Доаѓав на работа еднаш неделно, два пати, три пати неделно…платата ми беше 61.000 денари (Видео)

“Сум доаѓала повеќе пати од Нова година на работа, два пати неделно, еднаш неделно, три пати неделно”, а платата и’ била 61.000 денари.

Од вчера на социјалните мрежи одново се споделува интервју старо 3 години, во кој главна актерка е поранешната членка на ДИК од партијата БЕСА, Ермира Асани Салија.

Таа беше актуелна во 2018 година, кога целиот состав на ДИК си поднесе оставки откако јавноста дозна дека си делеле дебели бонуси на платите, но Ермира одлучи да не го следи тој чекор, па беше единствен член на Државната изборна комисија.

Земала плата во висина од 61.000 денари, а како што вели во интервјуто на работа одела еднаш неделно, два пати, три пати неделно…, а причината според нејзе е тоа што немало кој да свика седница.

Фамозното интервју од тогашниот серијал “Проверено” на “IRL” со Асани Салија, можете да го проследите на линкот во продолжение, почнувајќи од 13-та минута:

A најјакиот исечок од интервјуто несомнено е овој:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.