дома блог страница 1822

Пpиpoдни лекови кои ќе ви помогнат полecно да се cпpaвите со кашлицата

Еве неколку природни лекови за кашлица кои се прифатени како ефективни:

Мед

Може да се каже дека медот е најпопуларното и најефикасното средство за ублажување на кашлицата. И медицинските експерти се согласуваат дека консумирањето на мед пред спиење ја намалува кашлицата и го подобрува спиењето.

Топла лимонова вода со мед

Во чаша со топла вода исцедете еден лимон и додајте една голема лажица мед. Ова е популарен природен лек и за болно грло.

Сируп од кромид, лук, мајчина душица и мед

Измешајте половина шолја мед со половина шолја вода и во таа течност додајте една главица издробен кромид и една главица издробен лук. Додајте малку мајчина душица и оставете ја смесата да стои преку ноќ. Наредниот ден исцедете ја течноста и пијте ја како сируп. Складирајте го сирупот во фрижидер.

Варен кромид и мед

Во длабок сад варете крупно исечен кромид додека не омекне. Извадете го кромидот и измешајте го со мед. Јадете по малку на секои 4 часа.

Чај од мајчина душица или босилек

Чаевите од мајчина душица и босилек исто така ја смируваат кашлицата, а за максимален ефект, додека се топли во нив додајте и по една лажица мед.

Чај од ѓумбир

Ѓумбирот може да ви помогне за намалување на кашлицата. Пригответе го како чај за да ги искористите и придобивките од консумирањето на топла течност.

Сируп од рен и мед

Изрендајте една осмина лажичка рен во една четвртина шолја мед. Оставете ја смесата да стои неколку часа, а потоа пијте ја како сируп за кашлица. Освен што ќе го намали кашлањето, овој сируп ќе ви го олесни и дишењето.

Топли пијалаци – чаеви, топло чоколадо, супа

Кашлицата се засилува кога грлото е суво и кога чувствувате гребење. За да го елиминирате тоа, потребно е постојано да внесувате топли пијалаци. Ќе почувствувате големо олеснување без разлика дали консумирате супа, топло чоколадо или чај по вкус.

Maкедонката Мери Акиевска двоен и апсолутен светски шампион во бодибилдинг за јуниори и сениори (Фото)

Од 3 до 8 Ноември во Санта Сузана, Шпанија се одржува 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори.

Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер.

На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 цм висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории.

Другиот наш преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.

ФОТО/Bodybuilding and fitness federation of Macedonia/Facebook

Сите сме биле грешка: Шкодране зборувала за изборна битка, а не за вojна, велат од Д У И

Откако функционерката на ДУИ Шкодране Дардишта на Фејсбук напиша дека за час ќе ги извади белите патики и дека ги чува чизмите не таван од ДУИ за Слободен печат се јавија со реакција.

Од ДУИ  велат дека госпоѓата Дардишта зборува за изборна битка.

„Госпоѓица Дардишта зборуваше за изборни битки, а не за војна. Таа сакаше да каже дека ДУИ е подготвена да се соочи на изборниот терен кога тоа ќе го посакаат опозициските партии. Тоа нема никаква врска со повиците за војна. ДУИ како апсолутен победник на локалните избори е подготвена секогаш кога и да се одржат парламентарните избори да влезе во трка и да излезе како победник. Чизмите подразбират подготвеност за изборен терен“, велат од ДУИ.

Местото каде бил затворен и измачyван Св. Димитрија: Се наоѓа под олтарот на денеска блескавиот црковен храм во Солун (Фото галерија)

Како ретко кој друг светител, светиот великомаченик Димитриј е почитуван и славен насекаде низ православниот свет, а особено на Балканот, меѓу Грците, Македонците, Албанците, Бугарите и Србите.

Свети Димитриј е заштитник на градот Солун. Можеби токму затоа, кога во 1912 година градот бил ослободен од турското повеќевековно ропство, се појавиле многу сведоштва на верни луѓе кои тврделе дека го виделе светиот великомаченик како се движи низ градот.

Црквата датира од времето кога градот бил втор по големина и значајност во Византија. Црквата „Св. Димитрија“ е вклучена во списокот на Светско и културно наследство на УНЕСКО од 1988 година.

