дома блог страница 1840

“Го сакам КАМ во поштенско сандаче” доби нова епизода – За неколку часа илјадници коментари

Нова лажна наградна игра се шири на социјалните мрежи и повторно некој го злоупотребува името на компанијата “КАМ”.

Слично на поранешното “Го сакам КАМ во поштенско сандаче”, сега нова финта, избери плик кој во него има 100.000 денари.

На официјалната страна на Фејсбук од компанијата напишаа дека се работи за лажна наградна игра и ги повикаа граѓаните да не наседнуваат на измамата.

Но, лажната наградна игра за само 4 часа собра илјадници коментари и споделувања….

– Почитувани клиенти, на социјалните мрежи со појави лажна наградна игра која не е организирана од КАМ маркет, ниту има некаква поврзаност со нашата компанија. Бидете внимателни и проверувајте ги информациите на интернет мрежите – напишаа на официјалната ФБ стана од компанијата.

Со 50 евpa до скоро 1 милион денapи – Мајсторија во “Евротип” (Фото)

Кога имате понуди за обложување со највисоки коефициенти како во обложувалниците Евротип, тогаш ви е потребна само уште малку среќа за составување тикет кој ќе ви донесе фантастична добивка.

Токму ваков тикет изминатава недела беше исплатен на играч од Тетово кој своето знаење и среќа ја испроба во Евротип. Да напоменеме дека е вистинска штета што тикетот не е уплатен со Евротип клуб картичка која доколку играчот на тикетот ја поседуваше и искористеше при уплатата, истата би му донела бонус од 17 проценти на вкупната сумата за исплата и би била милионска.

Уште еднаш секоја чест за составувачот на тикетот и се надеваме дека наредниот пат добитникот при уплатата ќе користи и Евротип картичка.

Прилепското дерби во Скопје му припадна на Младост 96, триумф и над Работнички

Викендов во СЦ “Јане Сандански” во Скопје продолжи Супер и Првата лига на Македонија во пингпонг. Се одиграа 2 и 3 коло, во кое екипата на Младост96 оствари нови две победи, и од самиот старт не го пропушта врвот на табелата во Супер лигата.

Во второто коло Младост96 убедливо со 4-0 ја победи екипата на Работнички од Скопје. Составот во кој настапи Младост96 беше: Петар Костовски, Александар Рикалоски и Андреј Лашкоски. Како резерва влезе А.Стомнароски и сите извојуваа по една победа.

Во третото коло се одигра градското дерби со екипата на Младост. Тоа беше реприза на ланското финале и со идентичен резултат 4-1 подобар беше актуелниот шампион Младост96.

Повторно Костовски со две победи, Рикалоски и Лашкоски беа во стартната постава и извојуваа по една победа без пораз, а Стомнароски како резерва играше со Даниел Главевски, но не успеа да го совлада младиот битолчанец, кој игра за екипата на Младост.

Стефан Костадиновиќ, српскиот репрезентативец во редовите на Младост96, овој викенд не беше во составот на тимот, а истиот ќе се приклучи на екипата за наредните два натпревари.

Во следното 4 и 5 коло, кое ќе се одигра на 14. ноември, Младост96 ќе игра со екипите на Радовиш и Телеком Нец 2, екипи кои имаат солидни странски играчи.

Женската екипа на Младост 96 викендов го одложи натпреварот со екипата на Берово, поради изолација на неколку играчи од прилепската екипа.

Во викендот на 13. ноември екипата ќе го одигра заостанатиот натпревар со Берово и новиот натпревар со екипата на Шампиони ФА.

Ибpaxими: Во paцете на Мицкocки е фopмиpaњето на ново мнозинcтво

По вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство кое ќе биде во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави Зекирија Ибрахими од Алтернатива во гостувањето во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка, истакна Ибрахими.

Ибрахими додаде и дека веќе се разговара за „поделба на колачот“ за јавните претпријатија во рамките на Град Скопје.

Претходно беше запрашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДПА дека „Алтернатива“ се вклучува во Владата на Заев, Зеќирја Ибрахими одговори:

Немам што да коментирам неважни работи, кои се кажуваат во текот на кампањата. Ова не и помага на власта во фаталната загува, што и се случува на овие избори. Коалицијата на „Алтернатива“ со Алијансата со Албанците функционира на најдобар начинн. Немаме ниеден проблем.“ рече тој.

