дома блог страница 1849

Амepиканcки xиpypзи ycпешно тpaнcплантиpaa бyбpeг од cвињa на човeк

Хирурзи во Њујорк, САД, извршија успешно пресадување бубрег од генетски модифицирано прасе на човек. Како што пишува „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално.

Според директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт.

Новиот орган почнал да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи“, рече докторот. Според него, генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето.

-Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето на пресадениот орган, вели професорот вклучен во испитувањата.

Миле Талевски не им се заблагодари ниту на гласачите на СДСМ од Прилеп, а тие чекаат оставка

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп и единствен пратеник на СДСМ од градот под Марковите Кули, е човекот чие име најгласно се изговара на социјалните мрежи, и се посочува како најголем виновник за дебаклот на партијата на локалните избори.

Талевски беше главен промотор на Сугарески и секојдневно го напаѓаше сега новиот градоначалник, Д-р Борче Јовчески. На членството и активистите на партијата им ветуваше сигурна победа и ширеше победничка атмосфера, но изборниот резултат покажа катастрофален пораз од 7.500 гласови разлика.

Првиот човек на СДСМ од Прилеп два дена не собра ниту храброст да им се заблагодари на сите оние 14.000 граѓани кои ја поддржаа нивната понуда за градоначалник.

Последната објава на неговиот Фејсбук профил е следната:

Се чини дека не случајно членството и симпатизерите на СДСМ во Прилеп, гласно бараат негова оставка од претседател на општинската организација…

Температури и до 23 степени до петок, од сабота нови врнежи од дожд

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток.

За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Утре ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Вучиќ се дружеше со Џони Деп (Видео)

Холивудскиот актер Џони Деп е во посета на Србија. Заедно сосрпскиот актер Милош Биковиќ, Деп беше на прием кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ му се заблагодари на Деп за се што прави за промоција на Србија.
„Ви благодарам, драг Џони, за се што правите за промоција на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, каде објави и фотографии со холивудскиот актер.

Претходно, Вучиќ објави снимка од средбата со Деп, кој денеска пристигна во Белград по повод промоцијата на првата анимирана серија „Пафини“, произведена во Србија.

Добредојдовте во Србија “, напиша Вучиќ под видеото.
Снимката покажува дека Вучиќ и Деп разговарале за снимање на филмот.
„Снимањето во Србија беше прекрасно. Поради моите улоги, постојано се трансформирам и го менувам мојот карактер “, рече актерот.
Џони Деп е во Србија по повод промоцијата на првата анимирана серија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студиос“ (ИЕС).

Деп биде сместен во претседателскиот апартман на познат хотел, додека за ручек и вечера ќе му служат национални јадења од Србија, како и домашна ракија и вино.

Димовски: “Ова не се случило до сега”

Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во урбаните центри и градови, кои имаат над 50.000 гласови и тоа носи огромни разлики, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Илија Димовски во емисијата „24 анализа“, пренесува Инфомакс.

Според него, „досега во Аеродром не се случила победа со разлика од 10.000 гласови“.

Тој додава дека разликата на ниво на град Скопје на советничката листа е 25. 000 помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на државно ниво на советничките листи е помеѓу 50 и 50. 000.

– Победа во Кисела Вода со 7.500 гласови разлика не се случила, во Гази Баба со разлика од 8 или 9.000 победа не се случила- потенцира Димовски.

Тој рече дека Заев излегол вчера пред јавноста и рекол дека СДСМ и Петре Шилегов воделе со 15.000 разлика, а денеска гледаме дека губат 8 до 9.000 разлика на трката за градоначалник, а на трката за Градскиот Совет СДСМ губи со 25.000 гласови, и појасни дека воопшто ваквите резултати не говорат дека е изедначено, туку се во полза на опозицијата.

– Во скопските општини кои се десет на број, во седум води Данела Арсовска, од кои и во Центар и во Карпош, додека Петре Шилегов води во три општини во Сарај, во Чаир и во Шуто Оризари, ако првиот круг Петре Шилегов го изгуби со 8.000 гласови, вториот ќе го изгуби најмалку со 18.000 гласови – рече Димовски.

Тој вели дека резултатите се евидентни и во вториот круг ќе бидат во полза на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде победник.