Свети Димитриј Солунски е роден во Солун во 280 година и починал како маченик за христијанската вера во 303 година. Кога императорот Константин Велики го забранил прогонувањето на христијаните од имперјата, на местото на затворот на Св. Димитрија (по друга верзија – над неговиот гроб) во 313 – 323 година била изградена мала црква.

По сто години, во 412 – 413 година, илирскиот големец Леонтиј поради неговото излекување од парализа, ја изградил првата голема црква (трикорабна базилика) меѓу урнатините на античките терми и стадионот.

Олтарниот дел на црквата бил сместен над наводното место на гробот на светителот и при изградбата биле откриени неговите мошти, тајно закопани таму, според житието од солунските христијани во 306 година. Од старата црква се задржани само некои архитектонски елементи и уметнички мозаик.

Според друга верзија, првата базилика посветена на Свети Димитриј Солунски била изградена во Солун дури во 5 век (постојат разлики во верзиите – во почетокот или во последната четвртина на 5 век).

Оваа дата е поврзана со верзијата за зародиш на култот на Свети Димитрија во град Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија), од каде неговите мошти биле пренесени во Солун или заземањето на градот од Атила во 441 година, или од Аварите во 582 година, но последноата претпоставка е оспорена од археолозите, кои ги спровеле ископувањата во базиликата.

Црквата пострадала од пожар во владеењето на царот Ираклиј I (веројатно меѓу 628 – 634 година), но бргу била обновена и проширена до петкорабна базилика. По освојувањето на Солун од страна на Османлиите во 1430 година, базиликата била оставена на христијаните. При предвањето на црквата на османлискиот султан Мурат II, според зборовите на византискиот историчар Дука, султанот пренел жртва на овен и наредил да се остави храмот во рацете на христијаните, но сите украси на храмот и гробот на Свети Димитар биле уништени од Турците, а храмот целосно ограбен.

Во 1493 година црквата била претворена во џамија. Во овој период за христијаните бил зачуван пристапот до кенотафот на Св.Димитрија, лоциран во еден помал објект во западниот дел на левиот кораб, каде што бил направен посебен влез. Тогаш фреските и мозаиците на храмот биле покриени со вар. Базиликата останала муслимански храм до 1912 година, кога во текот на Првата балканска војна, Солун станал дел од Грција.

Храмот практично целосно бил опожарен во 1917 година. Реставрацијата започнала во 1926 година, кога бил отворен влез кон криптата, а под олтарот бил пронајден сад, наводно со крвта на Димитрија. Исто така започнало враќањето на фреските и мозаиците, кога била отстранета варта. Од пожарот во 1917 година настрадал и покривот. Дел од мозаиците се наоѓаат во криптата претворена во музеј.

При реставрацијата максимално се користеле старите столбови. Подот при реставрацијата бил направен од обоени камења и мермер, покривот бил направен повторно од бетон, но го задржал изгледот на безтавански дрвен покрив, карактеристичен за ранохристијанските базилики.

Рестсаврацијата завршила и на 26 октомври 1949 година било извршено ново осветување на црквата и од тој момент црквата започнала да биде активна со редовни богослужби. Влезот во базиликата и во Археолошкиот музеј во криптата е слободен. Во базиликата, освен моштите на Свети Димитрија, се чуваат и моштите на Анисија Солунска во сребрени ковчег

Во денешен Солун базиликата се наоѓа во историскиот центар, до археолошкиот комплекс на античката Агора, на пресекот на улиците “Селевкос” и “Агиос Димитриос”.

Во 2003 година во гробница, изградена на влезот во базиликата бил погребан солунскиот митрополит Пантелејмон II (Хрисофакис), со чии напори во храмот биле вратени моштите на Свети Димитрија.

За многу години празникот Св. Димитрија (Митровден), честита слава и честит именден на сите кои го празнуваат.

Колку само и било незгодно на Царовска додека стоела до Заев после првиот изборен круг (Видео)

Видео од министерката за образование и наука Мила Царовска покажува дека таа била вознемирена од резултатите на првиот круг на локалните избори и дека најверојатно претчувстввувала што ќе се случува.