Владиката Петар ќе чиноначалствува со Света литургија на Петковден во xpaмот Св. Петка во Прилеп

Утре (27.10.2021 г.среда), на големиот христијански празник посветен на преп. Параскева (Петка) Епиватска, во храмот „Св. Петка“ – нас. Точила ќе се богослужи Света Архиерејска Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение на архиерејскиот намесник за град Прилеп, протоерејот Влатко Ристески и в.д. старешината на храмот, протоерејот Љупче Петрески и протоѓаконот Драган Ѓорѓиески.

Тешко на тој што ќе станува рано утре наутро: Температурите ќе се спуштат под нулата

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата.

Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Во Прилеп утринската температура утре ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во среда и четврток не’ очекува слично време со температури од 0 до 14 степени Целзиусови.

И 4000 авиони ќе беа џабе, ако Заев не го поддржеше Дехари во Кичево?

Четириесетина авиони и стотина автобуси со иселеници Албанци се очекува да пристигнат в петок и в сабота во Македонија, за на 31 октомври, во вториот круг од локалните избори, да гласаат за кандидатот на ДУИ Фатмир Дехари, по третпат да биде избран за градоначалник на Кичево.

Според информации на Слободен печат од ДУИ, очекувањата се најмалку 5.000 гласа од албанската дијаспора да му помогнат на Дехари во борбата против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, кој во првиот изборен круг победи со 250 гласа предност.

Дијаспората веќе е организирана и со авиони и автобуси од цела Европа ќе дојдат во Кичево за да му дадат поддршка на Дехари. Има најава дека и наши иселеници од САД ќе дојдат за гласањето. Дијаспората самоиницијативно се организира, не ја организира ДУИ. Очекуваме масовно да дојдат, бидејќи в понеделник е католичкиот празник Денот на сите светци, така што е неработен ден, па ќе можат да се вратат, велат од ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја повика дијаспората на 31 октомври да се врати дома и да го поддржи нивниот кандидат за градоначалник.

Поддршка за Дехари најави и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во пакет со поддршката за Чаир, Струга и за Гостивар.

Стрелките на часовникот и оваа година еден час наназад: Викендов почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 31. октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.

Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку паредности.

Заев: Ќе се повлечам ако го загубиме Скопје, ама Владата и натаму ќе ја предводи СДСМ

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување на ТВ Сител повтори дека доколку кандидатот на СДСМ во Скопје, актуелниот градоначалник Петре Шилегов, ја загуби битката против опозициската кандидатка Данела Арсовска, тој „не може да ја води Владата“, затоа што, според него, локалната власт во тој случај ќе прави опструкции на политиките на централно ниво. Но, Заев појасни дека тоа автоматски не значи дека ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум се борел против режим, внатре сум се борел, сум носел храбри одлуки. Но треба поддршката од граѓаните. Не може да имате општини кои го шират национализмот, конзерватизмот. Да има политики кои ќе ве скараат со соседите. Јас реков отворено, јас или Влада преводена од мене, не може понатаму така да води. Парламентарното мнозинство е стабилно, верувам дека ќе имаме и некој плус. Не можете да бидете локомотива, да бидете лидер во таква ситуација. Пораката е кон граѓаните, да излезат, да дадат свој правец“, рече Заев.

На прашањето дали ова значи дека тој ќе поднесе оставка, а некој друг од СДСМ ќе ја преземе премиерската функција, Заев одговори:

„Секако, Влада предводена од СДСМ, со партнерите, плус зајакнато мнозинство, останува Влада предводена од СДСМ“.

Тој ги повтори и пораките дека значаен дел од населението им покажало „жолт картон“ и дека пораката е сфатена.

„Не сме победени од ВМРО-ДПМНЕ. Слободоумните граѓани велат дека ќе излезат да гласаат во вториот круг,“ изјави Заев.

(Видео) Полицијата не можеше да ги избрка демонстрантите, бидејќи со супер-лепило се залепиле за улицата

Полицијата не можеше да ги отстрани домонстрантите во Лондон, откако тие користејќи супер-лепило се залепиле за улицата.

Демонстрантите кои се почесто можат да се видат на лондонските улици денес го блокираа еден од мостовите во центарот на градот.

На видеото кое беше објавено на социјалните мрежи можат да се видат неколку демонстранти како седат пред возилата блокирајќи го патот и буквално залепени за улицата.