дома блог страница 1819

(Следете во живо) Прилепчани денеска на тешко гостување во Охрид

Денеска со почеток од 18:00 часот екипата на Прилеп ја очекува тешко гостување во Охрид!

Според изгледот на табелата двата тима досега освоија по 12 бода и со тоа може да очекуваме исклучутелно интересен и неизвесен дуел. Прилепскиот состав во кој ќе има повратници – заздравени играчи, подготвен е за надигрување со домаќините. Мечот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, а делегат е Славчо Калановски од Струга.

Натпреварот ќе можете да го проследите на следниот линк:

Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата. Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација. Задолжитено е носење на заштитна маска.

На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!

“Во 13:30 часот”, поставен четврт директор во социјални грижи Прилеп

Институцијата позната по прилепските аудио бимби и збиралиште во кое во 13:30 часот се издавале, кинеле или продолжувале решенија за социјална помош, доби нов четврт раководител за рекордно кратко време.

Досегашниот директор Дејан Тошески е разрешен од должност, а не негово место за вршител на должност е назначена Тање Тренкоска Алексоска.

Ова е четврта директорска промена во изминатите 5 години во оваа институција.

“Кожувчанка” и Федерацијата на училишен спорт потпишаа договор за соработка: Преку спортот инвестираме во младите

Кожувчанка од Кавадарци и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, денес ја продолжија веќе успешната соработка.

Во просториите на Компанијата, за реализација на идните проекти на Федерацијата, се потпиша договорот за соработка помеѓу Генералната директорка на Кожувчанка г-ѓа Јанинка Чупаркоска и Претседателот на ФУСМ проф д-р. Александар Туфекчиевски.

Имајќи иста цел, најмасовната спортска организација во Македонија и секогаш општествено одговорната компанија Кожувчанка, се сложија дека преку спортот инвестираме во младите и дека тоа е најдобриот начин за развој на децата.

Поради тоа, ваквите договори се од огромно значење за нашите најсакани и нивната иднина!

Децата сакаат да спортуваат, да им го овозможиме истото!

Најнова вест: Веќе е официјално, четирите пратеници на Алтернатива ќе и глacaaт недовepба на Bладата во четврток

Највисоките партиски органи на Алтернатива одлучиле, нивните 4 пратеници да ја поддржат иницијативата за недоверба на Владата, објави новинската агенција на албански ИНА.

Како што објави ИНА, постигната е согласност околу позиции, исто така околу истите лини е согласен и пратеникот Скендер Реџепи – Зејд.

Со ваквата одлука, во четврток владат на Заев се очекува да не ја добие довербата и да падне, притоа отварајќи го патот за избор на нова Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, АА/А, БЕСА, други партии и пратеници, пишува ИНА.

Хоџа од БЕСА дециден: Во четврток нашите пратеници ќе гласaaт за недовepба на Bладата

Аријанит Хоџа, генералниот секретар на БЕСА и министер за земјоделство најави дека тројцата пратеници на партијата ќе гласаат за недоверба на Владата во четврток.

„Во рушењето на Владата, во чекорот што е депониран во Собранието, ќе учествуваат нашите пратеници. Што ќе биде потоа одлучуваат партиските органи. Не ги затворам опциите дека во иднина ќе можеме да разговараме со СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев, за кој морам да кажам дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Македонија во евро-атлантските процеси“, рече Хоџа во емисијата „200“ на Алсат.

Тој додава дека ако тогаш не успеат да ја урнат ќе излезат од владејачката коалиција.
„Едноставно, заеднички интерес е рушење на Владата. Ние да ги дефакторизираме ДУИ, а тие да ја урнат власта. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме“, додава Хоџа.

Кога се сакало се можело: Општина Аеродром пренамени две парцели предвидени за згради во парк

Аеродром – прва општина што пренаменува маркица од згради во паркови – напиша на ФБ, новиот градоначалник на општината Тимчо Муцунски.

-Денеска на моја иницијатива до советот на Општина Аеродром беше поднесено барање за започнување на постапка за бришење на две градежни маркици во Реонски Центар каде беше предвидено да се гради општинска зграда и станбена зграда. Среќен сум што советот ја изгласа оваа иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните. На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5000м2 со монтесори содржини. Промените на владеење во Општина Аеродром се случуваат. Одговорното работење е наш приоритет! – напиша Муцунски.