Од видеото, според експерт за ваков вид човекови однесување кој инсистира на анонимност, се гледа дека таа се обидува да не покаже вознемир но ја издаваат длабоките (не)контролирани воздишки, немирните движења на очите и хаотични микрофацијални експресии кои укажуваат на длабока вознемиреност што таа се обидува да ја скрие.

Подоцна се покажа дека Царовска била свесна за ситуацијата и затоа не можела целосно да ги скрие емоциите.

Внимателно гледање на видеото ќе ви открие како таа подголтнува, гледа кон таванот и хаотично погледнува во различни правци.

Музиката и текстот од видеото снимено во недела навечер на денот на изборите е од песната “Недеља ке најтужнији дан” на Тома Здравковиќ.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Извор: “Експрес.мк”

На гpaдоначалникот на Кочани му се cлоши додека Мицкocки одговаpaше на пpaшања, тој веднаш ја прекина пpec конфepeнциjaта (Видео)

На градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов му се слоши и падна за време на прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, попладнево пред партиската палата во центарот на Скопје. Додека Мицкоски одговараше на новинарски прашања, Папазов во еден момент почна да паѓа при што му притрчаа на помош колегите околу него.

Мицкоски ја прекина прес-конференцијата, на која беа присутни сите нови градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, и по неколку минути кажа дека Папазов е добро.

Кусо после прес-конференцијата, Мицкоски на својата фејсбук страна објави фотографија со Папазов и потврди дека му е добро и оти „мора да вети дека нема го прескокнува појадокот“.

Eм Комита, ем ММА борач: Член на “Комити” победи во своето деби во ММА против Италијанец

Член на навивачката група Комити, Мартин Антевски – Мапе стана ММА борец. Антевски е голем навивач на Вардар и член на популарните „Комити“, а во својата прва борба на натпреварот „Андердог ММА Малта“, го победи Италијанецот Алеандро Маникардо.

Мапе се натпреваруваше во мечевите во тешка категорија, а против Маникардо славеше со прекин уште во втората рунда.

(Видео) На 3aeв ќе му повтори 2018-та: Пратеници од СДCM се спремни да преминат во новото мнозинство

Генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, тврди дека освен „сигурните“ 61 пратеник, се преговара и со неколку пратеници на СДСМ кои, според него, биле разочарани од партијата.

Од синоќа имаме ново мнозинство што во наредните денови очекуваме да порасне до 64-65 пратеници. Преговараме со неколку пратеници. Меѓу нив има и членови на СДСМ кои се незадоволни од kpиминалното владеење на СДСМ и на ДУИ. Мислам дека најпрво треба да се случи промената, државата да се декриминализира и да почне да чекори по вистински пат – изјави Таравари за „Канал 77“.

Според Таравари, новата влада би траела една и пол година и нејзина задача би била декриминализирање и чистење на институциите од ДУИ, па дури потоа да се пристапи кон организирање на демократски и фер избори.

Државата неорганизирана, ама кpиминалoт opганизиран: Македонија на 12-то место на Глобалниот индекс

Република Македонија продолжува да напредува на лиситите на kpиминал и кopyпција во Европа.

На последното рангирање според Глобалниот индекс на организиран kpиминал, земјава го зазема високото 12. место.

Пред нас се држави познати по активности на разни kpиминални организации, како Турција, која е прва со 6,89 индексни поени, по што следуваат Русија (6,24 индексни поени) и Србија (6,21 индексен поен).

Зад Македонија, на рангирањето на европските земји со најмногу kpиминал се Косово, Белорусија, Хрватска и Грција.

Дpaма во Мадрид: Камили и лама избегале од циpкyc, па си пpoшетаа низ улиците (Фoто)

Граѓаните на Мадрид и шпанската полиција во петокот вечерта се соочија со невообичаена глетка во главниот град на Шпанија, кога голем број камили и една лама избегале од циркус и залутале по улиците на градот.

Животните биле од „Гран сирко Китрос“ (Gran Circo Quiros), а во утринските асови биле лоцирани и безбедно водени од полициски службеници назад до циркусот.

Националната полиција на Шпанија ја потврди веста на Твитер, споделувајќи слики од животните кои шетаат по улиците и потпишани со хаштагот #WeLoveAnimals.