Ноќта помеѓу 17 и 18 јули кај село Беловодица прилепско, во заедничка кoopдинирана акциja на прилепcката и кpyшевската шyмcка полициja, paзбиена е поголема група на дpвокpaдци, при што одземено е едно комбе со кое се превезувале нелегални дабови огревни дрва во количина од 5 м3.
Пpoтив cтopителите ќе бидат поднeceни cooдветни пpиjaви.
Од Шумската полициja нajaвyвaaт зacилени контpoли.
На 18.07.2021 во 16.30 часот било пpиjaвено дека на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу товарен воз кој cooбpaќал на релациja Прилеп-Трубарево и патничко возило „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, yпpaвyвано од Е.П.(46) од Велес.
Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Медицинcкиот центар Велес. Извршен бил yвид на местото на незгодата од tвидна екипа од СВР Велес.
Ќе се гради ултра модерна и луксузна приватна болница во Прилеп. Објектот ќе се простира на површина од 1.500 м/2 и ќе биде на два спрата.
Проектот чија изградба треба да започне во септември предвидува ангажирање на врвни доктори од Прилеп и од останатите градови, кои ќе работат во амбулантите за стоматологија, педијатрија и гинекологија.
Покрај тоа во објектот предвиден е и дневен престој за деца, како и ангажирање на стручен кадар за таа намена.
Инвеститорот е од нашиот град, а наскоро ќе следуваат детали за овој нов објект кој значително ќе ја подобри здравствената заштита на населението во Прилеп и регионот.
Денеска околу 15 часот на плажата „Оревче“ во Охрид од удар на гром повредени се вкупно 13 лица, информираат за Телма од СВР Охрид.
На лице место дошла и Брза помош, а четири лица биле однесени во болница со изгореници здобиени од ударот на гром.
Како што информира телевизијата, останатите имале манифестација на тахикардија, уплав и зуење во ушите. Најголем дел од нив се Битола и Ресен. А како што велат од СВР Охрид за Телма дргите сами се јавиле и со свои возила отишле во болница.
Во тек е имплементација на капиталниот проект за изградба и санација на локални патишта и улици во општините, со кој обезбедуваме подобра инфраструктура во општините и го олеснуваме животот на граѓаните, истакна денеска претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски.
„Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата. Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 километри, вреден преку 4 милиони евра. Активно работиме на реконструкција на улици во општините Карпош, Ѓорче Петров, Тетово, Кратово, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Неготино и многу други, се градат улици и патишта како никогаш досега“ , рече Бочварски.
Потсети дека во завршна фаза е вториот повик, за проектот со кој започнува реконструкција на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 километри, со вредност од околу 7 милиони евра, а во тек е подготовка на трет повик, со кој треба да се опфати реконструкција на дополнителни 60 километри локални улици.
„На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 до 2 милиони евра. Тоа се неповратни средства, со кои општините реконструираат улици и патишта, кои се приоритет за граѓаните од нивната општина. До крајот на 2022 година очекуваме да бидат рехабилитирани меѓу 120 и 150 километри локални улици и патишта. Со овој проект, за изградба и санација на локални патишта и улици во општините го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните“, додаде Бочварски.