годината го добиваат законското усогласување според порастот на трошоците за живот.

– Да, ние сме свесни дека е малку, но усогласувањето ќе продолжи и во наредните месеци. Би била најсреќна кога би можела да ја зголемам пензијата не со 1,2 отсто колку што е усогласувањето со трошоците на живот, туку во исто време да го направиме усогласувањето и со порастот на минималната плата за 15 проценти и просечната плата за пет отсто кумулативно во исто време, кога БДП би бил над 4,1 отсто. Сакам да испратам една порака до пензионерите – и во услови на пандемија сакаме да гарантираме почитување на законите, да ја гарантираме извесноста на која пензионерите треба да сметаат. И во услови на пандемија успеваме да ја гарантираме извесноста на пензиите. Нивната исплата е редовна и се исплаќаат предвреме, напомена Шахпаска во гостување на ТВ Сител.

Во јануари, дополни министерката, имаше пораст за 1,2 отсто и сега во јули повторно 1,2 процента што е 300 денари кои пензионерите ќе ги добиваат секој месец, до крајот на годината.

Трикови како да изберете најубава лубеница на пазар

1. Убавината е важна

Бидете во потрага по цврста и симетрична лубеница без пукнатини, вдлабнувања или меки делови на кората.

Без разлика на тоа од каква природа се оштетувањата на надворешноста на лубеницата, истите се пренесуваат и во внатрешноста. Неправилностите настануваат во текот на растењето на лубеницата како резултат на недостаток на вода или пак претерана изложеност на сонце.

2. Подигнете ја

Зрелата лубеница дури 92% е составена од вода и околу 6% шеќер. Тоа значи дека кога ќе ја ставите во вода таа со многу мал дел ќе плови на површината на водата, но секако дека нема да одите на пазар со кофа вода.

Најдобро е да земете две лубеници со приближно еднаква големина и да ги споредите во тежина. Онаа потешката е и послатка.

3. Проверете го делот каде што е потпрена лубеницата

Делот каде што е потпрена лубеницата треба да има жолтеникава боја. Тоа е делот каде лубеницата лежела на површината на земјата додека созревала на сонце. Што е местото потемно, тоа подобро. Ако е бледо или воопшто не постои, тогаш лубеницата била набрана прерано.

4. Боја

Совршено зрелата лубеница е темно зелена и матирана. Ако е сјајна, постојат поголеми шанси да биде помалку блага.

5. Чукање

Многумина велат дека не успеваат со оваа метода да откријат дали лубеницата е зрела или не, но тајната е во анализирањето на звукот. При чукнувањето незрелата лубеница има подлабок тон, а зрелата повисок.

“Првоодделенците ќе учат по нова наставна програма од септември”

Од септември првоодделенците ќе учат по нова наставна програма за што привршува подготовката на материјалите за учење. За предметот природни науки во тек е печатење на нов материјал на чија изработка работеа авторките: Билјана Лазареска, Биљана Стојановска, Соња Кирковска, и Нела Слезенкова Никовска.

„Создадовме прекрасен материјал кој ќе биде интересен и возбудлив за учениците, бидејќи тие се најсреќни во училницата кога изведуваме експерименти и кога имаат пред себе наставен материјал кој е шаренолик и богат со илустации”, вели авторката Билјана Лазареска.

Според Лазареска содржината на материјалот е разбирлива за учениците, а целта е преку активности и игри да се воведуваат во наставната материја и да ги разберат аспектите на родова еднаквост, интеркултурализмот, инклузијата, заштитата на животната средина, почитувањето, правата и слично.

„Се надеваме дека овој учебник ќе овозможи еден поинаков пристап во наставата и ќе ги зголеми компетенциите на знаења, способности, вештини и ставовите. Ќе им овозможи на учениците учење со разбирање кое помага во развој на критичкото размислување и креативноста, што е и целта на самите реформски процеси”, вели Лазареска.

Имплементацијата на новата Концепција, која МОН ја изработи во соработка со Бирото за развој на образование, стартува од новата учебна година во прво и четврто одделение за што се развиваат и изработуваат материјали за учење кои се целосно усогласени со новите наставни програми. Промените ќе се прават етапно, а целосната имплементација на реформата во деветолетката се очекува да заврши за 5-6 години.

Новите материјали за учење се изработуваат во координација со БРО, а исто така материјалот го разгледува и рецензентска комисија и универзитетски професори, велат од министерството.

“Дали замина Пивофест во историja?”

Фејсбук статус на екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст:

-Традиционално, првиот викенд после празникот Петровден, во градот под Марковите Кули се случуваше најголемиот настан во историјата на градот и Македонија -ПИВОФЕСТ…

– Фестивал за кој немаше бариери, рушејќи рекорди невообичаени за Македонија, фестивал кој за 4 дена со над 350.000 гости во просек влезе во картата на Светските фестивали за пиво… и стана еден од најпрепознатливите туристички брендови во овој дел на Европа..‼

– Во градот и Македонија тие фестивалски денови се слеваа гости од целиот свет, а градот неколку месеци пред тоа се спремаше за прием на истите…

– Нашите иселеници секогаш планираа годишниот одмор да им се поклопи овие денови со пивофестот…
Градот денови и недели беше преполн со гости, а хотелите и приватните сместувања беа резервирани неколку месеци претходно…

– Еуфоријата траеше пред фестивалот, но и по него, со анализи, впечатоци и очекувања за наредниот….

