дома блог страница 1948

Пocле “пеколот” cледyва мало paзладyвање и нecтабилнocт на вpeмето

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време.

Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени.

Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

Ако сакаме во Европа, да учиме од Гepманиja! Наследникот на Меркел: “Се чувствувам зacpaмeно за нациcтичkитe злocтopи во Полска”

Кандидатот на десноцентристичката коалиција, и наследник на Ангела Меркел, Армин Лашет, изјави дека се чувствува „длабоко засрамен и понизно“ поради нацистичките злосторства врз Полјаците за време на Втората светска војна.

Амир Лашет, кој ќе биде кандидат на септемвриските избори во Германија, зборуваше за полскиот весник „Зечпосполита“, а делови од интервјуто беа објавени денеска, пред објавувањето на целиот текст во понеделник.

Германскиот политичар рече дека тој лично апелирал да присуствува на комеморацијата за неуспешниот бунт во Варшава во 1944 година против нацистичката окупација, пренесе АП.’

Злосторствата што Германците ги извршија против целата полска нација ме исполнија со длабоко чувство на срам и понизност. „Германија мора секогаш да е свесна за историската одговорност за полската слобода и независност“, додаде Лашет.

Тој го посети споменикот на децата што се бореа во Варшавското востание и присуствуваше на миса и церемонија, каде што говореше полскиот претседател Андреј Дуда.

Извор: infomax

Твитер го блокираше Венко Филипче?

Твитер го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче поради „забележана необична активност“.

На 16-ти месецов профилот на Филипче беше ставен на рестрикција од страна на социјалната мрежа откако, наводно при логирање бил внесен погрешен код за верификација.

Тренерите на Дејан за поканата на Пендаровски: Дејан им припаѓа на сите луѓе во Македонија, неговиот ycпex е надпapтиcки

Вистина е дека не контактираа од кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, добивме покана за Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат предводници на овогодинешната државна церемонија на големиот национален празник Илинден кој ќе се чествува на 2 Август по повод Илинденското востание во Крушево. Исто така Илинден е и голем верски празник. Чест е да се празнува Илинден на било каков начин, тој празник ја обликува македонската револуционерна борба, велат тренерте на македонскиот олимпиец, Борче и Дарко Костовски.

-Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија согласно оваа покана од страна на претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата, но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или било какви други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија.

Според тоа што ни е и најавено, очекуваме Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат повикани на прием во вилата на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

На приемот тој и неговиот тим да бидат соодветно одликувани за овој најголем спортски успех во независна Македонија.

Успехот на Дејан Георгиевски секако е надпартиски, над било какви верски или други разлики, овој историски успех безвременски ќе ги радува и ќе ги прави горди сите луѓе во државата, тој припаѓа исклучиво на Македонија и народот што живее во неа.

За многу години Илинден, да ни е вечна Македонија, велат тренерите.

Kлyчapoт на небото, заповедник на гpмотевиците: Утpe ce cлави Cв. Илиja, пpopoкот кoj пали и гacи на небото и на земjaта

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Големиот македонски празник Илинден кој во свеста на македонскиот народ најповеќе асоцира на славното Илинденско Вocтание и на Крушевската Република, сепак, во својата основа го има свети Илија, лик од христијанската религија кој има значајно место и во народните верувања.

Пророкот Илија живеел околу 900 години пред Исус Христос (поточно е роден во 816 година пред Христа) во местото Тесвит, поради што во Библијата се среќава како Тесвиќанин. Кога се родил Илија татко му Савах видел необичен знак, околу детето имало многу Божји ангели гои го повивале со оган и му давале пламен да јаде. Ова видение таткото го раскажал на свештениците, а еден од нив му рекол да не се плaши зашто детето ќе биде под Божја заштита, зборот ќе му биде силен како оган, животот ќе му биде посветен на Господа и ќе cyди со меч и со оган. Името Илија значи крепост Господова. Целата младост Илија ја минал во молитви, често повлекувајќи се во пустина за да може во тишина да се моли и да размислува.

Во тоа време еврејските цареви се откажале од Божјите дарови и им се приближиле на идолските богови. Најдалеку во тоа отишол царот Ахав со неговата пакосна жена Језавела кои на богот Вал му изградиле храм и го терале народот да му се моли, откако ги позатвориле или иcтепале Божјите пророци и сите оние што му биле верни на Господа. Тогај кај царот дошол Илија којшто му соопштил дека поради неговите гpевови ќе страда целиот народ. „Во овие години нема да има роса, ниту дожд, освен според мојот збор“.(3 Цар, 17/1).

Наместо да се покајат, Ахав и жена му сакале да го yбијат Илија, но Господ го спacил и го испратил кај потокот Хорат спроти Јордан. „… од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму“. (3 Цар, 17/4) Така и се случило, но кога настанала голема суша поради што и потокот пресушил Господ го пратил Илија во сарепта Сидонска кај една жена вдовица што живеела со својот син. Таа била многу сиромашка и кога Илија пристигнал кај неа имала само „грст брашно во ношвите и малку масло во масларникот“, но со негова молитва тоа никогаш не се завршило. Кога по извесно време починал синот на вдовицата Илија се помолил на Господа и тој воскреснал.

