Денес Директорот на “Вододвод” Прилеп ,Емил Јанески поднел оставка од морални и етички причини.Се очекува во текот на неделава Игор Гулабоски да го заземе неговото место и фирмата да продолжи успешно да работи.
Во храмот Св. Димитриј во Битола се одржа свечена литургија по повод 40 години архиерејска служба на владиката Петар (Фото)
Денеска во соборниот храм “Св.Великомаченик Димитриј” во Битола, се одржа свечената литургија по повод 40 години архиерејска служба на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски, г. Петар.
На настанот покрај владиците од останатите епархии, присутен беше и поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, Г.Г. Стефан, кој имаше свое обраќање пред присутните.
Присутни беа и новоизбраните градоначалници на општина Прилеп и општина Битола, Борче Јовчески и Тони Коњановски.
-Денес, имав чест да присуствувам на свечената прослава по повод “40 години архиерејска служба и 75 години од раѓањето на неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.
Заедно со градоначалникот Тони Коњановски од Општина Битола, учествувавме на светата литургија по повод чествувањето на овој празник која се одржа во Соборниот Храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола.
Верата е нешто што не одржува и обединува. Таа, преку ваквите настани не сплотува и ја засилува меѓуопштинската соработка.
Му го честитам празникот Митровден на сите кои го слават. За многу години! – напиша Јовчески на ФБ.
Готово е: Најблискиот соработник на Заев од Прилеп се пpocти од него и од Владата
Најголем дел од неговите блиски соработници до пред два дена се уште сметаа дека ВМРО-ДПМНЕ не може да направи влада со Алијанса, Алтернатива, Левица и БЕСА а од утринава веќе им е јасно дека без разлика дали ќе поднесе оставка Зоран Заев веќе нема да биде премиер.
Еден од најблиските соработници на Заев, советникот за комуникации Марјан Забрчанец преку инстаграм на симболичен начин се простува од својот шеф во владата и од својата висока владина позиција.
Забрчанец вели дека кој и да биде премиер ќе тргне со добра стартна позиција во транспарентноста.
Според индексот за мерење на корупција на “Транспаренси интернешенел” Македонија е на катастрофалното 111 место кое Забрчанец не го споменува во својот проштален пост кон Заев.
Жителите на Сирково го блокиpaa патот Гpaдско-Прилеп (Видео)
Жители на Сирково утрово започнаа со блокада на градежната механизација, барајќи приклучок кон брзиот пат Градско – Прилеп. Тие бараат и асфалтирање на патот кон селото, откако ќе заврши изградбата, бидејќи со механизацијата се уништил.
Претседателот на месната заедница, Веле Коцев информираше за МИА дека селото има над 500 жители, но редовно доаѓаат викендаши и посетители.
– За сите претставува проблем тоа што нема приклучок кон новиот пат, па ќе мораме да вртиме петнаесетина километри до Градско. Ако не се реши проблемот, ние за жал ќе останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а нема да можеме да го користиме. За Скопје, ќе мора да одиме преку Градско, а за Прилеп преку Дреново, а и до таму имаме тринаесетина километри. Приклучокот или „петлето” што беше планирано тука, подоцна го префрлија во село Крушевица кое е со неколку жители, појасни Коцев.
Како што нагласија, овој проблем датира уште од 2015 – 2016 година.
Нивните проблеми беа слушнати и од поранешниот, како и од сегашниот градоначалник на Росоман, Бранко Јанев и Стојан Николов, кои присуствуваат на блокадата и им дадоа целосна поддршка.
Кој ви даде тука да копате? Јакимовски патролира по улиците низ Карпош (Видео)
Старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, објави видео како прекинува, како што вели тој, „диво“ копање на улицата Букурешка.
-Почитувани граѓани на Карпош,
Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ.
Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник, објави Јакимовски.
Претседателот на ГРОМ вели дека од секторот за урбанизам добил потврда дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата.
-Нема да дозволиме на „диво“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци, напиша Јакимовски на Фејсбук.
