Следете во живо и навивајте за Прилеп: Вечерва се игра Пелагониското дерби (Видео)

Во рамки на 5. коло од Суперлигата, вечерва со почеток од 18:30ч. во спортската сала “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп, се игра пелагониско дерби помеѓу екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2!

Домашната екипа, на тренерот Горан Кузманоски, најмлада во лигата со просек од само 21 година, ќе се обиде да врзе серија успеси, по претходниот триумф на гости со РК Скопје.

Досегашниот биланс е 2 пораза и 2 победи. Голем предизвик е гостувањето на битолскиот тим кој има 1 пораз и 3 победи, така што ова е борба за место во горниот дел од табелата.

Судии на натпреварот се Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, делегат Љупчо Јаневски, сите од Скопје.

Дуелот може да го проследите на следниот линк:

Дозволено е присуство на гледачи до 30% од вкупниот капацитет на салата.

Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.

Задолжитено е носење на заштитна маска.

На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.