дома блог страница 1853

Најмногу граѓани досега гласале во Прилеп: Ова е состојбата по останатите градови

Прилеп е општината каде досега гласале најголем број граѓани.

Според податоците од Државната изборна комисија досега своето гласачко право во оваа општина го оствариле 2.306 лица.

Над 1.000 гласачи од отворањето на избирачките места во 7 часот се регистрирани во општините Аеродром, Битола, Бутел, Кисела Вода, Велес, Кавадарци, Куманово, Охрид, Ресен, Тетово и Чаир.

Поради уредите за читање отисоци во Прилеп се гласало со УВ-ламба и спреј

Од ОИК Прилеп информираат дека денеска непречено се гласаа на 141 избирачко место. Во избирачкиот список во Прилеп се запишани 63.236 гласачи, кои имаат право на глас.

Претстедателот на ОИК Валентин Божиновски информира дека се појавил проблем со апаратите за идентификација кои не функционирале, па така се гласало со УВ-ламба и со спреј.

Вчера во Прилеп гласале околу 80 проценти од запишаните болни, затвореници, во старски дом и заболените од ковид-19.

Утре одлука за нови цени на горивата, ќе има ли повторно поскапување?

Регулаторната комисија за енергетика утре треба да донесе одлука за цените на нафтените деривати. Дали ќе има повторно поскапување на цените на горивата ќе биде познато во понеделник после пладне.

Минатата недела имаше големо зголемување на цените на горивата, односно зголемувањето беше во просек за 3,41 %.

Цената на бензините се зголеми за 2 денари, додека дизелот поскапе за 2,5 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по повисока цена од 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,630 денар/килограм.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,761 (денари/килограм)

Седми локални избори, граѓаните ги избираат градоначалниците и советниците

Во Македонија денеска се одржуваат седмите локални избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.

На 3 480 избирачки места, граѓаните својот глас можат да го дадат за вкупно 10 831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа поднесена од група избирачи односно независни, и 31 листа од политички партии и коалиции.

Право на глас имаат 1 824 864 граѓани. Од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 740 147. Во посебните извори од Избирачкиот список се запишани 82 461 лице, кои се на привремена работа или престој во странство, во согласност со евиденцијата на надлежниот орган, 1 899 гласачи кои на денот на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор: 351 лице во установи за вонсемејно сместување и шест гласачи кои, во согласност со евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика, се запишани како раселени лица.

Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната ОИК, но не отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот.

Ден претходно гласаа болните, немоќните, лица со Ковид-19, затвореници, лица во притвор, во старските домови и внатрешно раселените лица.

Првпат на овие избори идентитетот на гласачите ќе се проверува со уреди за биометриска идентификација на отпечаток од прст за што од компанијата „Дермалог“ се набавени 4000 уреди и соодветен систем за нивна употреба. За членовите на ОИК и на избирачките одбори кои ќе управуваат со овие уреди ДИК спроведе четири циклуси едукација и ангажира 320 ИТ експерти за да се овозможи спроведувањето на изборите со овие избори да помине со што помалку прекини и проблеми. Дополнително се ангажирани уште 80 ИТ експерти од страна на компанијата „Дермалог“.

Резултатите од првиот круг на изборите се очекуваат околу полноќ. Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула.

Локалните избори ќе ги мониторираат 1045 набљудувачи од кои 714 домашни. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи.

Поради пандемијата со Ковид -19, Локалните избори ќе се спроведат со почитување на општите мерки за заштита од Ковид-19, така што гласачите и сите членови на избирачките одбори ќе мора да користат заштитни маски и да се употребува средство за дезинфекција.

Прилепчани ја преслушаа Струга, следува гостување кај Вардар

Екипата на РК Прилеп со 25:22 (14:9) го совлада тимот на РК Струга, во 7. коло од Супер лигата.

До победата не се стигна лесно, со оглед на водството кое гостите го имаа во првото полувреме, последен пат со 6:8.

Сепак, понатаму домашните ракометари ја презедоа играта и се чини, ги постигнаа во серија одлучувачките голови.

Пресвртот кој се случи до одморот, донесе резултат 14:9 за РК Прилеп. Во второто полувреме предноста беше поубедлива, за на крајот да се сведе на 3 разлика, 25:22.

Најефикасен со 5 гола беше Христијан Милошески, по 4 дадоа Хазеин Рустамов, Давор Шокоски и Реваз Чантурија.

Сега РК Прилеп има есенски биланс од 3 победи и 4 порази. Во следното 8.коло РК Прилеп му гостува на шампионот Вардар.

(Видео) Прилеп: “Eкипaтa нa Инфомакс пoвтopнo нaпaднaтa пред штаб на СДСМ”

Екипата на Инфомакс во текот на вечерва беше повторно нападната на овој предизборен молк.

Уредникот Митовски преку видео детално објаснува за ситуацијата во која се најде екипата на Инфомакс.

„Ако на некој досега не му беше јасно со каков хибриден режим се соочуваме во Македонија, верувам ќе ви стане јасно вечерва. Откако во текот на вчерашниот ден екипата на Инфомакс во Прилеп беше задржана, приведена и претресувана во полициската станица во Прилеп по пријава на наводно инспекторката за наркотици, инаку блиска пријателка на уапсениот началник на ПС Прилеп Чипси, кој што беше фатен со 200 килограми дрога од страна на американската агенција за борба со дрога (ДЕА), вечерва повторно екипата на Инфомакс во Прилеп во главниот штаб во градот е нападната и нивната камера е искршена“. – истакна Митовски.