По Божја промисла се вратил кај царот Ахав и му предложил да ги собере сите жреци од храмот на Вал и да ги изведе на ридот да се молат за дожд. На ридот се собрал и многу народ, а Илија им рекол најпрвин да направат жртвеник и да се молат секој на својот Бог и кој ќе им даде оган да го запалат жртвеникот во него да веруваат. Жреците со часови го молеле богот Ваал, но без успех. Потоа Илија зел дванаесет камења „колку што се колената на синовите на Јакова“ и од нив направил жртвеник и убаво го потурил со вода. И уште не ја завршил молитвата кон својот Бог кога од небото паднал оган и го запалил жртвеникот.

„И оган Господов падна и ја изеде сепаленицата и дрвата и камењата и земјата и ја голтна водата што беше во копот. Кога виде тоа сиот народ падна ничкум и рече: Господ е Бог, Господ е Бог“. (3 Цар. 18/38-39) Потоа биле истепани сите пророци на богот Ваал. Илија се помолил на Господа и по три години и шест месеци откако земјата испукала и многу луѓе изумреле, повторно паднал спасоносниот дожд. Но поради убиството на лажните пророци Илија пак морал да бега пред бесот на царицата Језавела и да се крие во Божјата гора Хорив. Оттаму се вратил кај царот Ахав и му прорекол лоша судбина дека кучињата ќе му ја лижат крвта и ќе ја изедат царицата. Тоа и се остварило.

Пред крајот на животот Илија за свој наследник во пророкувањето го одредил Елисеј. Кога дошло времето за тоа, Господ испратил по Илија огнена кочија што ја влечеле пламени коњи. Илија седнал во неа и таа се подигнала кон небото, а тој му ја фрлил својата горна облека на Елисеј, пренесувајќи му ја на тој начин дарбата за пророкување. И на иконите и фреските свети Илија е претставен во кочија што неколку коњи ја влечат кон небото. Тој му ја пушта од височина својата облека на Елисеј и со тоа му ја предава и моќта да пророкува. Значи пророчкиот дар се пренесува преку облеката. На други претстави во црквите св. Илија е претставен како седи, а до него стои гавран, оној што го хранел во пустината.

Кога Исус се преобразил на ридот Таор (на Преображение), за да им покаже на своите апостоли како ќе воскресне после смртта, за што ги повел и апостолите Петар, Јаков и Јован, тука се појавиле и Мојсие и Илија (кои одамна биле умрени). Тие зборувале со Исус за тоа што ќе се случи по неговата смpт.

Во чест на пророкот Илија Светата христијанска црква го востановила празникот што се празнува на 2 август според новиот, односно на 20 јули според стариот календар.

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

Младиот џин се обврза на тригодишна соработка со РК Прилеп

Талентираниот Прилепчанец кој на полусезона го засили прилепскиот суперлигаш од редовите на Голден Арт, се обврза на нова тригодишна соработка.

Станува збор за 200 цм висок десен бек, кој со своите осумнаесет години претставува иднина на прилепскиот и македонскиот ракомет.

Претходно РК Прилеп го донесе Жарко Барјактаревиќ и Христијан Милошески, а екипата ги продолжи договорите со Реваз Чантурија, Давор Шокоски, Христи Бикоски и Александар Тренчевски.

Kилометapcки колони возила од Рача до Пештани и Градиште: Oхpид пpeплавен од гocти (Видео)

Охрид е буквално преплавен од туристи во пресрет на празникот Илинден

На популарната Фејсбук страна “Оhrigani” oбјавија видео на кое може да се види километарка колона возила на патот кон охридските плажи.

Градот и плажите се исполнети до последно место. Се чека ред за сендвичи, за кафе, се бара плус паркинг место…

Погледнете ја оваа огромна колона која се простира од населбата Рача, па се до Лагадин и Пештани…

Д-р Беќapoвcки: Пocле пеколните темпepaтypи, следува неконтpoлиpaн pacт на заболени од Koвид-19

Проф. д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, ги предупреди здравствените работници, а и целата јавност, за она што следи во врска со состојбата со коронавирусот во нашата држава.

– По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10 август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на ковид-19 статистиката.

Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно „ќе пливаме“ во сопствената пот, под скафандерите и маските.

Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, пишува д-р Беќаровски.

Пимен pacпали по Пендapoвcки на Фејсбук

Владиката Европски од МПЦ – ОА, Отец Пимен на Фејсбук реагираше на одлуката на Претседателот Пендаровски да не го одбележува Илинден на Мачкин Камен, како што доликува на држава која го почитува својот најголем национален празник.

„Ај да го разберам светот како поле за културен натпревар, ама како да го разберам претседателот шо ќе оди на Мечкин камен на кафе наместо на чествување на непокорот? За мир во куќа, немир во душата на секој Македонец не е опција.“

Отецот реагира на одлуката на претседателот да им се додвори на одредени политички кругови, а како резултат на тоа го вознемири секој еден граѓанин на Македонија, кој го почитува Илинден.

Латас со порака до вмровците: “Останете во автобусот, блиску е излезот од тунелот, наскоро видикот ќе се смени”

Фејсбук статус на Драган Павловиќ Латас

-Слушам и читам тон спинови, лажни вести и лажни профили по Фејсбук, закани со нови апсења и судења…од Бихаќка за уривање на ВМРО.

Мојата порака до вмровците е: останете во автобусот, блиску е излезот од тунелот, има движење и наскоро видикот ќе се смени, напиша Латас на ФБ.