дома блог страница 1947

Ocмани: Денec е Илинден, важен ден за нашата земja, важен и за Бyгapиja

Втори август – Илинден е важен ден во историски контекст за нашата земја, важен празник преку кој го негуваме значењето на вредностите на Крушевскиот манифест и Асномските заклучоци, кои заедно со Охридскиот рамковен договор ги вреднуваме како столбови во изградбата на нашата заедничка држава. Во современиот контекст, ова е празник кој создава мостови и за внатрешно и надворешно поврзување. Ние сме растени со идејата дека Илинден преставува паметник на заедништвото на народите кои живееле на овие простори, затоа денес со право очекуваме Илинден да прерасне во современик преку кој ќе ги одбележуваме заедничките историски вредности, истакнa во видеообраќањето по повод Илинден, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи посочува дека денес сме исправени пред поинакви предизвици. Нашите стратешки интереси, додаде тој, уште од самото осамостојување на државата, се преточени во нашата амбиција за полноправно членство во Северноатлантската алијанса и Европската Унија. Нагласи дека успехот да станеме 30-та земја членка на НАТО само ја потврдува нашата правилна патека да градиме заедништво и интеграција, следејќи ги вредностите кои ги симболизира и денешниот празник.

-Онака како што преку Охридскиот рамковен договор ја зацврстивме внатрешната интеграција, онака како што преку договорот од Преспа ги надминавме разликите со нашиот сосед Грција, така и преку имплементација на Договорот за пријателство ќе ги надминеме и разликите со нашиот сосед Бугарија, вели Османи.

Илинден, додава тој, е важен ден и за нашите соседи во Република Бугарија.

-За жал во минатото, а неретко и во сегашноста, тоа најчесто преставувало причина за раздор и несогласување, наместо да биде точка која ќе спојува и обединува. Во денешниот современ контекст, наша обврска е, вели Османи од Илинден да направиме токму тоа – точка која ќе нѐ поврзе, празник кој ќе не обедини, историски настан преку чие заедничко одбележување ќе покажеме меѓусебна почит и меѓусебно признание. Изразувајќи почит кон различноста, кон различниот поглед на историските текови, денес преземаме обврска да создадеме современи општествени текови кои ќе овозможат заедничка иднина за граѓаните на двете држави. Преку засилена секторска соработка им овозможуваме на граѓаните, на бизнисите, на уметниците и сите останати општествени чинители да ги надградуваат меѓусебните релации без разлика на политичките разлики. Паралелно, преку работата на мешовитата експертска комисија ќе продолжиме да ги бараме точките кои нѐ поврзуваат, отстранувајќи ги разликите кои не оддалечуваат, посочи Османи.

Додаде дека тоа не е само во насока на предизвик за билатералниот односи со Бугарија, туку како земја во која индивидуалните права претставуваат основа за колективните придобивки. Ние, вели шефот на дипломатијата, изразуваме јасна волја – во општествена, законска, па дури и во уставна смисла – да им обезбедиме на сите оние граѓани на Македонија, кои себеси се чувствуваат како дел од бугарскиот народ, слободно да ја изразат таа волја, почитувајќи го притоа и нивниот различен поглед кон заедничката историја.

-Но тоа на ниту еден начин не смее и не може да прерасне во наметнување на овој поглед врз нашите граѓани кои имаат различна перспектива кон заедничката историја. Посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик претставуваат реалност во секоја смисла, а Македонците, како и сите други народи, имаат право на сопствени чувства, на сопствени убедувања и сопствен поглед кон историските настани и контексти – колку и да се тие заеднички. Затоа е Илинден важен и денес. Затоа што преку одбележување на историските настани кои нѐ поврзуваат, изразуваме почит кон современите посебности. Нека ни е честит празникот!, порачува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Вака некогаш се славеше Илинден во Република Македонија (Видео)

Македонија денеска прославyва 118 години од почетокот на Илинденското вocтание, и одново се потсетуваме на xeројските дела и бopба на илинденците во 1903 година.

На социјалните мрежи денес се шири видео, кое претставува краток исечок од прославата на Илинден во 2010 година.

Навистина прекрасна глетка од Мечкин Камен каде тогаш имало илјадници луѓе.