„Се обидуваме да ја вратиме снимката од настанот за да можете да видите што точно се случило, но од она што можам да ви го кажам, е дека, екипата на Инфомакс се обидела да сними дека се прекршува предизборниот молк во Прилеп, и тоа во главниот штаб на СДСМ во градот. Се прекршува предизборниот молк, се обиделе да ги прашаат присутните што прават таму и дали се свесни дека прекршуваат изборен законик и прават кривично дело, кои што биле нападнати и била искршена нивната камера. Во моментот екипата на Инфомакс во полициската станица во Прилеп каде што го пријавија настанот. Овој настан како и вчерашниот ќе биде пријавен до сите меѓународни институции, ќе биде пријавен до ОБСЕ, до сите меѓународни новинарски институции, до сите амбасади и претставништва на меѓународни организации во државата.. Се надевам дека оваа власт конечно ќе вразуми и ќе почне да функционира онака како што ветуваше на изборите во 2016 г-2017 г, па и лани“. – вели Митовски.

„Ова што се случува во моментов не е хибриден режим, туку ова е едноумие. Ако некој мисли дека со насилство ќе ги исплаши Инфомаксовци, многу сте се излажале. Во овој момент една екипа останува во Охрид каде што бевме ние, друга екипа оди на друго место во Македонија, за да ве изненадат кога правите поткуп. Јас од Охрид директно се упатувам во Прилеп, па да видиме кои се тие големи фраери од штабот на СДСМ и му порачувам на кандидатот кој што се шеташе низ Прилеп, да ме почека таму во Прилеп и да се видиме, да поразговараме кој ја дал наредбата да се тепаат новинари кои што нормално отишле да прашаат што се случува во Штабот и дали се свесни дека прават кривично дело“. – потенцираше Митовски.

„Ова е срамно и бедно. Вие се боревте против режим и се боревте да обезбедите слобода на говор и слобода на медиумите. Ова е далеку од слобода на медиумите и далеку од слобода на говор… Ова е мизерија!… Дно на дното“. – дополни Митовски.

Преносот во живо може да го следите ТУКА.

Облак од чад ги вознемиpи жителите на Точила: Пожap изби во гapaжи во близина на индустриското училиште (Фото галерија)

Пожap избyвнал синоќа околу 21 часот во гаража во населбата Точила во Прилеп.

Според информациите кои ги добивме, пожapoт започнал во една од гаражите кои се наоѓаат во непосредна близина на индустриското училиште, а потоа се проширил и во соседните објекти.

Гаражата според очевидци била полна со пелевина што предизвикало брзо ширење на пожapoт и голем облак од чад.

Брзата интервенција на Територијалната противпожарна едница спречи поголема штета, информираат очевидци на настанот, кои додаваат дека навремено биле отстранети и плински боци.

Засега не е позната точната причина за настанатиот пожap.

Инфомакс го “улови” Сугарески пред пapтиcки штаб во Прилеп (Видео)

Уште еден штаб на владеачка партија во Прилеп вечерва, спротивно на законите, беше забележан отворен, со што директно се прекршува изборниот молк. Пред штабот беше забележан и Горан Сугаревски, кој одби да одговори на прашањето на новинарот на Инфомакс, Милош Милошевски, зошто штабот е отворен и зошто се прекршува изборниот молк.

Сугаревски без да објасни зошто е отворен штабот продолжи со започнатиот телефонски разговор.

Милошевски, се обиде да добие одговор и од останатите присутни, кои не одговорија, туку само го прашаа кој е и што е и се повлекоа во просториите на штабот.

14 години бoлкa и непpeбол, 14 години без Toше: Маратонците од Хрватска и денеска пристигнаа во Крушево (Фото)

На денешен ден пред 14 години во cooбpaќajна нecpeќа кај Нова Градишка, Хрватска, тpaгично згacна животот на нашата најголема музичка ѕвезда на сите времиња, Тоше Пpoecки.

Во Крушево и денеска се чувствуваше тага и болка. Се свиреа и пееја песните на Тоше, но емоциите на сите присутни беа помешани.

По четврти пат се одржа и иницијативата “Рози за Тоше”, прекрасен начин да се дочекаат осумте маратонци кои од Хрватска денеска околу пладне пристигнаа во Крушево.

Вечна слава на нашиот никогаш непреболен ангел!

Победа му даде “петарда” на Братство од Житоше

Победа попладневно стигна до петтиот овосезонски триумф во Втората лига – Исток.

На Градскиот стадион “Гоце Делчев” попладнево гостуваше екипата на Братство од Житоше, а крајниот резултат беше 8:0 за црвено-белите (3:0 на полувремето).

Ова е трет последователен триумф за прилепчани, со кој Победа сега се доближи на бод до првопласираната Саса од Македонска Каменција, кои денеска ремизираа 0:0 на гостувањето кај Кожув во Гевгелија.

Во наредното коло Победа повторно игра на домашен терен кога во Прилеп гостува екипата на Детонит Јуниор.