дома блог страница 1824

Јакимовски во утринска контрола: Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место

Утрово бев во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината. Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години, објави на својот фејсбук профил новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани.

Заврши времето на неработење во Општината. Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист. Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа. Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени!

Мицкоски: Формирано е ново мнозинство кое е гарант дека владата на Заев падна

Надежта за новата иднина победи на овие локални избори и во првиот и во вториот круг. Меѓу другото овие избори значеа неминовно и референдумско изјаснување против оваа влада и сите нејзини политики. Луѓето со право сметаат дека Зоран Заев и сето она што тој го преставуваше во политиката мора да падне затоа што ги изневери очекувањата на народот на Македонија. Не донесе резултати и владее со измами и пазарења за сметка на најважните прашања за овој народ. Си поигруваше со достоинството на државата, додека народот тоне во сиромаштија, инфлацијата расте, хаварии и афери кои се мултиплицираат на дневна основа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Останувањето на оваа влада по таков изборен дебакл и во првиот и во вториот круг, без кредибилитет, без мотив за работа и без план за решавање на многу проблеми ќе значи само продлабочување на политичката криза. Дополнително со економската криза, енергетскиот шок, Ковид тенденциите кои се загрижувачки, сериозно ќе ја клекнат земјава на колена. Имаше и такви кои ми велеа дека најдобро за мене и за ВМРО е да не прави ништо, власта на Заев ќе заглавува во уште поголеми проблеми. Но, има нешто тука што се вика одговорност, одговорност спрема државата и одговорност спрема народот. Ваквите тешки времиња за народот и државата се значаен предизвик во кој свесно и сосема со искрена намера влегува ВМРО- ДПМНЕ. Храбро и како што очекува историјата од нас се ставаме на страната на народот и во клинч со бремето и предизвиците коишто следат. Затоа по изборите, во име на сите очекувања на народот, во име на секоја рака која ја стиснав овие избори, секоја порака на надеж и судбина која ја запознав, јас заедно со тој кредибилитет даден од народот кој нема да го разочарам никогаш, тргнав во создавање на ново мнозинство како единствен излез за пад на оваа влада, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека новото парламентарно мнозинство подразбира заеднички блок составен од Коалицијата за „Oбнова на Македонија“ која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, политичката партија Левица и Движењето БЕСА.

-Ова е коалиција против криминалот и корупцијата на власта, против изневерените надежи, блок за напредок и нова иднина. Очекувам во периодот којшто следи ова мнозинство да биде зголемено. Велеа дека е невозможно, но покажавме дека заедно можеме да направиме многу повеќе. На иста маса со сите наши разлики, но со една цел, а таа цел е напредок за народот и за Македонија. Да ја извадиме државата од криза и да донесеме нова иднина. Заеднички и сложно. Затоа што народот на Македонија со сите разлики меѓу себе, има заедничка мака, делиме исти проблеми. Време е поделбите и конфликтите да престанат, ѕидовите во општеството да ги срушиме. Време е за промени какви сакаме да ги имаме и за какви ќе се бориме, рече тој.

Мицкоски посочи дека новото парламентарно мнозинство значи со сигурност една работа, дека оваа влада на Зоран Заев која е извор на сите проблеми паѓа. Со тоа паѓаат и поразите, паѓа едно неславно време на лош живот и измами.

-Тоа значи дека во периодот што следи ќе се обидам, повторувам ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколку бидам сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и промените кои следат. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, коишто се клучниот проблем во нашата држава, понатаму полна ефикасност на владата , тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори, за да народот на Македонија одлучи за новата иднина. Гледам дека власта во заминување е во паника. Сакаат да не опишат како „анти – ова или анти-она“, истите тие кои 5 години, 52 месеци владеат со конфликти, не одалечуваат од ЕУ само со една цел, да го бранат криминалот и своите политички кариери кои безмилосно ги уживаат на грбот на народот. Мојата порака до народот на Македонија е – Не им верувајте. Ниту им е за ЕУ кон која не не поместија ниту милиметар, ниту за државата која ја упропастуваат, туку за криминалните тендери кои нема да ги имаат повеќе. Тоа се нивните последни обиди да ги зачуваат фотелјите. Зaшто добро знаат дека единствено нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и овој нов блок е анти, односно против, тоа e против криминалот и корупцијата, истакна тој.

Порача дека не е време за триумфализам, време е за решавање на напластени проблеми.

-Не чекаат сериозни предизвици. Државата треба да се справува со енергетската криза, мора да се заштити стандардот на граѓаните и да се бориме против инфлацијата. Ќе направиме реформи во економијата. На бизнисот му треба поддршка, а на народот повеќе пари. Ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, Ковид заразата е најголемата закана по животот на луѓето. Вредностите на ЕУ да ги направиме наши вредности. Сите овие прашања се задача на промените кои следат. Едно е сигурно. Промените започнаа и тие ќе се случат. Тие се неминовност и тука нема запирање. Новата иднина е заедничкиот сон во кој веруваме. Да почнеме да сонуваме големи работи. Време е да се чуе гласот на обесправените, на тивкото мнозинство, на тие луѓе кои заслужуваат се’, а не добиваат ништо. Ова е заедничка борба за народот во Македонија. Силата е кај народот и во име на таа сила објавувам дека доаѓаат подобри времиња, заклучи Мицкоски.

