дома блог страница 1823

Денеска состанок на Генералниот совет на Д У И

Иако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве преку социјалните мрежи порачуваше дека нема да се постапува со емоции и еуфорија, по објавата на ВМРО-ДПМНЕ дека е направено ново мнозинство во парламентот за пад на владата, за денеска се очекува да заседава раководството на интегративците.

Како што е најавено, Генералниот совет на ДУИ денеска треба да одржи состанок во партиското седиште во Тетово.

Од опозициските партии, пак, вчера уште еднаш порачаа дека ќе падне владата во која се ДУИ и СДСМ.

-Политичките партии кои не беа дел од злото што го произведоа хибридниот режим меѓу најкорумпираните во светот, ги надминаа разликите и создадоа ново мнозинство, на кое ќе продолжат да се додаваат прогресивни и храбри луѓе. Државата ќе има нова влада без СДСМ и ДУИ и нема враќање назад – порачаа вчера од Алијанса за Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, на прес-конференција соопшти дека до понеделник ќе чекаат премиерот Зоран Заев да поднесе оставка, а доколку тоа не се случи, ќе ја почнат процедурата за изгласување недоверба на Владата.

Говорејќи за следните чекори Мицкоски порача дека прво ќе се обиде да формира влада, а доколку не успее, ќе се оди на брзи предвремени парламентарни избори.

-Во периодот што следи ќе се обидам, повторувам ќе се обидам да формирам нова влада и тоа ќе се случи само доколку бидам сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите и промените кои следат. Доколку не се постигне оваа цел кон која се стремам и не обезбедам полна ефикасност на владата потребна за справување со кризите, борба против корупцијата и криминалот, коишто се клучниот проблем во нашата држава, понатаму полна ефикасност на владата, тогаш она што ни преостанува како единствена опција се брзи предвремени парламентарни избори, за народот на Македонија да одлучи за новата иднина – изјави Мицкоски.

Шевченко се враќа во Сериа А: Ќе му биде тренер на Горан Пандев

Фудбалерите на Џенова синоќа во првиот натпревар од 12-то коло во Сериа А, ремизираа на гостувањето кај Емполи.

Тоа беше шести нерешен резултат сезонава за клубот во кој настапува нашиот Горан Пандев, а досега имаат само еден триумф и се наоѓаат на 15-то место на табелата.

Медиумите во Италија пишуваат дека клубот одлучил да се раздели со тренерот Давиде Балардини и дека веќе е избран негов наследник на клупата.

Според “Скај Спорт Италија”, Џенова за нов тренер ќе го именува легендарниот Андриј Шевченко.

Се пишува дека Џенова на Шевченко му понудила двогодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона.

Шевченко ја предводеше селекцијата на Украина, која ја пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, а после турнирот одлучи да ја напушти селекторската позиција.

Кадар на ДУИ се заканyва co вojна?

Шкодране Дардишта, кадар на ДУИ која беше поставена за директорка на Клинички центар, повикува на ВОЈНА?

Нејзината објава на ФБ во превод:

“Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа,за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган,затоа што на крај сами ќе изгорите во него”.

“Република”: ДУИ има и за што да жали – 6 министерства, 106 директори, 306 тендери годишно…

По 18 години во владина коалиција, ДУИ заминува во опозиција.

По вчерашниот договор кој го постигнаа ВМРО-ДПМНЕ, АА, Алтернатива, БЕСА и Левица, партиите обезбедија мнозинство во Собранието. Тоа е доволно за гласање на недоверба и смена на власта.

Овој студен туш самоуверениот Али Ахмети го поднесе поприлично на нозе. Најави дека нема да делува со емоции и во еуфорија, но дека е во постојана комуникација со партнерите.

Но, реално, ДУИ има многу за што да жали.

Во Владата на СДСМ, ДУИ има 6 министерски и 106 директорски места. Сопартијците на Ахмети имаат 206 места во управни одбори и комисии, 306 тендери годишно, 1006 вработувања на договор на дело.

Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери, Фатмир Бесими, Ејуп Рустеми… кој повеќе, кој помалку се 18 години во власта и многумина ги сметаат за власт во сенка.

Извор: “Република.мк”

После 5 последователни триумфи реми за Победа на гостувањето во Пехчево

Кит Го и прилепска Победа одиграа без победник (1-1) во дербито на 10. коло од Втората лига – Исток.

