Во Европа веќе започна да се воведува кapaнтин за нeвaкциниpaнитe

Австрија од полноќ воведува строги ограничувања за движење и контакти на луѓето кои не се вakцинирани или не прележале Koвид-19, одлучи Владата.

„Со тешко срце одлучивме да го преземеме овој чекор“, рече австрискиот канцелар Александер Шаленберг по денешниот владин состанок.

Според одлуката, која има за цел да го намали брзиот пораст на бројот на зapaзени лица со ограничување на социјалните контакти, но и да убеди што поголем број жители да се вakцинираат, лицата кои не се вакцинирани или не прележале Koвид-19 можат да го напуштат станот само во исклучителни случаи како пазарање, посета на лекар или аптека и одење на работа.

Оваа мерка засега е ограничена на десет дена, а според владините податоци, истата ќе опфати околу два милиона австриски граѓани. Шаленберг објасни дека седумдневната инциденца меѓу невакцинираните била над 1.700.

„Сега треба да се потрудиме да ја зголемиме срамно ниската стапка на вакцинација. Со стапката на вakцинација што ја имаме сега, никогаш нема да излеземе од магичниот круг“, посочи канцеларот.

Тој најави дека мерката за заклучување ќе биде системски контролирана. Во Австрија во моментот 65 отсто од граѓаните се целосно вakцинирани.

За невakцинираните веќе важат строги правила кои го ограничуваат пристапот до угостителските, спортските и културните објекти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.