дома блог страница 1820

Милошоски: “Можно е Заев да ја одолговлекува оставката ако истата ја пишува на англиски со Google translate”

-Единствено нешто што би разбрал, зошто Заев одолговлекува и не ја дава оставката од претседател на Владата, која што самиот и ја образложи на специјалната прес конференција, е доколку истата ја пишува на англиски јазик. Ако Заев оставката ја пишува на англиски, тогаш во ред можеме да кажеме дека му требаат повеќе 8 или 9 дена, за да ја напише со гугл транслејт и да ја достави на англиски, истакна во синоќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш”, Антонио Милошоски oд ВМРО-ДПМНЕ.

ИН MEMOPИАМ: На 78-годишна возpacт почина Кирил Самарџиоски

Утрово на 78 годишна возраст почина Кирил Самарџиоски, долгогодишниот поранешен претседател на Управниот одбор на “Прилепска пиварница“.

Кирил Самарџиоски беше роден на 30 јануари 1943 година во Прилеп, од татко Георги и мајка Пандора. Дипломирал во 1966 година на Технолошкиот факултет во Скопје. По 40 годишен успешен работен век во пиварската индустрија, Кирил Самарџиоски се пензионира во 2007 година.

Прилепската Пиварница со софистицирана, најмодерна опрема за производство на пиво и безалкохолни пијалаци, во 2020г. со договор за дар, Кирил Самарџиоски, како мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на

„Прилепска пиварница“ ги подари акциите на деца, Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска.

Кирил Самарџиоски добитник е на бројни награди и признанија. Во 2014 година стана добитник на Третоноемвриската награда за животно дело.

Автор е на монографијата „ Сеќавања”.

Не е толкy пpoблем Левица, туку нешто дpyго?

Скендер Реџепи од Алтернатива вечерва на „Click Plus“ на ТВ21, најави дека без договор за идната Влада нема да гласа за рушење на актуелната власт.

„Без договор за поделба на ресорите, преземање одговорност во идната влада, не би гласал за рушење на оваа Влада. Никој не знае што ќе се случи утре“, истакна Реџепи.

Се поставува прашањето дали можеби Реџепи ја крева своја цена во ново парламентарно мнозинство.

Општина Аеродром ќе почне со иcплата: 8.000 за новopoденче, 3.500 за пpваче, до 3.000 за кyпен велocипед

Општина Аеродром ги информира граѓаните што аплицираа за субвенции за велосипеди, како и за парична помош за првачиња и новороденчиња дека средствата ќе им бидат исплатени веднаш по конечното завршување на локалните избори.

Граѓаните чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Исто така, по конечното завршување на локалните избори, ќе им бидат исплатени по 8.000 денари на оние родители што поднеле барање за новороденчиња, како и по 3.500 денари за првачиња, информираат од општината.

Во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”, oтворена ретроспективна изложба на скулптури

Во Ликовниот салон во ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп отворена е ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво во „Интернационалното студио за пластика во дрво“ во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп.

На изложбата, освен скулптури во дрво се изложени и фотографии на дел од изработените скулптури, од кои најголемиот дел се поставени во институции низ државата.

Иложбата е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ за 2021 поддржана од Министерството за култура, а во присуство на градоначалникот Борче Јовчески, ја отвори Јана Јанеска Ристески историчар по уметност, која посочи дека ликовните работилници континуирано оставаат уметнички дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, уникатност и нивниот иновативен карактер.

– Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се доста сугестивни, кои отвораат простор на индивидуална авантура, дела кои отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации – рече Јана Јанеска Ристески.

ЦСЛУ-Прилеп во континуитет секоја година прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки.

-ЦСЛУ-Прилеп континуирано потврдува дека поседува квалитет, компетентност и традиција да носи големи имиња/автори. Индивидуалната нишка на нашето постоење се крие во она што ќе го оставиме позади нас. Богатството кое Прилеп го добива секоја година преку ликовните изрази е наследство кое го оставаме на нашите идни генерации – велат од ЦСЛУ.

Пpиведени петмина млади прилепчани, меѓу кои двајца малолетници

На 08.11.2021 во 21.30 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода Д.Н.(18), В.А.(20), М.Н.(19) и двајца малолетници, сите од Прилеп, затоа што кај нив биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна и дpoбилка – информираат од МВР.

– Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и по целocно докyментирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе бидат поднeceни cooдветни пpиjaви – се вели во соопштението на МВР.

Прилепски директор се “залепил” за фотелјата

По оставката од етички и морални причини на директорот на “Водовод”, стануваат се погласни шпекулациите за чудниот однос на еден друг директор, кој што иако доаѓа од иста партија како и Јанески, сепак како да не делат исти принципи.

Но, прилепчани тоа не ги чуди, бидејќи “залепениот” директор пред некоја година беше најголем противник на непотизмот, но од кога му тргна со директорските функции, стана најголем поборник и практикант на непотизмот.

Сигурно погаѓате дека се работи за Сашо Велески, актуелен директор на ЈКП”Комуналец”, кој е можеби и директен виновник за нечистотијата во градот последниов период.

Да потсетиме дека Велески претходно беше дел од бордот на директори во “Телеком”, каде што сега е госпоѓата Дардишта, која била спремна белите патики да ги замени со војничките чизми, а никој од СДСМ не најде за сходно да ја осуди таа изјава, а не пак да помислат денес на Влада да ја разрешат.