Отворен паркот за миленици во населбата “Типски” во Прилеп (Фото)

Во населбата “Типски” во Прилеп доуреден просторот на новиот парк за миленици

Одгледувачите конечно добија место каде можат да ги прошетаат своите домашни миленици, па затоа реализацијата на овој проект наиде на голем број позитивни коментари.

MВР се пофали: На заминување на полицајците им купија јакни, капи, чизми…

Во насока на континуирано унапредување на условите за работа на полициските службеници раководството на МВР продолжи со активностите за набавка на нови униформи за сите полициски службеници, па нови комплет униформи добија и припадниците на униформираната полиција и други единици во Министерството за внатрешни работи, кои денеска беа промовирани во кругот на Министерството за внатрешни работи.

Конкретно, за опремување на униформираната полиција набавени се целосни униформи во состав од 10.000 зимски јакни и 8550 високи специјални чизми чија испорака се очекува почеток на 2022 година, 20.000 летни и зимски панталони, 10.000 чевли со дебел ѓон и 20.000 летни и зимски капи со испорака во текот на следниот месец и испорачани 10.000 кошули со краток и 10.000 со долг ракав, 8.000 поло маички, 10.000 полувисоки чевли и 8.000 чевли со тенок ѓон и флуоресцентни елечиња.

„Во овие пет години направивме системски напори за унапредување на работата на сите полициски службеници и воспоставување функционален амбиент со нормални услови за работа, при што задоволната полиција ќе овозможи и поквалитетен сервис за своите граѓани“, потенцираше министерот Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи во кругот на Министерството за внатрешни работи.
Инаку, целосно нови униформи добија повеќе организациони единици во полицијата, меѓу кои Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на Бирото за јавна безбедност, популарно наречената „Шеста управа“, која доби дводелна цивилна облека и обувки, за воздухопловниот персонал и Хеликоптерската единица набавени се летечки јакни и специјални заштитни и летечки комбинезони, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници.

Имено, со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста за унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 60 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што министерството бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава.

Актуелното раководство на МВР ќе продолжи да соработува со Македонскиот полициски синдикат, да го слуша нивниот глас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата, со цел заеднички да се унапредуваат условите за работа и да се подобруваат материјално-техничките добра на полицијата и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

Во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе се одржи прес-конференција за медиуми при што ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес-конференцијата која ќе започне во 12:30 часот можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:

Се оглacиja од РЕК Битола за синоќешниот пожap, за cpeќа нема повpeдени

Вечерва изби пожap на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3), информираа доцна синоќа од РЕК Битола.

-Огнот изби во 22:50 на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, велат од таму.

На полноќ се јави и Али Ахмети: Еве што напиша за најновите политички случувања

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва преку социјалната мрежа Фејсбук истакна дека е во контакт со сите партии.

-Ситуацијата креирана по оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивни контакти со сите партии освен оние кои ги негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Исто така, за актуелните случувања јас сум во контакт и координација со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија. Ќе делуваме без емоции, но и без еуфорија, напиша Ахмети на Фејсбук.

Вели дека вечерва добил многу повици и поддршка од сите страни и им се заблагодари на сите.

-За сите случувања ќе бидете известени. Заедно секогаш и во секоја конфронтација, напиша Ахмети.

Во РЕК вечepва екcплодиpaл енepгeтcки тpaнcфopмaтop?

Вечерва се случил пожар поради експлозија на енергетски трансформатор на еден од блоковите во РЕК Битола – пишуваат на Фејсбук од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Двата блока се надвор од погон, поради настанатата експлозија на трансформаторот. Во моментов беснее пожар во комбинатот, што е видливо од снимките. За жал неработењето, криминалот и нестручноста на СДС доведоа до уште една катастрофа во македонскиот гигант, РЕК Битола, кој едвај се држи на нозе. Дали после болницата во Тетово, неспособната власт на СДС ќе го пеплоса и уништи и РЕК Битола? – додаваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) Пожap во РЕК Битола, гори главната тpaфocтаница?

Радио Лидер објави видео на кое според нивните информации гори главната трафостаница во РЕК Битола.

Пожарот доаѓа на сред енергетска криза. Во вторник комисијата предводена од Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба. Очекува наредната недела енергетските компани да ја добијат потребна финансиска поддршка.

Руските пранкери кои си играа мајтап со 3аев со слика од плоштадот во Скопје: “Да живее Македонија”

Руските пранкери Вован и Лексус, познати по тоа што го насамарија Заев да мисли дека зборува со украинскиот премиер Петро Порошенко и активистката Грета Тунберг, ја прославија најавената оставка на Заев со фотографија од скопскиот плоштад.

Вива Македонија – напиша Алексеј Столјаров – Лексус, на својот Фексбук профил.