Ако миcлевте дека ceкаде во дpжавно е yбаво, погледнете како е во cтapa општина во Пpилеп (Фото галерија)

Taвани кои се распаѓаат и опасно се заканyваат да повредат некој, влага, мувла, нечистотија…во вакви услови работат административците во старата општинска зграда во Прилеп.

Иако неколку пати досега имаме апелирано, досега никој не се ангажира за подобрување на условите за работа на десетици вработени во подрачните одделенија на министерствата кои функционираат тука.

Дождот во изминатите 3 недели уште повеќе ја влоши состојбата, па таваните почнале насекаде да попуштаат и да паѓаат.

Низ овие ходници дневно помиуваат и голем број граѓани кои имаат потреба од остварување на некое свое право или услуга, за среќа никој засега не е повpeден.

Вработените велат дека кога врне надвор низ ходниците се движат со чадори, како да се под отворено небо.

Местото наликува на некој запуштен објект во кој никој не стапнал во изминатите 20-30 години, нешто налик на сцените од градот Припјат, кој бил испразнет поради нуклеарната катастрофа во Чернобил.

Дел од институциите веќе им обезбедија подобри услови на своите вработени во други објекти, но тука се уште работат голем број службеници кои секојдневно се соочуваат со оваа глетка и се пазат да не настрадаат.

3aeв плаши мали деца: Режимот тропа на вратите, мораме да застанеме на патот на заканите и опacностите кои ги носи ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев два дена по изборниот ден преку писмо се обрати до членовите на партијата, во кое потенцира дека промените не се доволни и дека борбата не е завршена. Тој дополнува дека СДСМ греши, но учи и се поправа. Писмото на претседателот на владејачката партија Ви го пренесуваме во целост:

„Другари и другарки, храбри социјалдемократи, поддржувачи на демократијата и на прогресот,

Дозволете да ви се заблагодарам за целокупниот ваш ангажман и труд што го дадовте за овие избори, но и за сите процеси во изминатите години низ кои заедно ги направивме големите промени во македонското општество. Трудот е наш, заеднички, на сите, но денес е јасно дека промените не се доволни, дека тие треба да се случуваат многу побрзо и поквалитетно и дека нашата борбата не е завршена.

Граѓаните во првиот круг на овие избори ни пратија јасна порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа. Народот не е за ВМРО-ДПМНЕ. Но, во исто време народот сака многу подобар резултат и многу повисок интензитет на промени реализирани од СДСМ. Ние тоа и можеме и мораме да го испорачаме. Сите ние, секој од нас. Заедно.

Граѓаните ја бараат нашата мобилизација и нашата борба за нов циклус промени. Граѓаните сакаат земјата и општините да ни одат напред и ние мораме да го дадеме максимумот за тоа да се случи. Во спротивно, режимот тропа на вратите. И веќе успеа да влезе во некои од општините. Ние имаме демократска обврска да се бориме, да испорачаме промена и подобрување во начинот на наше управување и да застанеме на патот на заканите и опасностите кои ги носи ВМРО-ДПМНЕ.
Влегуваме во вториот круг и во борба за секој глас, за секој град, за секоја општина. Нема важни и неважни. Сите се важни. Ако сакаме да ја добиеме оваа борба, мораме да разбереме дека секој човек е важен, секој глас е важен. Секој глас мора да биде слушнат, испочитуван, уважен. Тоа е промената која ја бараат граѓаните од нас.

Затоа, мораме да ја зголемиме нашата достапност, отвореност и експедитивност во решавањето на проблемите на секоја индивидуа, на секоја група граѓани. Ние не сме и никогаш нема да бидеме недостижни и недостапни, тоа нам не ни прилега. Напротив, ние сме и мораме да останеме скромни и приземјени. И само така ќе го одржиме правецот на кој заедно ја поставивме нашата земја.

