дома блог страница 1825

Мицкоски собра ново мнозинство, падна Владата

Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средба со лидерите на повеќе парламентарни партии.

„Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“-напиша тој.

Изложба на скулптури во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”

На осми ноември 2021 /понеделник/ во 19:00 часот во Ликовниот салон во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

На изложбата ќе бидат изложени и фотографии на дел од изработените скулптури. Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура.

Веќе 64 години Прилеп ја негува ликовната уметност преку Уметничкото лето и Интернационалните ликовни работилници во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. Во текот на овие 64 години континуирано ликовно творење, Прилеп има една поголема збирка на ликовни дела изработени во различни техники и материјали.
Последните години почнувајќи од 2017 година и јубилејот „60 години ликовно творештво ЦСЛУ-Прилеп“ посветен на 60 години континуирано сликарско творештво во Интернационалната сликарска колонија, јубилеите се редат еден по еден. Во 2018 година ЦСЛУ-Прилеп со гордост го прославува јубилејот „55 години Интернационален скулпторски симпозиум Мермер“, а во 2019 година од големо значење за нив беше и одбележувањето на јубилејот „35 години Интернационално атеље за скулптура во метал“. Веќе во 2020 година успешно го одбележуваат и јубилејот 40 години ЦСЛУ-Прилеп (официјалното отпочнување со работа на ЦСЛУ-Прилеп и реорганизацијата и спојувањето на сите ликовни студија под една организација), за да оваа година достоинствено го одбележат и јубилејот „50 години Интернационално студио за пластика во дрво“.

ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.

-ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја година преку ликовните изрази е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации – велат од ЦСЛУ.

Tргна работата и во Могила: Саботковски на терен, се чистат речните корита (Фото)

-Овие денови работата во општина Могила се интензивира со целосно ставање во функција на опремата и механизацијата. Денес започнуваат и активности за чистење на речните корита. Започнуваме со силно темпо, одговорно и заеднички да ги решаваме проблемите – напиша новиот градоначалник на општина Могила, Драганчо Саботковски на Фејсбук.

Кpај на сите шпекyлации: Алетернатива, Алијанса и ВМРО се потпишаа, ќе се гласа недоверба на Владата, се чека БЕСА

Пратениците на Алијанса и Алтернатива заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ставиле потпис на иницијативата за гласање на недоверба на Владата, потврди за ТВ21, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

За ТВ21 Гаши кусо рече: „Да, потпишав“.

Додека од Алијансата за Албанците за ТВ21 изјавија: „И во предизборната кампања, но и по изборите кажавме и стоиме на тоа дека сме подготвени да формираме Влада без СДСМ и без ДУИ“.

Во меѓувреме се очекува одлуката на Движењето БЕСА, од каде рекоа дека денеска и утре ќе разговараат внатре во партијата, за да донесат одлука дали ќе го напуштат мнозинството.

Јовчески на терен: Нов лик на Старата прилепска чаршија и чистење на тезгите (Фото)

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес излезе на терен во централното градско подрачје. Заедно со вработени од Секторот за урбанизам ја посетија локацијата каде треба да се реализира проектот „Архитектонско и партерно уредување на јавна површина – пешачка патека, улица „Борка Талески“ каде ги разгледуваа можностите околу реализација на овој проект.

Како што беше разговарано за време додека траеше увидот со реконструктивно – градежни активности би била опфатена површина од 2700 м2 на потегот од местото каде е поставен споменикот на Пеце Атанасоки па се до основното училиште „Кочо Рацин“. Со партерното уредување на овој потег предвидено е да бидат поставени нови плочки, урбана опрема и осветлување на јавниот простор.

Реконструкцијата на улицата „Борка Талески“ во центарот на Прилеп беше едно од предизборните ветувања на градоначалникот Јовчески.

Голема мечка забележана во атарот на прилепските села, жителите да бидат внимателни (Фото)

Наши читатели ни испратија фотографии од стапалки на мечка во населените места Заполжани и Новоселани.

Според жителите на овие населени места, мечката се упатила во правец на прилепските села Мало и Големо Коњари.

Апел до жителите на овие, но и околните населени места да бидат внимателни. Мечката прв пат била забележана на 03.11 (среда) и во текот на вчерашниот ден.

Пошумуваме, нема застој за зелената агенда во Прилеп (Фото)

Липа, даб и јавор, засадуваат комуналците на повеќе локации во градов.

-Прилеп, е еден од ретките градови во државава каде се води посебна грижа и внимание за зеленилото. Според Зелениот регистар кој го води JKП “Комуналец”, oпштина Прилеп, располага со 4.307 високостеблести дрвја, и 845 нискостеблести зимзелени украсни растенија, велат од комуналното претпријатие.

18-годишен прилепчанец нападнат во Скопје

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.11.2021 во 03.00 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(18) од Прилеп пријавил дека околу 01.30 часот во Градскиот парк во Скопје три лица со закана му одзеле мобилен телефон.

ПАНАЃУР” на Градски базен “Маркови кули” – три дена дружење

Традиционален есенски панаѓур на ГРАДСКИ БАЗЕН МАРКОВИ КУЛИ кој ќе се оддржи на 12,13 и 14ти Ноември.

Панаѓурот повторно пристигна во Прилеп и тоа на старото познато место – Градскиот базен “Маркови Кули”.

Промените започнаа: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ интензивно на терен

Веднаш штом ги презедоа градоначалничките функции, новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се фрлија на работа. Од тоа што може да се забележи уште во првите денови се гледа голема активност на терен, особено во општините кои се дел од градот Скопје, пренесува Курир.

Од партијата велат дека тоа е така затоа што се започнати промените. Оттаму додаваат дека општините долго време стагнирале и дека е потребно многу работа за да се надополни изгубеното, па затоа градоначалниците интензивно се на терен уште од првите денови штом ги преземаат општините.

Така, граѓаните веќе забележаа дека новите градоначалници веќе започнаа со решавање на еден од најгорливите проблеми, односно чистење на дивите депонии, проблем кој ја загадува животната средина и го загрозува здравјето на граѓаните.
Но, не само тоа, туку се започна со кратење на непродуктивни трошоци, но и исполнување на ветувањата за зеленило, градинки, детски игралишта и така натаму.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.