Една жена од Канада само случајно избегна да ја погоди метеорит во главата, бидејќи го проби таванот на нејзината куќа и ја погоди перницата додека спиеше на неа.
Рут Хамилтон од Голден, Британска Колумбија спиеше во кревет во нејзиниот дом кога се разбуди од тресок и куче што лае. Кога тој скокна од креветот и го вклучи светлото, таа виде дупка во таванот и метеорит на нејзината перница, објавија канадските медиуми.
Метеоритот што заврши во нејзината спална соба тежи повеќе од килограм, па Хамилтон само од голема среќа избегна сериозни повреди.
Таа повикала полиција, која прво помислила дека станува збор за камен што одлетал за време на експлозиjaта на градилиштето во близина на автопатот.
Меѓутоа, проверките утврдиле дека немало минирање, а локалните жители сведочеле дека виделе силна светлина на небото над тој град во текот на ноќта.
Рускиот претседатели Владимир Путин ја критикуваше убавата американска новинарка дека не го слуша додека говори за кризата во Европа.
Во интервју за Си-Ен-Би-Си, рускиот претседател Владимир Путин опширно одговорил на новинарката на таа американска телевизија, Хендли Гембл, на прашањето дали Русија користи гас како opyжје.
Русија воопшто не користи никакво opyжје, ако обрнете внимание … Ова се токму политички мотивирани озборувања кои немаат основа во врска со користењето енергија како вид оружје, вели меѓу другото Путин.
Тој, исто така, посочил дека Русија се зголемува, а партнерите од други земји, вклучувајќи ги и САД, ги намалуваат испораките во Европа.
Сепак, и покрај деталниот одговор од рускиот претседател, следувало ново прашање од новинарката: „Видовме глобален скок на цените и како може да ја натерате Европа да верува дека сте сигурен партнер кога не ја испорачувате таа енергија преку гасоводите?“.
За победа во првиот круг од локалните избори потребно е најмалку една третина од регистрираните гласачи да излезат на гласање во конкретната општина и еден од кандидатите да освои мнозинство гласови.
Оние што нема да бидат избрани на 17 октомври, ќе ја продолжат битката во вториот круг закажан за две недели подоцна.
Изборниот законик вечи дека победник е, одностно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општина.
Доколку во првиот круг на гласање за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на град Скопје, не излезат една третина од вкупниот број гласачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина, се предвидува во законот.
Доколку ниту еден од кандидатите нема мнозинство гласови, тогаш вториот круг се одржува во рок од 14 дена, што во овој случај тој е на 31 октомври. Треба да се знае дека во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот круг, а победува оној што добил најмногу гласови.
Изборот на советници се затвора во првиот круг, а нивната распореденост се пресметува според Донтоновата формула.
Закани упатени кон кандидатот за градоначалник на Прилеп и неговото семејство, испратени преку социјалната мрежа Фејсбук беа предмет на истрага на Основното јавно обвинителство Прилеп и МВР. Заканите ги упатил 27-годишник од Прилеп, преку објави на социјалната мрежа Фејсбук.
Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.
Пријавеното лице во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода на граничниот премин Табановце при влез во државава и приведено на испитување во обвинителството.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена.
Kaндидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески последниот ден од изборната кампања го искористи и за средба со пензионерите.
Голем број од прилепските пензионери денеска присуствуваа на средбата со Д-р Јовчески и му укажаа поддршка за изборите во недела.
Во изминатите 3 недели колку што траеше предизборната кампања, Јовчески оствари средби со огромен број граѓани, граѓански организации, иницијативи, стопанственици и луѓе од различни профили и професии.
Анкетите му предвидуваат победа на изборите, а сето тоа ќе биде јасно во недела вечерта.
„Цели 29 години сум член на СДСМ и досега вакво омаловажување, навредување и срам од своите сопартијци, не сум доживеала. Ова што ми се случи на два наврати во последниве дестина дена од страна на мојот партиски координатор и локален државен службеник, е невидено бламирање за целата партија“. Вака ја започнува својата мачна приказна долгогодишната членка на прилепскиот огранок на СДСМ, која заради срамот пред своите сограѓани сакаше да остане анонимна, а чиј идентитет и’ е познат на нашата Редакција – објави “АЛФА ТВ”
Нашата соговорничка, која инаку е просветно лице од едно општинско средно училиште, доживеала вистински шок, кога заради болест, не можела да учествува во предизборната партиска активност „Од врата до врата“. Нејзиниот координатор за МЗ „Тризла 1“, со најпогрдни зборови и вулгарни пцовки, почнал да и’ се заканува дека тој ќе средел за да ја избркаат од работа. Под силен стрес и шокирана, таа случајот го пријавила и во партиската Централа во Скопје, и во Невладиниот сектор.
