дома блог страница 1858

Могила е полна комити: Тропаат тапани, се пеат песни во сите села – Саботковски е пред сигурна победа во недела? (Видео)

ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори за кандидат за градоначалник на општина Могила го кандидираше Драганчо Саботковски, млад човек кој ветува дека ќе ја препороди оваа пелагониска општина.

Се чини дека Саботковски со сигурност ќе оствари голема победа во недела уште во првиот изборен круг, а тоа го потврдува и атмосферата низ сите населени места во Могила.

Драганчо е како матица и успеа да ги сплоти сите могилчани како едно. Каде да се појави се пејат македонски песни, се играат ора, тропаат тапани, а она што е интересно е тоа дека ужива особено голема поддршка кај младите луѓе во оваа општина.

Во продолжение и дел од централниот митинг во Могила, каде на едно место беа собрани речиси сите могилчани:

Сугарески во посета на Клубот на лекyвани алкoxoличapи во Прилеп (Фото)

Kaндидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, денеска ги посети членовите од клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“.

-Клубот на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ ја продолжува својата мисија за превенција од алкохолизмот. Тој е несомнено најуспешниот во земјава со над 3.600 излекувани наши сограѓани.

Моментно брои 63 активни членови кои со голема храброст, волја но и посветеност на специјалистот по медицинска психологија д-р Јован Велески, кој волонтерски работи со нив, успеале да се изборат со оваа зависност.

Фасциниран сум од нивната решителност по успешната повеќегодишна апстиненција да преминат од другата страна и одговорно да работат како своевидни психотерапевти помагајќи на помладите наши сограѓани, кои се соочуваат со зависноста од алкохолизмот.

Клубот ја има мојата целосна подршка и ветување дека добрата соработка со актуелната локална самоуправа по победата на локалните избори и моето преземање на функцијата градоначалник, само ќе ја унапредуваме и продлабочуваме преку обострана размена на идеи и предлози за нивно уште поефикасно функционирање. – напиша Сугарески на ФБ.

Јовчески: Продолжуваат заканите кон мене и моето семејство, во недела заедно со моите сограѓани ќе ве поразиме (Видео)

Ви благодарам од срце за поддршката која вчера вечер ми ја дадовте мене и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на големиот народен митинг. Вчера вечер сите заедно покажавме дека во Прилеп после 17-ти Октомври ќе се случат промени и Прилеп конечно ќе почне да се развива и гради онака како што му доликува. Сакам да ја информирам целата јавност дека во текот на вчерашниот ден, заканите и нападите по моето семејатво продолжија – напиша на ФБ кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, кој денеска бил и во просториите на ОЈО Прилеп каде

-Денес, речиси до 16ч бев во просториите на ОЈО Прилеп каде дадов изјава, доказни материјали, меѓу кои и тие од вчерашниот ден!

Ги повикувам СДСМ да престанат да ја замајуваат јавноста со моето непојавување на ТВ дебати. Стратегијата која што ја направиле со цел да ми го одвлекуваат вниманието и да ми го губат времето со тоа што по цели денови ќе поминувам во полиција,или ОЈО им е погрешна. И напротив уште повеќе ме мотивираат да работам и да победам!

Мојот став по однос на ова прашање е непроменет и така ќе остане се додека надлежните институции, раководени од кадри на СДСМ не ги преземат соодветните мерки кон насилниците.

Ако ова денес мене и на моето семејство би се случува, утре може истото да му се случува и на некој друг!

И повторно ќе порачам! Дебатата ќе се случи во недела, на 17-ти Октомври. Во недела јас и моите прилепчани, заедно за подобро утре на сите ќе ја извојуваме најголемата победа – напиша Јовчески.

