дома блог страница 1841

Лошо мy се пишyва и на Д У И: БECA ќе ги поддpжи кандидатите на Алиjaнca на Aлбанците

Генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа најави дека веќе е дефиниран договорот за соработка меѓу оваа партија и опозициската партија Алијанса за Албанците.

Според овој договор, Хоџа ги повика гласачите на Беса да гласаат за кандидатите за градоначалници на Aлијанса во вториот круг, и обратно, Алијанса ќе им посочи на своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Беса во општините каде што партијата има кандидидат.

„Анализирајќи ги последните случувања на политичката сцена како и застарената коалиција меѓу ДУИ и ДПА, за вториот круг од локалните избори, наметнува јасна позиција на Движењето Беса против старите политики на овие две политички партии кои не видеа принцип на сопствените и против нивната волја се принудени да се обединат за сопствен интерес … Апелираме во вториот круг од локалните избори сите гласачи на Движењето Беса да ги поддржат кандидатите на Алијансата за Албанците, со што ќе помогнат да се порази политиката на ДУИ и ДПА. Бараме и од Алијансата за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во Тетово и Желино“, рече Хоџа, пренесува ТВ21.

Павле Tpajaнов: Во Гepманија не паѓaaт Bлади пopaди пopaз на локални избopи

Во Скопје се води тешка изборна битка во која шансите на актуелниот градоначалник Петре Шилегов се поголеми, но таа не е поврзана со опстојувањето на парламентарното мнозинство и Владата, вели претседателот на Демократски сојуз – Павле Трајанов, во интервју за „Локално“, прашан дали вториот круг на локалните избори ја решава судбината и на Зоран Заев како премиер, а во контекст на искуствата во другите земји со локалните избори.

„Се бираат совети на општините и градоначалници, а не Влада. Дали е пракса во Франција, Германија, Англија, Грција па и во соседните држави, ако се изгубат локални избори да падне влада или претседател? Секако дека не“, вели Трајанов, додавајќи дека Заев во никој случај не треба опстојувањето на Владата да го поврзува со исходот на изборите во вториот круг, бидејќи, посочува, таа порака демотивира.

Според Трајанов, по изборите треба да се направи темелна анализа за слабата поддршка и да се отворат многу прашања, пред сѐ кадровски, па ако треба да се разговара и за предвремени парламентарни избори. Но, факт е дека парламентарното мнозинство е стабилно, категоричен е лидерот на Демократски сојуз

Ова е првиот гpaдоначалник од ВМРО-ДПМНЕ кој ја презеде функцијата

Од Општинската изборна комисија на Општина Бутел, денеска му е врачено уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на Општината.

Како што соопштија од општината, градоначалникот Костовски при тоа истакнал дека од денеска е во служба на граѓаните и дека „сите заеднички ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитена Општина Бутел“.

Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници каде мнозинството од десет советници го има ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, беше направено и примопредавање на функцијата, откако досегашниот градоначалник го пречека новоизбраниот Дарко Костовски.

Според резултатите од гласањето во првиот круг на Локалните избори 2021, во Советот на Општина Бутел советнички места имаат пет политички партии, и тоа покрај ВМРО-ДПМНЕ со 10 советнички места, следат СДСМ – четири, ДУИ – три и АА/А и Левица со по едно советничко место.

“Збогум Гантер”: Фановите на серијата “Пријатели” се збогуваа со актерот

Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, најпознат по улогата на Гантер во серијата „Пријатели“, почина на 60 годишна возраст.

Познатиот актер кој од 2018 година се бореше со pak на простатата починал во својот дом во Лос Анџелес, потврдил неговиот претставник за ТМЗ.

-Светот го познаваше како Гантер (седмиот пријател), но најмилите негови го познаваа како актер, музичар, поборник за повисока свест за карциномот и сакан сопруг, се наведува во соопштението.

Својата болест Тајлер ја држел во тајност од јавноста околу три години, пред да открие дека има карцином кој се проширил.

-Дијагностициран ми е рак на простатата кој се прошири на моите коски. Се занимавам со оваа дијагноза околу три години. Четврта фаза. Рак во доцна фаза. Па на крај, знаеш, веројатно ќе ме докрајчи, рекол Тајлер во јуни во интервју за Тудеј.

Скопјанка со автомобил влетала во Канцеларијата на ЕУ

Таа ги поминала барикадите и стигнала до зградата во која е сместена Канцеларијата на ЕУ.

Жена влета во Канцеларијата на Европската унија во Скопје, објави Сител. Инцидентот се случил вчера рано наутро околу четири часот. Жената од засега необјаснети причини влетала и го скршила стаклото на Канцеларијата.

“Море сокол пие” во изведба на светски познатите Barcelona Gipsy balKan Orchestra (Видео)

Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја?

Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита.

Маргерита е Италијанка и е дел од составот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката – Barcelona Gipsy balKan Orchestra се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила.

Во описот на видео спотот ја пишале и добро познатата стара изрека: “Ако одиш во Босна немој да пееш, ако одиш во Србија немој да играш, а ако одиш во Македонија немој ниту да пееш ниту да играш”.

Секоја чест!

Последната жена која била градоначалник на Скопје била прилепчанка

Скопјани на 31. октомври ќе одлучат дали главниот град на Македонија одново после далечната 1948 година ќе го предводи жена.

На 31.октомври скопјани ќе гласаат во вториот круг од локалните избори и ќе избираат помеѓу актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ и независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Првиот круг речиси убедливо со 7.000 гласови разлика го доби Арсовска, а очекувањата се дека истото ќе се потврди и во недела.

Ако Данела победи на 31. октомври ќе биде само втората жена градоначалник на Скопје. Главниот град за прв и единствен пат досега го предводела Вера Ацева во далечната 1948 година.

Ацева која е родена во прилепско Оревоец, го предводела главниот град една година, а потоа станала министер за земјоделство.

Teшка cooбpaќajка во Битола: Се cyдpиja автомобил и мопед yпpaвyван од малолетник

На 24.10.2021 во 19.45 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на крстосница од ул.„Широка“ и ул.„Смилево“ во Битола се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Т.Р.(42) од Битола и мопед без регистарски ознаки, yпpaвyван од малолетник од Битола.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил мотopциклиcтот, а малолетниот сопатник на мопедот се здобил со телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничка болница Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Денеска нова одлyка: Ќе пocкапат ли одново гopивата?

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе одлука за цените на нафтените деривати. Дали ќе има повторно поскапување на цените на горивата ќе биде познато денес после пладне.

Речиси еден месец, секоја недела, цените на нафтените деривати се зголемуваат.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,010 (денари/килограм)

Кpajoт на октомвpи нocи cpeќа за овие xopocкопcки знаци

За овие четири хороскопски знаци до крајот на октомври следува голема среќа.

Овен

Вашиот љубовен и друштвен живот овој месец ќе процветаат. Би можеле да добиете посебни признанија, бидејќи вашата креативност ќе биде на високо ниво.

Лав

Изгледа дека овој месец ќе ги остварите долго посакуваните соништа. Сега е време да ризикувате и да го направите првиот чекор кон промените. Успешно ќе ви биде и љубовното поле. Овој месец ќе ви носи само успеси и среќа

Стрелец

По емоционалните падови кои ги поминавте, сега како феникс ќе станете и ќе ја преземете контролата над својот живот. Ќе се впуштите и во нови авантури и ќе побегнете од својата сигурна зона. Овој месец за вас е месец на возбудувања.