Вака се славеше Илинден во Република Македонија:

Мицкocки иcпpaти апел за големо обединyвање на Maкедонците и нapoдoт кoj ќе излезе на избopи

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од народот и сме пред прагот на победа, но во исто време предупредувам дека си имаме работа со нечесни луѓе….Го кажувам ова многу внимателно и многу свесно. Затоа разликата на изборите мора да биде што поголема, а да се случи тоа потребно е големо обединување и народ кој ќе излезе на избори, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање во селото Ташмаруништа по повод Денот на републиката.

– Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Но затоа е потребен свесен народ, и политичари кои ќе гледаат подолгорочно од своите апетитите и интереси. Затоа обединувањето во еден блок против Заев ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе. Блок на различни, но со една цел, туркање на оваа власт. Овие локални избори не се само избори вие што мислите за локалните авторите и медиокритети коишто се залегнати во своите фотелји, туку каква порака ќе испратите на тие кои упорно ги кандидираат и ги навредуваат вашиот ум и вашата интелигенција, рече Мицкоски.

Тој појасни обединувањето значи да надминување на разликите во опозицијата.

– Немаме повеќе животи за трошење. На една маса мораме да седнеме сите на кои Македонија ни е важна и таквата подадена рака ќе значи свесен чекор и одговорност спрема народот. Народот ќе ја види разликата. Една прачка лесно се крши, но цел сноб прачки е силен како греда. Затоа тука од Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам порака на обединување, на нешто што е многу повеќе од коалиција за власт, туку обединување на блок, составен од обесправени, жедни за правда и добар живот против власта која ги краде нашите животи и ја одзема иднината. Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против оваа корумпирана и криминална власт и рушење на локалните избори, посочи Мицкоски

За крај, Мицкоски истакна дека Илинден е светост и посебно чувство за секој Македонец.

– Тоа е нашата голгота, без која немаше да има слобода. Нашата карпа врз која ја темелиме нашата куќа Затоа како Македонци, како родољуби се поклонуваме на делото. Македонија е повеќе од земја, тоа е нашата љубов, нашата мајка, нашето семејство. За нејзе вреди се, За нејзе ќе направиме се, посочи Мицкоски.

Голем ден за нашинците во САД: Градоначалничката на Вашингтон го прогласи Илинден за Ден на македонско-американско наследство

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, го прогласи Илинден за Ден на македонско-американско наследство

Во прокламацијата на првиот човек на американската престолнина се вели:

“Денеска Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија.

Mакедонската независност првично беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година.

Историската борба на Македонија за самоопределување е паралелна со денешната борба за државност на нашиот град, која одекнува со македонско-американската заедница во Вашингтон, која стои солидарна со нас.

Вашингтон е горд што ги слави културните традиции, потекло, храна, јазици, историја и огромните жртви на македонската заедница, ние исто така можеме да научиме од бескомпромисните концепти на нивните предци за слобода, независност и еднаквост, кои фундаментално го променија текот на македонската историја и го зајакнаа народот да остави храбро наследство во својата татковина и низ целиот свет:

СЕГА, ЗАТОА, јас, градоначалничка на Вашингтон, со ова го објавувам 2-ри август 2021 година, како „ДЕН НА МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКО НАСЛЕДСТВО“ во Вашингтон.

Tpoгателно: Пpeд cпоменикот на дедото Meтодиja Aндoнoв – Чeнтo, мajкaта нa Jaне Ченто пoбapa cлoбодa за cинoт

Maкедонците денеска го чествуваат најголемиот национален празник Илинден. Овој празник означува празнување на двата илиндена оној 1903 и празнувањето на Крушевската Република како и АСНОМ кога се формира независната македонска држава во рамки на Југославија.

По тој повод се празнува и споменот на Методија Андонов Ченто првиот претседател на независна Република Македонија. На покана на Талат Џафери денес на споменикот на Ченто во центарот на Скопје цвеќе положи и семејството на Ченто, поточно мајката и таткото на Јане Ченто, кој неправедно е осуден како и неговиот дедо на долги години затвор за настаните од 27 април.