Jовчески го посети археолошкиот локалитет Стибера: Лично ќе се ангажирам овој антички град да стане тоа што заслужува

Градоначалникот Борче Јовчески денеска го посети археолошкиот локалитет Стибера кај Прилеп каде откриен е ексклузивен наод, мермерна биста на жена за која се смета дека е Фаустина, сопруга на римскиот император Антониј Пиј, кој владеел во средината на 2 век од нашата ера.

Според археологот од Прилепскиот музеј Душко Темелкоски, новите откритија меѓу кои се и прва агора во голем обем во земјава и мерна маса, го потврдуваат епитетот за „македонската Помпеја“ која нуди значајни наоди.

– Стибера е еден од најзначајните антички градови. Еден од најзначајните археолошки локалитети. Културата, културно-историското наследство ќе биде во сферата на мојата работа како градоначалник во наредниве 4 години. Стибера е локалитет кој заслужува да биде виден од целиот Свет. Како Локална самоуправа во рок од месец дена ќе поставиме информативни табли и патокази. Лично, ќе се ангажирам Стибера да стане тоа што заслужува. Сакам да упатам честитки до Душко Темелкоски и целиот тим кој работи на истражувањата во Стибера. Со нивната работа, со нивните откритија тие се гордост на цела Македонија, посочи градоначалникот Јовчески во својата изјава.

– Се наоѓаме на локалитетот Стибера кај село Чепигово Стибера бил значаен урбан центар во Пелагонија. Започнал со своето постоење во времето на македонските кралеви некаде во 3 век пред нашата ера меѓутоа својот процут го имал во римско време за време на римската империја поточно во првиот и вториот век од нашата ера и градбите што ги откриваме на самиот локалитет се од тој римски период. Откриени се повеќе градби: Гимназион, Храм посветен на богињата Тиха која била заштитничка на градот, храм посветен на Императорот, но во последните години акцентот на археолошките истражувања го насочивме во горниот дел од акрополата на градот Стибера каде што конкретно оваа година пронајдовме мошне репрезентативни наоди всушност ја најдовме Агората, плоштадот, пазариштето на градот Стибера. Исто така најдовме репрезентативни наоди од мермер како што е: биста од сопругата на римскиот император Антони Пиј. Во Стибера се откриени и две мерни маси. На едната била најверојатно поставена вага за овошните плодови, зеленчукот и житарките, а другата маса е раритетна бидејќи е мерна маса за верификација на количествата на течните продукти (млеко, вино), посочи Душко Темелкоски археологот од Прилепскиот музеј.

Најрепрезентативен наод е бистата веројатно на Фаустина, жената на римскиот император Антониј Пиј. Тоа е време на најголемиот процут на градот, односно благосостојба на територијата на целото римско царство. Кога Фаустина релативно млада починала во 140 година од н. е, императорот ја прогласува за човек-божество. Во годините што следат во нејзина чест насекаде во царството се подигаат комеморативни бисти со нејзин лик. Бистата од Стибера била поставена на постамент во ниша која била луксузно декорирана со флорална орнаментика. Таа според извонредната изработка претставува можеби најрепрезентативниот пример на познатата работилница за мермерни скулптури во градот, вели археологот Темелкоски.

Поднесена иницијатива до Собранието за гласање доверба на Владата

Би сакал да ја информирам македонската јавност дека во овој момент во Собранието на Република Македонија се поднесува Иницијатива која што треба да ја разгледа Собранието за доверба на Влада, ова денеска преку изјава за медиумите од собранието го истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Би сакал накратко да го прочитам образложението. Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните 5 години. Напротив, владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања за народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани тие за секој поминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлација и афери кои што се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде од резултатите одржани на локалните избори кои што всушност беа референдумско изјаснување против сегашната Влада и нејзините политики. Останувањето на оваа Влада, по ваков изборен резултат, без кредибилитет, без јасно мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на здравствените проблеми ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со економската криза, енергетскиот шок, КОВИД тенденциите кои се загрижувачки, сето тоа сериозно ќе ја клекне државата на колена, вели Николоски.

Тој додава дека сведоци сме сите на криминалот и корупцијата на власта. Изневерени се сите надежи на граѓаните за подобар живот. Не постои функционален систем на владеење на правото, ниту правна држава. Граѓаните заслужуваат напредок на државата и на нивен подобар живот. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија за предизвиците. Време е поделбите и конфликтите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат, време е за промени.

-Изминативе 5 години се доказ дека оваа Влада владее со конфликти и не оддалечува од Европската Унија само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегии кои што ги уживаат функционерите на власт. Не се грижат ниту за државата, ниту за народот, ниту за придвижување на државата кон Европската Унија. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси назад. Поради сето ова наведено, ние долупотпишаните пратеници бараме Собранието да гласа за доверба на Владата. Иницијативата е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, пратениците на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, пратениците на политичката партија БЕСА и пратениците на политичката партија Левица. Вкупно 61 пратеник ја потпишаа ова Иницијатива и 61 потпис се доставени заедно со оваа иницијатива до македонското Собрание. Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада, вели Николоски.

Јовчески денеска на терен меѓу прилепчани (Фото)

Градоначалникот Борче Јовчески денеска изврши увид на улицата “Радовишка“ каде е поставена нова канализациона мрежа и истата улица веднаш после зафатот е тампонирана.

Улицата е со должина од 180 метри и ширина од 5,5 метри.

Улицата “Радовишка“ се наоѓа во населбата “Гоце Делчев“.