дома блог страница 1848

Taравари: Алијанса во Кичево ќе гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Наш политички противник е ДУИ, а секој кандидат кој не е од ДУИ треба да биде поддржан од албанската опозиција, рече генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за порталот Тетова сот.

Таравари најавува дека неговата партија најверојатно ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

– Мора најпрво да седнеме со нашиот коалициски партнер Алтернатива и верувам дека за два-три дена ќе ги имаме дефинирано партиските позиции кои ќе бидат официјализирани од органите на партиите. Наш политички протиник е ДУИ, па секој кандидат кој не е од ДУИ сметам дека треба да биде поддржан од албанската опозиција и тоа во сите општини без исклучок – изјавил Таравари.

Тој вели дека веќе испил кафе и со шефот на изборниот штаб на Беса, Аријанит Хоџа, и дека и нему му кажал дека главниот политички противник за Алијанса за Албанците е ДУИ.

Cтojaнче Ангелов му чecтиташе на BMPO, ама ocтанувал со CДCM

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов упати честитки на адреса на ВМРО-ДПМНЕ за постигнатиот успех на локалните избори.

-Честитки до СДСМ и коалицијата за успешно спроведените, фер и демократски избори.

Честитки до ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за постигнатиот успех на локалните избори.

Честитки до Левица кои газат напред и стануваат сериозен фактор на македонската политичка сцена.

Честитки и до сите останати учесници заради покажаниот висок демократски капацитет.

Верувам дека политичката шареноликост на општинските совети ќе придонесе за креирање на поквалитетни одлуки во интерес на граѓаните, пишува Ангелов на Фејсбук.

Во наредниот статус на ФБ, Ангелов истакнува дека продолжува коалицијата на неговата Достоинство со СДСМ.

-Политичката партија Достоинство, како репрезент на дел од македонските бранители, нема свој пратеник во македонското Собрание но е дел од владејачката коалиција предводена од СДСМ. Бидејки напредокот на државата е наша највисока цел, очекуваме стабилното владино мнозинство да го продолжи македонскиот демократски и европски пат.

ЛДП и ДОМ не ги повикаа јавно своите гласачи да гласаат за СДСМ во вториот круг

Ние сметаме дека граѓаните се доволно интелегентни и доволно паметни нашите гласачи овие 30.000 да ние нема потреба да ги насочуваме за кого ќе гласаат, тие доволно знаат за кого да го дадат гласот и сметаме дека секое наше јавно објавување или поддршка значи дека ние сме влегле во ова да се пазариме со тие гласови, изјави Горан Милевски, претседател на ЛДП

ЛДП и ДОМ јавно нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“.

-Ние уште пред да започне кампањата изјавивме дека тоа се гласови на граѓаните. Ние не располагаме со тие гласови и верувам и убедена сум дека граѓаните се многу мудри и точно знаат кое е значењето на функцијата градоначалник на општина, на град и сега во вториот круг и ќе го поддржат кандидатот, личноста за која веруваат дека навистина во следните четири години ќе ја води општината или градот во позитивен правец, рече претседателката на ДОМ, изјави Морачанин.

Партијата на Павле Трајанов и Сојузот на ромите верни на СДСМ, останувале со нив и за втор круг

Владејачката СДСМ добива поддршка во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Сојузот на Ромите активно ќе учествува во кампања.

-Најголемата ромска политичка партија, Сојуз на Ромите од Македонија, како најмоќна ромска политичка структура дава силна и јасна поддршка на владината коалиција предводена од СДСМ. Kако нејзин сериозен партнер, ќе продолжи и понатаму да соработува и придонесува за подобрување на животот и стандардот на сите граѓани во Република Северна Македонија. Како дел од владиното мнозинство, нашата заедничка цел е напредокот на нашата земја во сите сфери, а особено во делот на економијата, вработувањето и влезот на Северна Македонија во Европската Унија, велат од партијата. Покрај соработката на национално ниво, со СДСМ интезивно соработуваме и на локално ниво. На 31 октовмри, на вториот круг од гласањето за локалните избори, СРМ како партија со своето членство, ја дава целосната подршка за заедничката коалиција НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА. Мораме да напоменеме дека, сите наши партиски ограноци и партиски комитети на ниво на целата државата, активно ќе се вклучат во кампањата за локалните избори и ќе придонесеме за големата победа во сите општини и градови како и во Градот Скопје, каде коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА НАШАТА ОПШТИНА, има кандидати за градоначалници во втор круг, велат од партијата.

Поддршка доаѓа и од Демократскиот сојуз, кој ги повика своите членови и симпатизери да заокружат „12“ на 31 октомври.

-Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската унија, да јакне стабилноста и економскиот развој. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните. Демокрстскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред.