Во изјава за Инфомакс неговата мајка испрати моќна порака, но и честитка до сите Македонци по повод празникот Илинден. Таа апелираше дека

-Овој ден е голем празник за Република Македонија, овој празник треба да не обедини сите и конечно да дојде до вистинско национално помирување.

Оттука од пред споменикот на мојот дедо, Методија Андонов Ченто ги повикувам сите политички елити да соберат сили и да покажат дека помирувањето не се само празни зборови на телевизија. Денес стоиме пред споменикот на човекот кој беше неправедно осуден на долги години затвор за Република Македонија, а потоа рехабилитиран. Денес и мојот син Јане Ченто е осуден на долги години затвор само затоа што си ја сака Македонија.

Нанесена е огромна штета и голема неправда и таа неправда треба да се исправи час поскоро. Да не се дозволи повторно рехабилитацијата да биде предоцна. Ги повикуваме политичарите да соберат сили и преку предметот за настаните од 27 април да ставиме крај на македонските делби, да си простиме и да тргнеме напред. Илинден е духот на македонската борба, но и помирување.

Уште еднаш апелирам до политичките елити да се изнајде решение за нашите деца кои лежат невини во македонските затвори.

Мојот дедо одлежал неправедно за Македонија да не ги повторуваме истите грешки и неправди. Им го честитам празникот Илинден на сите Македонци во мое име, семејството на Методија Андонов Ченто и лично од мојот син Јане Ченто, вели мајката на Јане Ченто.

Пopaнешниот пpeтceдател Иванов на ФБ: Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – акo нe нeмaше токмy тогаш кога тpeбаше да не има?

„Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?“- Гане Тодоровски

Историјата ќе суди за тие што го следеле патот, го исполнувале заветот и не се откажувале од светлината на Илинден, светлина која многумина се обидувале да ја попречат за да не стигне до идните поколенија.

За многу години Илинден!

Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста!

Да живее Република Македонија!

Нека е вечна cлавата на бopците за cлобода и дpжавнocт! Честит Илинден Македониjo!

Илинден е денот кога го празнуваме непокорот и ја славиме победата, но истовремено им оддаваме и почит на сите оние кои без разлика на нивната вера, припадност и убедување го дадоа животот за слободна и независна Република Македонија.

Денес со гордост се сеќаваме на делата на Илинденците од двете славни епопеи од 1903 и од 1944 година. Нашиот народ на ден Илинден, 1903-та година го запали огнот во срцата на сите оние кои мечтаеа за слободна држава и преку пожртвуваност, храброст и љубов кон Македонија, тргнаа во беспоштедна борба за вечниот стремеж за конечно ослободување, се вели во честитката од соопштение.

Огнот не престана да гори и во време на Народно ослободителната и антифашистичка борба, така што на 2-ри август 1944 година се оствари вековниот сон за сопствена државност на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински.

Борбата на еден народ е процес, тоа е континуитет, тоа е чувство што треба да го има секој од нас. Илинден е денот кога си припомнуваме за сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата.

Си спомнуваме на Гоце, на Даме, на Питу на Сандански и го превземаме нивниот завет. Тие ни оставија аманет како треба да се сака, да се гради и да се чува нашата татковина.

Нивниот пример е обврска за секоја идна генерација бесусловно да ја води својата борба, борба за напредна и поуспешна Македонија.

Нивниот сон за слободна и независна Македонија денес е реалност, а наша должност е тој нивен сон да продолжи. Нека е честит и вековит Илинден! Нека е вечно делото на двата Илиндени 1903 и 1944 година! Нека е вечна славата на борците за слобода и државност! Нека е вечна нашата таковина Македонија

3aeв: Ce чyвcтвyвам излажано од EУ, нe иcпopaчaa тoa што ни ветиja

Се чувствувам излажано од ЕУ, бидејќи не го испорачаа тоа што ни ветија. Преспанскиот договор, освен за пријателство со Грција, го потпишавме за интеграција во ЕУ. Од 2001 имаме Договор за стабилизација и асоцијација, веднаш по Словенија, а пред Хрватска. Од 2005 имаме статус на земја кандидат и имаме 12 позитивни препорака, истакна премиерот Зоран Заев во интервју за српски Танјуг.

Рече дека земјава повеќе од 16 години чека преговори и дека фрустрацијата кај граѓаните на Македонија е голема.

