дома блог страница 1905

21-годишник со автомобил yдpил во велocипедиcт во Битола

На 02.09.2021 во 19.43 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на ул.„Солунска“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Ј.Ј.(21) од Битола, yдpило во велocипед yпpaвyван од З.В.(50) од Битола.

Во незгодата З.В. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.

Извршен бил yвид на местото на настанот од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Заборавете го Сонцето: УХМР најавува голема промена на времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.

Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.

Maкедонските одбојкари денеска на поправен против Холандија

По ден одмор по поразот од 3-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) од кодомаќинот Финска, македонските одбојкари денеска во второто коло за противник ја имаат Холандија.

Својот воведен натпревар холандските одбојкари го одиграа вчера, забележувајќи максимална победа од 3-0 против Шпанија, и во улога на апсолутен фаворит влегуваат во дуелот со македонските одбојкари.

Во македонскиот табор, сепак, преовладува оптимизам и уверување дека атмосферата во репрезентацијата не е разнишана по почетниот пораз.

– Дојдени сме да играме. Не се откажуваме. Ќе биде се подобро, ќе се ослободиме од почетниот грч и, исто како на претходното Европско, мислам дека во подоцнежните натпревари ќе биде многу подобро, изјави репрезентативец Филип Деспотовски пред натпреварот со Холандија што започнува во 19 часот.

Натпреварот против Холандија нашите момци го играат со почеток од 19 часот, а преносот е на МРТВ.

Сабота петта промоција на Сугapески – советник, пратеник, министер, директор, сега Градоначалник?

Оваа сабота неофицијално СДСМ ќе го претставува кандидатот за Градоначалник Прилеп.

Mалку звучи излитено, бидејќи се претставува некој што не го познавате, но раководството заборавило дека Сугарески е 21 година функционер, без ниту еден реализиран проект за Прилеп.

Затоа граѓаните очекуваат од бината да одговори на овие прашања, а настапот да го полни до извик дека: Мојата татковина почитуван Заев е Република Македонија и никоја друга! Друго понатаму нема што да чуете, бидејќи се е веќе видено…

Вие одлучувате што ќе гледате: Гласајте кој натпревар од Лигата на шампиони да го пренесува МРТВ

Во Фејсбук групата СПОРТ на МТВ, фудбалските вљубеници можат да гласаат и да одлучат кој натпревар од Лигата на шампиони ќе се емитува во живо на државниот сервис.

Спортскиот коментарот Драган Николовски креираше анкета каде фановите избираат помеѓу натпреварот Ливерпул-Милан и Реал Мадрид – Интер.

И двата натпревари се атрактивни. Ливерпул против Милан буди спомени од две неверојатни финалиња, а дуелот помеѓу Реал и Интер е реприза од минатогодишната групна фаза.

Засега побројни се тие кои сакаат да го гледаат натпреварот Ливерпул-Милан, а анкетата ќе биде активна до 13 часот утре.

Кликнете ТУКА, зачленете се во групата и гласајте.

Дури 12 министерки од 16 министерства во новата влада на Еди Рама во Албанија

Три четвртини од новата албанска влада ќе ја сочинуваат жени, соопшти мандатарот и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата…

ФОТО/Еuronews.al

Нема некои поголеми изненадувања околу имињата на членовите на новата влада, но она што посебно паѓа во очи е застапеноста на министерките. Од 16 министерски места, во дури 12 ќе седнат жени.

Ова е трета по ред Влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборете на 25 април годинава.

Според најавите, за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститутивната седница на новиот законодавен дом.

Пpинцезата која се откажа од целото богатcтво пopaди љyбов

Јапонската принцеза Мако, внука на царот Нарухито, планира да се омажи за своето долгогодишно момче Кеи Комура до крајот на оваа година и планира да одбие исплата од 1,3 милиони долари од јапонската влада, пишува Тајмс.

Јапонската влада традиционално им плаќа на жените кои го губат својот кралски статус кога ќе се венчаат. Принцезата Мако ќе се откаже од кралските титули за да се омажи за Комура, бидејќи законот во Јапонија бара принцезата да го напушти царското семејство откако ќе се омажи за човек од народот.

Тајмс исто така пишува дека принцезата планира да се пресели во Соединетите држави, каде нејзиниот иден сопруг има намера да работи во адвокатска фирма во Њујорк.

Двојката се запознала за време на студиски настан во ресторан во Токио. И двајцата во тоа време биле студенти на Меѓународниот христијански универзитет во Токио.

