Поранешниот пратеник од коалицијата на СДСМ, инаку некогаш и висок фунционер во НСДП, Љубомир Јосифовски ја почнал процедурата за собраиње на потписи за градоначалник на Град Скопје.
Според информациите кои ги објави ДИК тој се уште ги нема собрано потребните потписи. Покрај него, потписи се уште собира и кандидатката Данела Арсовска.
Веќе собрани потписи има Ана Петровска од инцијативата Скопје ЗХГ, додека на Петре Шилегов не му требаат потписи бидејќи тој ќе биде партиски кандидат на СДСМ, веројатно единствен на овие избори за Скопје.
Покрај овие кандидати, извесно е дека во градоначалничката трка ќе влезе и Петар Георгиевски Камиказа но како кандидат на Левица. Не се знае дали тој ќе собора потписи или ќе се кандидира со печатот на оваа опозициска партија.
Доколку Јосифовски успее да собере потписи, како што сега стојат работите гласачкото ливче во Скопје ќе има најмалку 5 кандидати.
Рокот за собирање на потписи истекува на 30 август.