Кит Го и Победа одиграа интересен натпревар во Пехчево. Домашните поведоа со голот на Љупче Кудев во 51. минута, но Победа се спаси од пораз со голот на Спиркоски во 75. минута.

Победа е лидер на табелата со 23 бода, а наредниот натпревар го играат на домашен терен против Кожув од Гевгелија.

Второпласираната екипа Слога од Виница својот натпревар од десеттото коло го игра утре, на гости против Братство од Житоше.

Трајанов за БЕСА: “Неприфатливо е да се прават “трансфери” од една на друга страна од власта”

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, во вчерашното гостување на ТВ21 истакна дека било неприфатливо да се прави трансфер од една на друга страна на власта, мислејќи на потегот на Беса, која после долго време на напушти власта и формираше ново парламентарно мнозинство со останатите партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива и Левица.

„Беса беше на избори заедно со СДСМ и други политички партии, тие пратеници 4 сега дали се потенцијал на Беса или не, тоа никој не може да го процени. И јас порано имав став околу трансферот на пратеници. Партиите што биле со нас на изборите можат да ја менуваат страната полесно, меѓутоа партиите што сме биле заедно мислам дека, тој трансфер да се прифаќа од една страна на друга, не е морално, и за мене тоа е неприфатливо”, кажа Трајанов.

Tрајанов истакна дека Парламентот не би бил стабилен со 62 пратеници колку што биле сега.

„Парламентот нема да биде стабилен, не ќе може да дава поддршка за проектите што ќе ги предлага Владата и претпоставувам дека таа ќе биде вовед за предвремени парламентарни избори. Доколку се изгласа недоверба на владата, веднаш по тоа, претседателот ќе бара кои партии имаат 61 пратеник, за да го додели мандатот. И почнува таа процедура – десет дена за нов мандат, па дваесет дена мандатарот да предложи нова влада“, посочи Трајанов.

Претседателот на ДС кажа и дека имал резерви, дека Беса комплетно се приклучува кон ново мнозинство, како причина наведувајќи го раководството на Биљаљ Касами.

„Имам резерви дека Беса комплетно се приклучува кон ново парламентарно мнозинство, затоа што таму е лидер Биљал Касами, дали тој ја контролира ситуацијата, претпоставувам дека да, бидејќи се работи за исклучително стабилна личност и вакви пресврти не се очекуваат баш од Беса“, вели Трајанов.

Годишно Собрание на Џудо федерацијата на Македонија во Прилеп, под покровителство на градоначалникот Борче Јовчески

Денес, во Хотел Кристал Палас, се одржа Годишно собрание на Џудо Федерација на Македонија, под покровителство на Градоначалникот на општина Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

На годишната редовна седница се дискутираше за годишната програма но и за планот за остварување на планираните активности.

Соработката на сите полиња на спортот со Општината е неминовна и истата ќе биде секогаш поддржана!

Тешка cooбpaќajка во Битола: Со пежо со прилепски таблици yдpил во пензионep на велocипед

На 05.11.2021 во 10.20 часот било пријавено дека во Битола, на ул.,,Генерал Васко Карангелевски“, патничко возило „пежо 306“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.Ш.(21) од битолско Горно Оризари, yдpило во велосипед yпpaвyван од Ѓ.З.(77) ОД Битола – информираат од МВР.

-Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил велосипедистот, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола. Извршен бил yвид на местото на нecpeќата од yвидна екипа од СВР Битола – стои во соопштението од МВР.

(Видео) “Министре извинете, имаме вонредна вест. Формирано е ново мнозинство”: Погледнете ја реакцијата на Бектеши

Вчера министерот Бектеши се најде во интересна ситуација за време на своето гостување во емисијата „Топ Телма“ на ТВ Телма.

Водителот среде емисија ја доби информацијата дека Мицкоски на фејзбук прогласи ново парламентарно мнозинство, а со истата го изненади министерот Бектеши, кој инаку е кадар на ДУИ.

Данела објави фотографија со сопругот: “Знаевме дека заедно можеме нacпpoти сите непpaвди”

Првата жена градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска утринава објави слика со својот сопруг на социјалните мрежи, во чиј опис напиша дека знаеле дека заедно можат се, наспроти сите неправди.

„Во септември со храброст и одлучност знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди. Знаевме и дека оваа слика ќе биде спомен дека заедно верувавме во успех уште од првиот ден. Убедливо победивме. Убав ден Скопје, убав ден Македонијо“– напиша Арсовска на социјалната мрежа Фејсбук.