„Прво ме привлече неговата светла насмевка“, рекла Мако во една прилика. Тие се вериле во 2013 година, по неколкугодишна врска на далечина.

Имено, Мако поминала извесно време на студии во Велика Британија.

Бpoѓани тpeба да чecтат, дpжавата им дониpaше тpaктop со пpиколка и плyc кocачка

Трактор со приколка и косачка како донација доби Општина Македонски Брод. Како што е соопштено тракторот е марка Солис, а инвестицијата е од Бирото за регионален развој.

Како што рече градоначалникот Живко Силјаноски, механизацијата вредна 1 900 000 денари, ќе се искористи за повеќе намени.

-Тракторот ќе се користи за подобрување на комуналните услуги и за собирање смет. Со дополнителната приклучна опрема, косачката, ќе се отстрануваат ниско стеблести дрва и гранки по локалните патишта, ќе се коси тревата на двете страни од сите патишта, бидејќи при интензивна вегетација ги стеснува коловозите, а ќе биде од полза и за косење на тревата на градскиот стадион и негово континуирано одржување, рече градоначалникот.

Тој информира дека од Бирото за регионален развој се обезбедени и средства за два инфраструктурни проекта што се реализираат во Општина Македонски Брод.

Четворица Македонци, меѓу кои еден прилепчанец, бараат донации за да ја претставуваат Македонија на Светско првенство

Александар Гацевски, Дарко Станковски, Мартин Јовановски и Владимир Неделковски, за два месеци треба да полетаат за Аргентина на Светско во параглајдинг, но за жал како и за многу други нешта државата не одвојува доволно пари, па четворицата македонски репрезентативци кои зад себе имаат огромен број успеси бараат донации.

Еве што напишаа тие:

-Нашата Македонија, можеби е мала земја но докажано раѓа спортисти со врвни квалитети. Во Параглајдингот можеме да се пофалиме дека имаме пилоти, херои, кои важат за едни од најдобрите во светот. Фактот дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт повторно се потврди годинава со врвните успеси, подиуми и победи, на нашите пилоти на повеке интернационални натпревари и со тоа, Македонската репрезентација е поканета од Интернационалната асоцијација да учествува во полн 4-член состав на претстојното Светско првенство 2021, кое ке се одржи од 31-ви Октомври до 13-ти Ноември во Аргентина.

За жал нашата земја во моментот не одвојува доволно средства за да се покријат трошоците за учество на Македонија на Светското првенство, а истовремено, нашите пилоти финансиски се целосно исцрпени од изминатите натпревари и не можат да ги покријат и овие трошоци, кои вкупно за целиот тим(патни трошоци, сместување и котизации) изнесуваат околу 10 000 евра.

Со цел да добиеме шанса да го претставиме спортскиот дух на Македонија, ги замолуваме сите кои имаат можност да помогнат преку донација и споделување на социјалните мрежи.

Голема благодарност од МАКЕДОНСКИOT ПАРАГЛАЈДИНГ ТИМ:

Александар Гацевски
Дарко Станковски
Мартин Јовановски
Владимир Неделковски
ЗА МАКЕДОНИЈА !!!

За да им помогнете кликнете и донирајте ТУКА

Xyманocта е нивна одлика: Евpoтип, Голд Cлот и Голд Фелициа ycпешно opганизиpaa нова кpводapителcка акциja

Спортските обложувалници Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа успешно ја спроведоа четвртата по ред крводарителска акција, на која се одзваа вработените во овие компании.

Очекувањата за успешност на оваа акција беа надминати, откако по најавите за собирање на 27 крвни единици, се собраа 33, наведува организаторот.

Покрај вработените во Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, во крводарителската акција учество зедоа и други компании како СН Осигурителен Брокер, СН Финансии и ЈК Травел.

„Искрено сме воодушевени од одзивот на четвртата по ред крводарителска акција. Вклучувајќи ја и оваа, досега вкупно се дарувани над 100 крвни единици, што за нас претставува исклучителен успех.

Продолжуваме и понатаму со организација на акции од ваков карактер, а по вклучувањето и на други компании, се надеваме дека истото ќе се случи и со останатите од градот и пошироко.“ – вели Елена Трајчевска, организатор на акцијата.

Акцијата беше спроведена почитувајќи ги сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19, а од општинската организација на Црвен Крст – Битола изразија благодарност до сите кои учествуваа, како и до организаторите за нивната мотивација да организираат вакви акции.