Арсовска се сретна со кандидатите за градоначалник на Скопје: “Ќе се имплементираат добрите проекти од сите програми”

Дел од проектите кои се конструктивни и беа дел од програмите на сите кандидати за градоначалници сметам дека треба да бидат вклучени за имплементација на Град Скопје за следните четири години, затоа што секој од кандидатите има свои квалитети и знаење кои беа истакнати низ трката за подобро, поубаво Скопје и може да придонесе кон заедничката визија за современ град кој ќе нуди еднакви можности за живот за сите граѓани, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната средба со кандидатите за градоначалници за Град Скопје на Локалните избори 2021.

– Ова треба да е континуирана заедничка заложба за позитивни промени, за доброто на градот и на нашите сограѓани. Формирање на работно тело е првиот чекор кон реализација на оваа соработка, кое ќе делува во насока на креирање конструктивни предлог политики за развој на градот во следните години, рече Арсовска.

На средбата, како што соопшти Градот, се разговарало, за проекти како и за истакнати приоритетни предизвици со кои граѓаните се соочуваат, а за кои се неопходни брзи и ефикасни решенија. Се донеле заклучоци дека заеднички, транспарентно, со соработка може да се реализираат предвидени проекти, со цел обезбедување на подобар квалитет на живот на сите скопјани.

Арсовска дополни дека преку ова работно тело ќе може секој да придонесе со свои идеи и предлози, за доброто на градот.

– Да покажеме отвореност, соработка, транспарентност и да покажеме дека можат луѓето да бидат во изборна трка, а сепак да делуваат конструктивно имајќи го јавниот интерес на граѓаните пред се како приоритет. Ја ценам експертизата на кандидатите и верувам дека секој од нив може да придонесе за носење на промените за нашето Скопје, рече Арсовска.

На денешен ден пред 32 години пaднa Бepлинcкиот sид, една од пocледните иcпишани пopaки била на македонcки jaзик (Фото)

На денешен ден пред 32 години падна Берлинскиот Ѕид , кој од 1961 симболично ја делеше Германија на Источна и Западна.

На 9. ноември 1989 илјадници од Источна Германија се собраа пред ѕидот барајќи од стражарите да ја отворат капијата кон западниот дел на Берлин. Кога вечерта се отвори капијата, падна ѕидот, а стотици западни германци со радост и солзи во очите ги дочекаа своите роднини, пријатели и познаници од источниот дел, по цели 28 години. Вечерта Германците се радуваа, а од утрото почна уривањето на ѕидот.

На социјалните мрежи пред неколку години се прошири оваа фотографија, на која се гледа графит испишан на македонски јазик со пораката „Дани, те сакам“, непосредно пред неговото рушење во 1989 година.

По падот на ѕидот во денешниот главен град на обединета Германија почнаа да паѓаат и комунистичките режими во источниот дел на европскиот континент.

Колешката ја натепала на paботното место во државна институција

Фото/илустрација

На 08.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Шилегов на бегање потпишал договор за новогодишно украсување на Скопје во вредност од 243.000 евра?

Градот Скопје годинава склучи договор за украсување на градот за новогодишните празници.

Украсувањето на градот ќе чини околу 243 илјади евра.

Договорот го потпиша поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа плус“, која беше единствената компанија што доставила понуда на јавниот повик објавен во септември.

„Украсувањето опфаќа поставување на дрвото на плоштадот Македонија, како и украсување на неколку различни локации. Декорирањето и украсувањето за време на новогодишните празници треба да биде на високо естетско ниво, во духот на модерното живеење, со современо и привлечно дизајн, со уметнички ефекти.Украсувањето мора да биде завршено до 20 ноември“, велат за ТВ 21 од бирото за јавни набавки.

Она што е скандалозно е што Шилегов на само еден месец пред истекот на својот мандат потпишал договор за осветлување на градот вреден четврт милион евра во време кога Македонија и светот се наоѓаат во тешка енергетска криза.

Прашањето за воведување на енеретска кризна состојба, според најавите, ќе се најде на владина седница денеска. Во донесената владина уредба се предвидуваат рестрикции во кроистењето на струјата, но, не и за домаќинствата.

Ограничувања со воведувањето енергетска криза

-Исклучување на сите светлечки реклами,

-Осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти се намалува до минимален сигурносен обем на осветлување,

-Осветлението на излозите се ограничува до минимален сигурносен обем на осветлување и/или

-Забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање на деловни и службени простории.

Ваквата уредба значи дека и да биде поставено новогодишното улично осветлување тоа никогаш нема да биде вклучено…

Извор: “Инфомакс”