The Hounds го најавија својот прв авторски концерт – влезот ќе биде бесплатен

Популарните рокери од The Hounds го најавија својот прв авторски концерт

Фото/Петар Јанкоски и Александар Еленин

“Со огромна чест, задоволство и возбуда сакаме да ве поканиме на нашиот прв авторски концерт на 03.09.2021 на летната сцена при Домот На Културата Марко Цепенков – Прилеп во склоп на Цело е кога се има 30

Ќе свириме дел од песните од првиот албум, а за прв и единствен пат пред да биде официјално објавен – ќе го иссвириме целиот втор албум кој се уште не е издаден, а го снимавме изминативе 18 месеци.

Ве каниме да ги слушенете нашите најнови музики, прво во нашиот град Прилеп и во живо, пред да бидат промовирани пред целиот свет.

60 минути авторска музика, за прв пат слушната и иссвирена тогаш и таму. Понесете само добра мисла и насмевка, влезот е бесплатен, се гледаме на концерт.

(за повеќе детали контактирајте го организаторот)

Ние сме The Hounds и свириме само за вас”, напишаа од бендот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.