Видеото погледнете го ТУКА
Конечно намалување: Ова се новите цени на гopивата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.11.2021 година.
Cо тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,445 ден/кг.
Peмек дело на Гpyзиецот кој игpa за РК Пpилеп: Baков пoгoдoк peтко се гледа дypи и во Лигата на шампиoни (Видео)
Во рамките од претквалификациите за Светското првенство во ракомет, Естонија ја победи Грузија со 31-27, благодарение на одличната игра во второто полувреме.
Најголем впечаток на натпреварот остави погодокот на одличниот Хазеин Рустамов, за водство од 7-10 за Грузија во првото полувреме.
Рустамов е еден од најдобрите поединци во дресот на РК Прилеп, а своите квалитети несомнено ги покажува и во редовите на грузиската репрезентација.
Погледнете го ова ремек дело:
Рустамов има само 22 години и веќе втора година е во редовите на прилепчани.
За многу години Митровден: Честит именден Диме, Димитар, Митре, Димитрина…
Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден.
Именден празнуваат Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра..
Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните.
Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.
Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.
Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.
За овој ден постои верување. Во очи на празникот Митровден, значи вечерва, секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.
Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.
Затоа за Митровден исто така се верува дека претскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.
Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.
Teшка cooбpaќajка во Прилеп: 42-годишен прилепчанец и малолетно девojче завpшиja со тешки телecни повpeди
На 08.11.2021 во 03.30 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на крстосница од улиците „Александар Македонски“ и „Октомвриска“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Р.М.(26) од Прилеп и патничко возило „хјундаи акцент“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.А.(19) од Прилеп.
Во нecpeќата, со тешки телecни се здобиле сопатниците во „хјундаи“, Н.А.(42) и малолетничка, двајцата од Прилеп, конcтатиpaни во болницата во Прилеп. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и yвидна екипа на Полициcка cтаница Прилеп – информираат од МВР.
Пpиpoдни лекови кои ќе ви помогнат полecно да се cпpaвите со кашлицата
Еве неколку природни лекови за кашлица кои се прифатени како ефективни:
Мед
Може да се каже дека медот е најпопуларното и најефикасното средство за ублажување на кашлицата. И медицинските експерти се согласуваат дека консумирањето на мед пред спиење ја намалува кашлицата и го подобрува спиењето.
Топла лимонова вода со мед
Во чаша со топла вода исцедете еден лимон и додајте една голема лажица мед. Ова е популарен природен лек и за болно грло.
Сируп од кромид, лук, мајчина душица и мед
Измешајте половина шолја мед со половина шолја вода и во таа течност додајте една главица издробен кромид и една главица издробен лук. Додајте малку мајчина душица и оставете ја смесата да стои преку ноќ. Наредниот ден исцедете ја течноста и пијте ја како сируп. Складирајте го сирупот во фрижидер.
Варен кромид и мед
Во длабок сад варете крупно исечен кромид додека не омекне. Извадете го кромидот и измешајте го со мед. Јадете по малку на секои 4 часа.
Чај од мајчина душица или босилек
Чаевите од мајчина душица и босилек исто така ја смируваат кашлицата, а за максимален ефект, додека се топли во нив додајте и по една лажица мед.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот може да ви помогне за намалување на кашлицата. Пригответе го како чај за да ги искористите и придобивките од консумирањето на топла течност.
Сируп од рен и мед
Изрендајте една осмина лажичка рен во една четвртина шолја мед. Оставете ја смесата да стои неколку часа, а потоа пијте ја како сируп за кашлица. Освен што ќе го намали кашлањето, овој сируп ќе ви го олесни и дишењето.
Топли пијалаци – чаеви, топло чоколадо, супа
Кашлицата се засилува кога грлото е суво и кога чувствувате гребење. За да го елиминирате тоа, потребно е постојано да внесувате топли пијалаци. Ќе почувствувате големо олеснување без разлика дали консумирате супа, топло чоколадо или чај по вкус.











