– Економскиот бенефит беше огромен за градот и чаршијата, а на сите балкански музички ѕвезди и пошироко им беше престиж да се пофалат дека биле дел од овој фестивал, рушејќи рекорди во нивните кариери по број на посетеност на нивните концерти…
Музика имаше за сите вкусови, но и рекорди во испиено пиво и изедена скара…

– Многу млади луѓе со ангажманот на пивофестот зарабoтуваа сопствен буџет за одмор, школување, прошетка, и сл…

-Пиварите имаа одлична промоција на своите пива и новитети на преубавите штандови, но и многу пропратни манифестации кои ги носеше самиот фестивал: aлтернативни бини, кампинг, модни ревии, промоции, семинари, натпревари, бинго, лотарија, хостеси, жонглери, огномети, пивски точак и воз, запросувања, прошетки на културно историски знаменитости, манастири и сл… едноставно фестивалот беше обвиен со магична еуфорија …

❗ПИВОФЕСТ го правеше Прилеп и Македонија центар на балканот тие денови!
По примерот на прилепскиот ПИВОФЕСТ многу градови во Македоија поучени од огромната посетеност и промоција почнаа да прават свои фестивали,но никогаш не го достигнаа…поточно пивофестот беше еден и единствен-пионер во развојот на една нова и сеуште непозната туристичка гранка во државава-фестивалски туризам!!!

П.С. Традицијата и убавите работи треба да се продолжуваат и надоградуваат, а не да се забораваат и уништуваат, тоа не е коректно за сегашните и идни генерации!

?Пивофестот ќе ги надживее сите, па и овие…

?П.С. Потсетување кои се големи музички имиња биле дел од Пивофест:
✔Македонски: Есма, Кирил Џајкоски, Влатко Стефановски, Суперхикс, Каролина Гочева, Кајмакоски, Слаткаристика, Драган Мијалковски, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Гоце Арнаудов, Ареа, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Тијана, Тамара, Калиопи, Сузана Спасовска, Сroassroad blues band, ДНК, Блага Петреска, Нокаут, Владо Јаневски, Синтезис, Фолтин, Баклава, Влатко Илиевски, Сузана Спасовска, Игор Џамбазов,Елена Велевска,Гавазова…..
✔Балкански: Бреговиќ, Чолиќ, Цеца, Брена, Северина, Оливер Драгојевиќ, Џиновиќ, Емина Јаховиќ, Џеј, Бешлиќ, Лукас, Ковачевиќ, Д.Мерлин, Мартиновиќ, Цетински, Ван гог, Психомодопоп, Сарс, Дубиоза, Колектив, Ж.Самарџиќ, М.Илиќ, Парни Ваљак, Грашо…
✔Странски:2CELLOS,INNА, Fly project, Nastia Zoloto,Joke,Bang La Deck,Raphael,The Toasters и многу други алтернативни светски бендови и познати DJ…

Костадинов: “Ние ја укинавме радиодифузната такса”

Пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов на на прес-конференција потсети на сите добрини што им ги приредил СДСМ на граѓаните во двата мандати. Костадинов го стори тоа напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на радиодифузната такса и против воведувањето на дневна евтина тарифа на струјата.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на проектот Мој ДДВ а преку овој проект за две години вративме 36 милиони евра назад кај 400 000 граѓани.

Минималната плата е покачена од 9.000 денари, на 15. 200 денари, просечната плата за само 4 години ја зголемивме за 6 000 денари. Да потсетиме, првите соработници на Мицкоски се противеа на зголемувањето на минималната плата.

Покачени се платите во сите сектори, во здравство, во образование, полиција, во армијата, во социјалната и детска заштита.

Пензиите во просек се зголемени за 2.000 денари за четири години. ВМРО-ДПМНЕ како власт не ги исплаќаше законските усогласувања, а како опозиција се противеше на зголемувањето на пензиите. Социјалната помош е зголемена за 300%, а трајно е решен проблемот на 13.000 стечајни работници.

Во последниве година и половина, изгласавме шест пакети мерки кои Владата предводена од СДСМ ги креираше за спас на работните места, за враќање на парите кај граѓаните во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра. 26,8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички преку мерката „купувам домашно“;

Преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани. Токму ова значи враќање на парите назад кај граѓаните, рече Костадинов.

Бeнзинитe oдново пocкапyвaaт, дизелот пoeвтинyва

Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61 денар за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,299 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,018 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот за 1,717 отсто и кај дизелот за 0,886 отсто, како и за 0,123 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

– Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за два денара за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, велат од РКЕ.

Жена застанува на чело на HATO: Koлинда нajcepиозен кандидат?

Во Брисел и другите сојузнички метрополи официјални лица, дипломати и аналитичари сметаат дека е крајно време за 72 години на НАТО, на чело на Алијансата за прв пат да биде назначена жена.

Во тој правец има и размислувања дека, со оглед на постојаните тензии со Русија, изборот на источно-европски дипломат ќе испрати важен сигнал до Москва.

Во тој правец веќе „се вртат“ три имиња на потенцијални кандидатки: Поранешната хрватскa претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, литванската претседателка Далија Грибаускаите, како и сегашната естонска претседателка Керсти Калулаид.

Грабар-Китаровиќ, прва жена претседател на Хрватска од 2015 до 2020 година, има предност бидејќи веќе работеше во седиштето на НАТО како помошник генерален секретар за јавна дипломатија од 2011 до 2014 година.

Таа одигра клучна улога во успешната кандидатура на Хрватска за членство во ЕУ и НАТО. Беше амбасадор на земјата во САД од 2008 до 2011 година, што ѝ дозволува да се потпре на силните врски во Вашингтон, а Соединетите држави ќе го кажат последниот збор за изборот на идниот Генерален секретар на Алијансата.

“Пина малко”: Новиот кружен во Струмица е доказ дека гајба пиво на работниците се дава кога ќе доработат (Видео)

Тоа што Струмица добила нов кружен тек не е никаква вест, но вест е дека тој не е поставен во центарот на крстосницата, ами малку – понастрана…

“Пина малко….не е важно”….