дома блог страница 1851

Peгyлатopна: Гopивата од утре повторно пocкапyваат

Регулаторната Комисија за Енергетика објави дека од вечерва на полноќ цените на горивата ќе се зголемат за по еден денар.

Во согласност со методологијата за пресметка, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.23%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се зголемуваат за по еден денари. Соодветно на тоа, еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 76.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 78.50 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Еве го конечниот peзyлтат за Пpилеп

Локалните избори во Прилеп завршија со првиот изборен круг, нов градоначалник на општина Прилеп е Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

На овие локални избори трката за прв човек на општина Прилеп ја трчаа 5 кандидати, а исходот е огромна победа на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

Борче Јовчески е победник во првиот изборен круг со освоени 54,84% од гласовите, односно за него гласаа 22.196 граѓани.

Неговиот опонент од СДСМ, Горан Сугарески, освои 36,21% од гласовите, или во бројка 14.655.

На трето место е независниот кандидат од иницијативата “Че вреди”, Жарко Стеваноски со освоени 1.071 гласови.

Славе Петрески од “Одлучно за промени” освои 587 гласови, а Зоран Митрески од Интегра само 314 гласови.

Сугарески му честиташе на Јовчески за победата

-На крајот на изборниот процес, би сакал да ви се заблагодарам на вашата поддршка искажана за време на изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на општинскиот Совет.

Мнозинството граѓани од нашата општина се изјасни за промени и му ја даде довербата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

На новиот градоначалник Борче Јовчески, му ја честитам победата. Му посакувам да ги реализира планираните проекти, кои ќе придонесат за понатамошен развој на градот и подобар живот на граѓаните на општина Прилеп – напиша Сугарески на Фејсбук.

Над 7.000 разлика во Прилеп – Миле Талевски утре поднесува оставка, членството е бесно?

Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ е новиот градоначалник на Општина Прилеп. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа пред кандидатот на СДСМ, Горан Сугарески со 7.540 гласови.

Ова се податоци од Државната изборна комисија каде се преброени 99,30% проценти од гласовите. Недостасуваат информации за само едно избирачко место.

За промени и нова иднина во Прилеп гласале 22.163 гласачи, додека за СДСМ гласале 14.623 гласачи.

Неофицијалните информации говорат дека во СДСМ Прилеп овој резултат бил дочекан тензично. Членството било незадоволно од раководството кои пак им ветувале сигурна победа во градот под Марковите Кули.

Уште веднаш се барала оставка од претседателот на Општинската организација, Миле Талевски.

Прилепчани го кренаа докторот на раце: Се слави голема победа во прв круг

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во прв круг во општина Прилеп, каде општината во наредните 4 години ќе ја предводи ортопедот Д-р Борче Јовчески.

Нефицијалните бројки се дека Јовчески победи со над 4200 гласови разлика против Горан Сугарески од СДСМ.

Вечерва стотици прилепчани излегоа на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” каде се слави големата победа.

Насобраните прилепчани го кренаа Јовчески на раце и му честитаа за големата победа.

Со „Едно име имаме“ и веејќи македонски знамиња: ВМРО-ДПМНЕ ја слави победата во Прилеп (Видео)

Со веење на македонски знамиња и пеејќи прекрасни македонски песни, се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.

Д-р Борче Јовчески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, е новиот градоначалник на Прилеп.

Јовчески се заблагодари за поддршката: Се’ што беше ветено започнува да се исполнува уште од утре

Победнички Прилеп!!!!Да живее ВМРО -ДПМНЕ, да живее Македонија – пишува Д-р Борче Јовчески после победата во Прилеп.

– Прилеп денес избра промени!Прилеп денес го направи вистинскиот избор. Драги сограѓани и жители на населени места, огромна благодарност за искажаната доверба и вашата убедлива поддршка. Ветувам дека се што беше ветено и е дел од нашата програма, ќе почне да се исполнува почнувајќи од утре. Вие го направивте вистинскиот избор! – пишува Јовчески.

СДСМ: Победивме во Лозово

Од СДСМ брифираат дека нивните кандидати за градоначолници во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово ќе победат во првиот круг.

Убедливо водство со можност за победа во прв круг во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево, велат од СДСМ.

Јовчески победи со над 4.500 гласови разлика, потоп на СДСМ, се бара оставка од Миле Талески?

Информациите од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ говорат дека Д-р Борче Јовчески моментално има водство од околу 4.500 гласа разлика во Прилеп.

Негов противкандидат беше Горан Сугарески од СДСМ. Останува овие податоци да бидат потврдени во наредните 2 часа и да се знае точната разлика, но се чини дека локалните избори во Прилеп завршуваат во првиот круг.

Неофицијално, членството уште сега бара оставка од претседателот на ОО СДСМ Прилеп, пратеникот Миле Талевски.

До нашата редакција пристигнуваат многу информации во моментов, останува да бидат потврдени во текот на ноќта.

Прилеп е вмровски град ечи насекаде според резултатите

Политичките партии веќе ги споделуваат резултатите за дел од избирачките места.

Ова се новите информации кои ги споделуваат партиските извори:

Избирачко место 1351- ВМРО 244, СДСМ 213; Избирачко место 1367- ВМРО 143, СДСМ 90; Избирачко место 1388/1- ВМРО 180, СДС 102.

Резултатите се однесуваат за кандидатите за градоначалници.