дома блог страница 1852

Борче Јовчески ќе победи во прв круг?

Во политичките партии веќе започнаа да пристигнуваат првичните резултатити за некои избирачки места во Прилеп.

Од наши извори дознаваме дека кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Др. Борче Јовчески, ја зголемува разликата пред опонентите.

Во прилог ви пренесуваме дел од резултатите:

Тризла 2- Јовчески 210, Сугарески 192; Рид 36- Joвчески 94, Сугарески 80, Стеваноски 15; Тризла 1- Јовчески 159, Сугарески 96; Чепигово- Јовчески 66, Сугарески 37 гласа; Бонче- Joвчески 27 гласа; Избирачко место 1392/1- Јовчески 223, Сугарески 104, Стеваноски 6; Избирачко место 1418- Јовчески 136, Сугарески 101, Стеваноски 4; Избирачко место 1416- Јовчески 201, Сугарески 124 гласа.

62 проценти до 18:30 часот, уште 30 минути гласање, избирачките места се преполни

Според последниот пресек проценотот на излезеност во Прилеп се движи околу 62 проценти.

До затворањето на избирачките места има помалку од 30 минути, а гласањето се одвива без застој.

Овој процент на излезеност го става Прилеп на првото место од поголемите општини, а колкав ќе биде процентот на излезеност до крајот на изборниот процес, ќе видиме во последниот пресек на ДИК.

ДИК: Избopниот молк ќе пpoдолжи и после 19 чacoт

Изборниот молк ќе трае додека не се затвори и последното гласачко место, велат извори од Државната изборна комисија (ДИК).

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на последната прес-конференција информираше дека избирачките места каде има ред за гласање ќе останат отворени и по 19 часот за да може и оние граѓани кои ќе се најдат во дворот или во ходникот од гласачкото место да го остварат правото на глас.

Исто така, како што брифираат од ДИК, со оглед дека на десетина места имаше прекин на гласањето, од кои најдолгото 2 часа и 55 минути, ќе има продолжување на времето за гласање по 19 часот.

Процентот се крева, 55 проценти, реки народ пред избирачките места во Прилеп

До 17 часот во Прилеп гласале околу 55% од граѓаните со право на глас.

Право на глас во општина Прилеп имаат 63.436 гласачи.

За гласовите од прилепчани се борат докторот специјалист Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, поранешниот министер за транспорт и врски и директор на Царина Горан Сугарески од СДСМ, стопанственикот Славе Петрески од ЛДП и ДОМ како граѓанско движење „Одлучни за промени“, независниот кандидат, адвокатот Жарко Стеваноски, и бизнисменот Зоран Митрески од Интегра.

Прилеп рекордер со 45% излезеност, дали ова е некаква порака?

До 15:30ч. во Прилеп гласале околу 45% од граѓаните со право на глас, информираат извори од политичките партии.

Овој процент на излезеност го става Прилеп на првото место од поголемите општини, а очекувањата се дека до крајот на изборниот ден со вакво темпо излезеноста ќе биде 70%.

Право на глас во општина Прилеп имаат 63.436 гласачи.

Од останатите општини голема излезеност има во Демир Хисар 51%, Новаци 60%, Крива Паланка 49%, Лозово 54% и Македонски Брод 47%.

Максим Димитриевски со порака до Оливер

Максим Димитриевски преку Фејсбук статус му испрати порака на Оливер

-Оливер го надмина и МВРО, сепак кумановци на поткуп и присила одговараат со разум, се одважуваат и ќе стават крај на режимските методи, напиша Димитриевски.

Прилеп на нозе, 34% во 13 часот – Ќе има ли рекордна излезност до 19 часот?

Изворите од политичките партии во Прилеп говорат дека до 13 часот гласале околу 34% од граѓаните со право на глас.

Според овие бројки очекувањата се дека до 19ч на гласање ќе излезат околу 70% од граѓаните на гласање.

Во Прилеп право на глас денеска имаат 63.436 граѓани и жители на населените места.

Амбacaдата на САД го извеcтила ОЈО дека 83 лица добиле opyжje со цел попpeчyвање на избopниот пpoцес

Неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности сторени на подрачјето на ОЈО Скопје добила Комисијата за следење на кривични дела поврзани со изборите и гласањето.

Од амбасадата на САД во земјава доставено било известување дека лице од политичка партија пријавило оти над 80 лица добиле огнено оружје за да го загрозат изборниот процес.

– На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија. По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност, велат од ОЈО.

ДИК иcпpaти извecтyвање дo OИК – важна инфopмaција и зa гpaѓaнитe

Од Државната изборна комисија е испратен меил до сите општински изборни комисии кои треба да го проследат до избирачките одбори.

Меилот јавно на денешната прва прес конференција го прочита претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

„Почитувани,

ДИК ве известува доколку гласачот неспорно е идентификуван во избирачкиот список а уредот за биометриска идентификација не го препознава и по неколку обиди на гласачот му се дозволува да гласа со оставање на отисок од прст во изводот на избирачкиот список во графата за отисок на прст. Напомена: Стариот начин на гласање со употреба на спреј и УВ лампа се применува само во случај кога уредот за биометриска идентификација на гласачот е неупотреблив или нема можност за негова замена.

17% од прилепчани излегле до 11 часот, се очекува над 70 проценти до 19 часот

Информациите од политичките партии говорат дека до 11 часот во Прилеп на гласање излегле околу 17% од граѓаните.

Според оваа бројка очекувањата се дека излезеноста во Прилеп до 19ч. ќе биде над 70%.

Во градот под Марковите Кули според податоците на Државната изборна комисија право на глас денеска имаат 63.436 граѓани, а досега според овие информации на гласање имаат излезено над 11.000 гласачи.