Затоа, ве повикувам на ОБЕДИНУВАЊЕ!
Сега е време за обединување затоа што од другата страна се истите насилници и криминалци кои ја уништуваа нашата земја со години. СДСМ греши, но учи и се поправа. ВМРО-ДПМНЕ е партија на своеволие и узурпација на сè државно за свои интереси. И тука има голема разлика. Сега е време за борба, за уважување на гласот на секого и за обединување. А, ние сме борци, ние сме отворени луѓе и отворена партија и знаеме и да слушаме, и да постапуваме, и да се менуваме. Тоа го имаме и докажано, и покажано преку бројни примери кога критиките и пораките од граѓаните сме ги прифаќале и сериозно сме ги ревидирале и подобрувале нашите чекори и политики.

Велат дека за да победи злото доволно е добрите луѓе да не направат
ништо. Овој пат, ние нема да набљудуваме и да не правиме ништо додека злото се заканува. Ќе дејствуваме! Затоа, од секоја општинска организација барам акција.
Исклучително важно и неопходно е секој Општински изборен штаб да биде во постојана консултација со Централниот изборен штаб и да ги следи насоките, од една страна, но и да биде отворен за предлозите, ставовите и пораките кои доаѓаат од членството, од поддржувачите и од граѓаните, од друга страна.

Потребна е брза анализа и враќање на теренот ВЕДНАШ. Потребни се брзи
промени и акции кои ќе придонесат кон БОРБА, УВАЖУВАЊЕ НА ГЛАСОТ НА
ГРАЃАНИТЕ, ОБЕДИНУВАЊЕ и со тоа ПОБЕДА на СДСМ во вториот изборен круг. Тоа и тоа како е можно и е на дофат.

Од нас зависи. Потребно е да се обратиме и да подадеме рака на секој еден
човек, секој еден глас којшто можеби сме го пропуштиле во првиот изборен круг.
СДСМ го слушна гласот на граѓаните и ќе направи сè да го обедини прогресот.

Напред другари. Борбата продолжува!

Ваш,
Зоран Заев“, се вели во писмото.

Шилегов монтира лифт, дали се бара МАТКАЧ од Прилеп за да го вози?

Петре Шилегов ги загуби изборите за Скопје, ама си постави лифт за време на изборната кампања во својата дивоградба, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Посочува дека вградување на лифт во четирикатница, чини колку двегодишни градоначалнички плати во Град Скопје.

-Шилегов поставил лифт од луксузните гаражи за луксузните возила до дивоградбата на четвртиот кат. Скопје пропаѓа, додека Петре Шилегов во 4 години изгради вила од 300м2 на Маврово, има нови возила во вредност од 130.000 евра, а семејната куќа ја претвори во зграда од 4 ката на диво, без дозвола за градба. Се тоа со градоначалничка плата. Фирмата на Петре Шилегов, барем според податоците за приход, е на раб на банкрот, на пример во 2019-та година имала ќар од само 5.000 евра. Скопје пропаѓа, а Петре Шилегов, гради во Карпош без документи, а од јавноста ги крие фирмите кои веќе половина година работат тука кај него, нагласува Стоилковски.

Според него Скопје пропаѓа, затоа што Петре Шилегов е посветен на личен луксуз.

-Скопје пропаѓа, а Шилегов гради луксузни вили за себе, затоа што гради дивоградби во Скопје, затоа што купува возен парк од 130.000 евра. Скопје пропаѓа, а Шилегов зголеми имот за речиси половина милион евра.Скопје пропаѓа, скопјани го казнија Шилегов и неговиот луксуз без документи. Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Jaнчев не чека да завршат изборите, уште денеска се фати за работа (Фото)

Староновиот градоначалник на Каварадци, Митко Јанчев иако победи убедливо и со најголема разлика на територијата на нашата држава во првиот круг, веднаш се фати за работа.

Имено тој уште денес продолжи онаму каде што застана и поплочи 1920 метри квадратни на една од поголемите улици во Кавадарци.

-Поплочување на тротоар на ул.Методија Џунов Џикот и уредување на дол Калница каде што треба да се стави и настрешница. Изведувач на работите е фирмата Павер Трејд, вкупната квадратура за поплочување е 1920 метри квадратни, објави Јанчев на Фејсбук.

Миле Талевски бараше дуели, а го нема никаде четири дена (Видео)

Бараше ТВ дуели, сега го нема ни под дрво, ни под камен…

Пратеникот Миле Талевски и претседател на ОО СДСМ Прилеп…

Не случајно членството бара оставка после дебаклот на изборите во Прилеп.