-Ние држевме лекции и за европски манири, преку Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот Договор. Нашите внатрешни договори може да послужат како лекција за многу мултиетнички заедници во развиени земји на ЕУ, кажа Заев.

Вели дека после 12 позитивни препораки за започнување на членството во ЕУ и исполнување на сите препораки за реформи, не е евроски некој и понатмау да блокира.

-Се надевам дека ЕУ брзо ќе дојде до решение за Северна Македонија, Албанија, како и за Србија и Црна Гора. Нека се отворат кластерите и да се затвори тоа што е решено. Нашите граѓани губат надеж, но не постои алтернатива, сите мислиме на ЕУ, кажа Заев.

Рече дека додека чекаме на ЕУ, треба регионално да се поврзиме и европеизираме за подобро да се служи на сите граѓани.

Победа и Вардар играа пријателска пред 2.000 гледачи: Натпреварот прекинат пред кpajoт пopaди инцидент?

Во пријателски натпревар кој се одигра вчера попладне на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, пред повеќе од 2.000 гледачи, Победа и Вардар одиграа без победник 1-1.

Но, според прикажаната игра, созоадените шанси и 4-те погодени стативи, Победа заслужи убедлив триумф, а Вардар се спаси од висок пораз.

Избраниците на Крстески одиграа одличен меч со многу трка, желба и залагање, и во сите елементи на фудбалската игра го надиграа гостинот од Скопје.

Гледачите имаа можност да видат добар натпревар. Тоа беше меч на стартите и лути ривали, во кој и денес дојде до израз деценискиот ривалитет на двата клуба, без оглед што се работеше за пријателски натпревар.

Се играше како да е тоа меч за бодови, тврдо, машки, агресивно, со доста дуел игра, со остри стартови, за кои имаше и доста жолти картони.

Се она што фудбалот го прави машка игра на два тима кои сакаат да победат. Иако имаше игра надвор од 16-тникот на младиот вардаров голман Стојковски, за што доби црвен картон, по инсистирање на тренерот на Победа Крстески, гостите сепак продолжија со 11 играчи од 36-тата минута до крајот.

Вардар поведе во 31-та минута преку Стојкоски, по прекин од корнер, а Победа израмни со евро-гол од слободен удар на Дарко Ангелески во 37-та минута.

За сето залагање и борба на теренот сепак победашите не беа наградени, затоа што вчера среќата им го сврти грбот.

Дури 4 пати стативата и пречката го спасуваа голот на Вардар, по ударите на Карчески, во два наврати Бојан Спиркоски и Ангелески, а дека Вардар беше инфериорен говори и фактот дека голманите на Победа, Столевски во првото и Котевски во второто полувреме, немаа ниту една посериозна интервенција.

Мечот инаку започна со едноминутно молчење во чест на неодамна починатите: долгододишниот прв човек на Победа Александар Забрчанец, поранешниот голман и капшитен на Победа Гоце Груевски и навивачот Сотир Илиески.

Крајот на натпреварот го проследи и еден инцидент. Се играше 92.минута кога на центарот на игралиштето гостинскиот фудбалер Пеев направил фаул, потоа дошло до кошкање на играчите на двете екипи. Од таборот на Вардар велат дека на теренот од страна на публиката било фрлено и шише. По тој инцидент судијата одлучил да свири крај.

Имала само 2 месеци кога рекордот бил поставен: 25 години подоцна го cобopи со голем стил (Видео)

Венецуелката Јулимар Рохас го постави првиот светски рекорд во една атлетска дисциплина на Олимписките игри во Токио.

Таа попладнево во трискок прескокна 15 метри и 67 сантиметри, цели 17 сантиметри повеќе од досегашниот најдобар планетарен резултат (15,50) сопственост на Инеса Кравец од 1995 година.

Рохас го постави светскиот рекорд при последниот обид, кога веќе се знаеше дека го освои олимпиското злато, а во претходните скокови го собори и олимпискиот рекорд.

Второто место и сребрениот медал отиде кај Патрисиа Пор Мамона од Португалија со прескокнати 15,01 метар.

Бронзата е за Ана Пелетеиро од Шпанија со скок од 14,87 метри.