Демократскиот сојуз, со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работи во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата. По завршувањето на локалните избори развојот на општините останува еден од нашите највисоки приоритети, се вели во дописот од Демократски Сојуз.

23 октомвpи нepaботен ден за сите гpaѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2021година (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните на Македонија им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

Амepиканcки xиpypзи ycпешно тpaнcплантиpaa бyбpeг од cвињa на човeк

Хирурзи во Њујорк, САД, извршија успешно пресадување бубрег од генетски модифицирано прасе на човек. Како што пишува „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално.

Според директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт.

Новиот орган почнал да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи“, рече докторот. Според него, генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето.

-Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето на пресадениот орган, вели професорот вклучен во испитувањата.

Миле Талевски не им се заблагодари ниту на гласачите на СДСМ од Прилеп, а тие чекаат оставка

Претседателот на ОО СДСМ Прилеп и единствен пратеник на СДСМ од градот под Марковите Кули, е човекот чие име најгласно се изговара на социјалните мрежи, и се посочува како најголем виновник за дебаклот на партијата на локалните избори.

Талевски беше главен промотор на Сугарески и секојдневно го напаѓаше сега новиот градоначалник, Д-р Борче Јовчески. На членството и активистите на партијата им ветуваше сигурна победа и ширеше победничка атмосфера, но изборниот резултат покажа катастрофален пораз од 7.500 гласови разлика.

Првиот човек на СДСМ од Прилеп два дена не собра ниту храброст да им се заблагодари на сите оние 14.000 граѓани кои ја поддржаа нивната понуда за градоначалник.

Последната објава на неговиот Фејсбук профил е следната:

Се чини дека не случајно членството и симпатизерите на СДСМ во Прилеп, гласно бараат негова оставка од претседател на општинската организација…

Температури и до 23 степени до петок, од сабота нови врнежи од дожд

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток.

За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Утре ќе биде претежно сончево, претпладне во јужните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Вучиќ се дружеше со Џони Деп (Видео)

Холивудскиот актер Џони Деп е во посета на Србија. Заедно сосрпскиот актер Милош Биковиќ, Деп беше на прием кај претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ му се заблагодари на Деп за се што прави за промоција на Србија.
„Ви благодарам, драг Џони, за се што правите за промоција на Србија“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил, каде објави и фотографии со холивудскиот актер.

Претходно, Вучиќ објави снимка од средбата со Деп, кој денеска пристигна во Белград по повод промоцијата на првата анимирана серија „Пафини“, произведена во Србија.

Добредојдовте во Србија “, напиша Вучиќ под видеото.
Снимката покажува дека Вучиќ и Деп разговарале за снимање на филмот.
„Снимањето во Србија беше прекрасно. Поради моите улоги, постојано се трансформирам и го менувам мојот карактер “, рече актерот.
Џони Деп е во Србија по повод промоцијата на првата анимирана серија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студиос“ (ИЕС).

Деп биде сместен во претседателскиот апартман на познат хотел, додека за ручек и вечера ќе му служат национални јадења од Србија, како и домашна ракија и вино.

Димовски: “Ова не се случило до сега”

Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ победи во урбаните центри и градови, кои имаат над 50.000 гласови и тоа носи огромни разлики, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен пратеник Илија Димовски во емисијата „24 анализа“, пренесува Инфомакс.

Според него, „досега во Аеродром не се случила победа со разлика од 10.000 гласови“.

Тој додава дека разликата на ниво на град Скопје на советничката листа е 25. 000 помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а на државно ниво на советничките листи е помеѓу 50 и 50. 000.

– Победа во Кисела Вода со 7.500 гласови разлика не се случила, во Гази Баба со разлика од 8 или 9.000 победа не се случила- потенцира Димовски.

Тој рече дека Заев излегол вчера пред јавноста и рекол дека СДСМ и Петре Шилегов воделе со 15.000 разлика, а денеска гледаме дека губат 8 до 9.000 разлика на трката за градоначалник, а на трката за Градскиот Совет СДСМ губи со 25.000 гласови, и појасни дека воопшто ваквите резултати не говорат дека е изедначено, туку се во полза на опозицијата.

– Во скопските општини кои се десет на број, во седум води Данела Арсовска, од кои и во Центар и во Карпош, додека Петре Шилегов води во три општини во Сарај, во Чаир и во Шуто Оризари, ако првиот круг Петре Шилегов го изгуби со 8.000 гласови, вториот ќе го изгуби најмалку со 18.000 гласови – рече Димовски.

Тој вели дека резултатите се евидентни и во вториот круг ќе бидат во полза на ВМРО-ДПМНЕ која ќе биде победник.