Бензин, репрезентација и поправка на коли – локалната трошела како да сме Токио…милиони, милиони денари? (Видео)

Денес ќе ви презентираме како со леснотија СДСМ во нивниот 4 годишен мандат кој за среќа во недела завршува,потрошиле милионски суми народни пари од кои граѓаните не виделе никаков бенефит – истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Mилионски суми фрлени во бунар кои би требало да побудат голем интерес кај истражните органи кои подетално би се позанимавале со бројките во прилог:

За РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА градоначалникот потрошил 14.800.000 денари од кои само за 2019 и 2020 во ек на пандемија потрошил 5.100.000 денари или околу 80.000 евра народни пари. Очигледно, а и добро познато во Прилеп е дека и досегашниот, а и овој од СДСМ кој сега претендира за градоначалник се големи гурмани и добро се гоштевале на сметка на народот во време кога голем број Прилепчани останаа без работа и ги затворија сопствените бизниси.

За ПОПРАВКА НА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА, потрошиле 6.000.000 денари или 98.000 евра во период од 4 години а само за 2020 година Јованоски потрошил 40.000 евра. За тоа како и за какви поправки се потрошиле баснословни 40000 евра среде covid пандемија и намален обем на работа на општински служби, веруваме дека освен народот ќе бидат многу заинтересирани и надлежните истражни органи.

За ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА во општина Прилеп потрошени се фрапантни 800.000 ЕВРА, за вдомување на нестручни партиски војници и послушници кои со ништо не придонесоа кон работата на локалната самоуправа чиј учинок во изминатите 4 години е катастрофален. Дали сега истите со своите привремени работни места се уценувани да го поддржат Сугарески?
За ГОРИВО ЗА СЛУЖБЕНИ ВОЗИЛА потрошени се вкупно 100.000 евра од кои само во време на covid пандемијата кога и локалната самоуправа работеше со прекини само, за набавка на гориво за службени возила се потрошиле преку 40.000 евра.

Функционерите на СДСМ во Локалната самоуправа,си делеле секоја година најскапи модели на мобилни телефони, а Ајфон најнови модели добивале и дел од привремено вработените во општината, а само за промена на екран на службен мобилен телефон плаќале и по 18.000 денари.

Но…

За разлика од астрономските суми за гоштевање, СДСМ биле прилично скромни за поддршка на урбанизмот па за изработка на урбанистички планови од општинската каса издвоил само 12.000.000 денари или 20.000 евра. Очигледно урбанистичкиот развој на општината и поддршката на локалниот бизнис сектор не му биле во фокусот на работа како што не му се и на кандидатот за градоначалник Горан Сугарески кој не е со ништо поразличен.

Почитувани граѓани, Време е за отчет! Локалните функционери на СДСМ треба да положат сметка како трошеле ваши пари. Пари заработени со пот и мака!

Глигороски: Долнени ќе добие реновирани училишта, стипендии за ученици и спортисти, како и нова инфраструктура

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Ладо Глигороски на предизборниот митинг во општина Долнени истакна дека актуелната власт донесе апатија и многу голема сиромаштија, поради што многу од граѓаните немаат ни основни услови за живот, затоа порача дека на овие избори доаѓа крајот на ова корумпираното владеење.

– Нашите села згаснуваат како резултат на неплатената земјоделска мака. Нашите деца се иселуваат масовно, како резултат на тоа што власта не сака да им обезбеди основни услови за живот и напредок. Имало моменти кога тоа било потешко и полесно, но ваква состојба, вакво пустошење, уништување и хаос, ќе признаете немало никогаш, вели Глигороски.

Тој посочи дека оваа владејачка структура на ДУИ и СДСМ не само што не гради соживот и разбирање, туку сака во корен да го поништи обичниот човек и работник.

– Низ нашите села има училишта без вода, со полски тоалети, улици со кал, села без патишта, без водовод и канализација За нашите деца тука нема паркови, игралишта, нема градинки, нашите деца и млади не постојат за оваа власт, рече тој.

Глигороски истакна дека токму затоа доаѓаат промените, а неговата програма ќе донесе подобар живот и иднина.