„На ден 4.10 ми се закануваше по телефон дека ќе ми биде одземено моето Решение за работа, дека ќе бидам физички напдната и ми упатуваше навредливи зборови и пцовки кон мене како жена. А нели, СДСМ се залага за правата на жените и нивна заштита од насилство“, прашува нашата соговорничка, притоа додавајќи дека ова било само увертирата во она што следело една недела подоцна.
„После недела дена од овој настан, присуствував на партиски собир во штабот на СДСМ – „Тризла 1“, каде што истото лице, пред луѓе ми се закануваше, ме омаловажуваше, ме навредуваше и се обиде насилно да ме избрка од партискиот штаб. Лицето ми се закани дека и физички ќе ме нападне доколку не го напуштам штабот. Поради стерсот кој што го доживеав, на лице место сум изгубила свест и со Итна помош бев пренесена во Болницата во Прилеп. Последиците од тој настан ги чувствувам и денес, бидејќи, по препорака на лекарите, се уште сум под терапија“, – видно вознемирена ја раскажува својата голгота нашата соговорничка.
И двата напади, нашата соговорничка, освен во МВР, ги пријавила и кај повисоките локални партиски функционери, вклучително и кај пратеникот од оваа партија. Но, како што вели самата, досега никој ништо не презел. Според нејзините зборови, нејзиниот не бил единствен случај на партиски притисоци и уцени, особено периодов. Меѓутоа членството било исплашено за да ги пријави, најмногу од последиците по своите работни места. Бројни биле и премолчувањата дури и за задолжителната, уценувачка обврска да донесат по 20 лица, а кои на престојните избори сигурно ќе гласале за владеачката партија.
Колку за потсетување, за ваквите уцени врз членството, вчера во Прилеп беа презентирани и извесни аудио-снимки на кои јасно се слуша што се’ им се ветува на членовите за добивање на нивниот глас, вклучително и непостоечки работни места, како што е, на пример – „возач на лифт“ во претпријатие каде што лифт и нема.
Досегашниот градоначалик на Скопје Петре Шилегов продолжува со недоличното однесување кон останатите кандидати.
Петар Георгиевски Камиказа во вчерашната емисија „Заспиј ако можеш“ откри дека по завршувањето на дебатата на Телма каде Шилегов веднаш избега и не се поздрави со останатите гости му се заканил.
Уште два дена ќе те трпам па ќе видиш -биле зборовите на Шилегов кон Георгиевски.
Со јавен повик до земјоделците денеска се огласи Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија, во кој што им се обраќа на земјоделците во врска со претстојниот изборен ден – 17 ти октомври:
„Почитувани земјоделци од сите сектори, дојдоа и нашите 5 минути. Јас знам дека нашиот плач засега никој не го слуша, нашиот труд засега никој не го цени, нашата мака засега никој не ја вреднува,а нас не сметаа за проста, необразована, бедна и неважна категорија граѓани на оваа наша напатена Македонија. Но, СЕГА е моментот кога нашиот глас е важен и одлучувачки.
И Затоа јавно ве повикувам масовно да излеземе на овие избори во недела и да го кажеме нашиот став. Ако ни е добро да дадеме поддршка на досегашната политика. Но ако сте незадоволни и мислите дека токму ние земјоделците сме најмногу излажани, изиграни и изманипулирани сега е времето за казна на тие политики.
Затоа што, ако сега не им го свртиме вниманието на политичарите тие ќе мислат дека добро работат и ќе продолжат уште појако во тој правец. Затоа во недела секој зад параванот со пенкалото во рака да си ја искажиме маката и да ја дефинираме иднината на нашите деца.
Ако мислите дека добро ви оди и добро ви е НАГРАДЕТЕ!
Но, ако мислите дека сте само ограбувани, лажени, изманипулирани КАЗНЕТЕ!
Зошто само со пенкалото зад параванот ја имате таа можност и само така политичарите можат и мораат да сфатат дека треба сериозно да размислат кога носат одлуки за нашиот сектор-земјоделие кој вработува преку 400 илјади луѓе и ја храни цела држава. И за крај почитувани земјоделци едно мора да ни биде јасно дека нашите деца не заминуваат во туѓина поради туѓите грешки, туку поради нашите лоши одлуки.
Од нас самите зависи,“ стои во јавниот повик од Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.