– Новата иднина од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Долнени предвидува изградба, асфалтирање и рехабилитирање на повеќе патишта, меѓу кои: Дупјачани до Десово, Новоселани-Заполжани, Бело Поле-Вранче-Средорек, Лажани-Кошино, Рилево-Ропотово и уште десетина други патишта кои значително ќе ја подобрат поврзаноста на нашите села. Предвидуваме изградба на нови улици во Дебреште, Десово, Бело Поле, Гостиражни, Сенокос, Секирци, Лажани, Пешталево, Сарандиново, Ропотово, Долнени. Секое населено место ќе добие свое катче за одмор и рекреација со зеленило и урбана опрема, вели тој.

Глигороски додаде дека ќе настојува општина Долнени да добие служба на брза помош, противпожарна едница, а ќе ги реновира училиштата и спортските игралишта

(Видео) Во 180 секунди Мицкоски го опиша СДСМ Прилеп и го најави крајот на хaocoт

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа голем народен митинг на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во Прилеп

Пред огромниот број прилепчани обраќање имаше и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, кој во дел од неговиот говор истакна:

“Кандидат на СДСМ овде во Прилеп е најверното “зоранче” Сугарески му е презимето. Пет години ветуваат експресен пат кој не го чепнаа, а го наследија од претходната власт. И поради нивните празни ветувања, прилепчани експресниот пат го нарекоа Горан Сугарески”, истакна Мицкоски.

Мицкоски кажа зошто во недела на 17. октомври прилепчани ќе му ја завршат кариерата на Сугарески.

“Прво Прилеп е град кој најмногу назадувал последните 4 години. Второ Прилеп е град кој не се гради и нема инвестиции. Под три Прилеп е синоним за рекет од лице кое важи за блиско на Сугарески, а кое е невработено и има возен парк од 400.000 евра. И утре пак нека врти по телефони да се заканува, еве сум, тука сум, ме гледа, да знае кој ќе му пресуди. Само во Прилеп министерот за транспорт градеше дивоградби низ Старата чаршија и тој денеска е понудата за градоначалник”, истакна Мицкоски.

(Фото) Маленко се ожени по петти пат

Нашиот најдобар пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација се ожени по петти пат, а фотографии од регистрацијата сподели на Инстаграм.

Маленко зад себе има 4 брака и 5 деца. Негова нова избраничка е инструкторката за пливање Метка Спаравец од Словенија.

„По 26 години си кажавме да“, напиша Маленко.

(Видео) “Дали ќе си поднесете оставка доколку ги загубите изборите?”

НЕ! Кратко и јасно одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали би поднел оставка доколку СДСМ има помалку советници од опозицијата на претстојните локални избори.

Инаку, изборите за советници во 80 општини и во Град Скопје се спроведуваат во еден изборен круг, според пропорционален модел и даваат поверодостојна слика за рејтинзите на политичките субјекти од изборите за градоначалници, кои се според мнозински систем и во два изборни круга.

Во текот на продолжениот викенд, беа пласирани неколку анкети на јавното мислење од кои произлегуваат различни прогнози за изборниот исход, а на полноќ, стапува на сила забраната за објавување испитувања на јавното мислење, пред локалните избори на 17 октомври, пренесува Инфомакс.

(Видео) Cтpaшна снимка од метрополата: Се обиде да киндапиpa дете кое шеташе заедно со неговата баба

Бездомник од Бронкс се обиде, сред бел ден, да киндапиpa тригодишно девојче кое шеташе заедно со неговата баба.

Медиумите ја објавија снимката од безбедносната камера на која се гледа како човекот се приближува и се обидува да го одземе детето од бабата.

Бабата ведна потрча кон човекот кој го зграби детето, а неколку случајни минувачи се придружија за да помогнат.

Важно соопштение за сите гpaѓани кои чекaaт лични кapти во пpecpeт на локалните избopи

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на 16.10.2021година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Во недела, пак, на 17.10.2021 година сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).