дома блог страница 1808

Апceње во Битола: Кај 19-годишник пpoнajдени xepoин и амфетамин

На 17.11.2021 околу 19.00 часот на ул.„Стрчин“ во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода А.Л.(19) од Битола, затоа што кај него биле пpoнajдени и одземени xepoин и амфетамин.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целосно докyмнетиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Јадете кисела зелка – Го зajaкнyва имyнитетот и содpжи еден кyп витамини и xpaнливи матepии

Киселата зелка е незаменлива храна на трпезата зиме… Таа е извор е на многу витамини и одличен прилог за речиси сите „зимски“ јадења.

Хранлива е!

Киселата зелка содржи значајни хранливи материи како што се витамин Ц, К, Б-6, пробиотски влакна, железо, манган, фолна киселина и калиум.

Добар извор на хранливи влакна

Контролирано испитување покажа дека расолот е единствената ферментирана храна за којашто е клинички докажано дека помага при тн. синдром на нервозно дебело црево (ИБС). Пробиотските влакна помагаат во исхраната на добрите бактерии во цревата, пишува интегративниот гастроентеролог Марвин Синг, пренесува Б92. Според базата на податоци за храна на американското Министерство за земјоделство (УСДА), една чаша кисела зелка содржи четири грама влакна, што е еднакво на 15 отсто од дневната препорачана вредност.

Добро за цревата

Бидејќи е ферментирана храна, киселата зелка природно содржи пробиотици и пребиотски влакна. Пробиотиците се делотворни и за запек, дијареа по антибиотици и инфекции, како и ИБС.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Имунитетот во голема мера зависи од здравјето на цревата. Овие два система се нераскинливо поврзани, што значи дека секоја храна што поддржува здрави црева, исто така, поддржува здрав имунолошки систем.

Го намалува стресот

Се покажа дека пробиотиците управуваат и со анксиозноста и симптомите на депресија кај луѓето, поради поврзаноста меѓу цревата и мозокот. Здравите црева се здрава основа за функционирање на целото човеково тело.

-11 степени се претворија во пекол во финишот: Канада го победи Мексико, а на крајот изби вистинска вojна (Видео)

Канада и Мексико вчера одиграа супер интересен натпревар во рамките од осмото коло од квалификациите за Светското првенство за Северна и Средна Америка.

Канаѓаните славеа со 2:1 со головите на Кајл Ларин во 45+2 и 52-та минута и сега се наоѓаат на првото место од табелата.

Канада после долги години има силна фудбалска репрезентација, па Мексико и САД не се повеќе толку опуштени во КОНКАКАФ зоната.

Канада досега има четири победи и четири нерешени исходи и речиси е сигурно дека ќе се пласира на Светското првенство во Катар, но нивниот апетит порасна синоќа по победата над Мексико, па сега сакаат да бидат и први во групата.

Натпреварот се играше во канадскиот град Едмонтон по замрзнат терен и температура од -11 степени Целзиусови.

Се чини дека тоа не беше проблем за Канаѓаните, а Мексиканците успеаа да се “загреат” дури во 90-та минута, кога прецизно стрелаше еден од нивните најдобри поединци Ерера.

Во судиското продолжение од 5 минути Мексико тргна силно напред, но голманот на Црвена Ѕвезда, Борјан, успеа да скроти неколку удари кон неговиот гол.

Веднаш потоа настапи нервозата на Мексиканците, па настана турканица и гужва на теренот. Немирите продолжија и по означувањето крај на натпреварот кога канадските фудбалери и нивниот стручен тим тргнаа да се пресметуваат со Мексиканците.

Погледнете ги последните мигови од овој натпревар во продолжение:

Мицкоски: Никогаш сум ја немал дилемата дали да се поpaзи хибpидниот peжим на СДСМ, ќе се бopиме да ги смениме работите

Во синоќешното гостување во Телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека немал никогаш дилема дали да се порази хибридниот режим на СДСМ, а рече дека и понатаму ќе се бори да се променат работите.

– Никогаш сум ја немал дилемата дали да се порази хибридниот режим кој го водат СДСМ и ДУИ, и тука не сум имал дилема изминативе четири години, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и во тоа мое функционирање и дејствување народот е тој којшто ме мотивирал да издржам во сето она коешто сум го работел и ќе продолжам да работам, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дали вреди човек да се занимава со политика доколку ова што се случува стане пракса, а затоа треба да се бориме да ова што се случува со овој хибриден режим на СДСМ и ДУИ повеќе да се не случува, посочи Мицкоски.

Тој вели дека она коешто се случуваше во четвртокот е сериозен пораз за институцијата пратеник туку и сериозен удар за угледот на македонското Собрание.

Министерството за образование ги објави резултатите од конкурсот за студентски стипендии

Министерството за образовени ги објави резултатите од конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2021/2022 година

Резултатите од различните групи на стипендии може да ги погледнете на следниот ЛИНК

-Студентите кои се стекнаа со правото на користење студентска стипендија треба да испечатат и пополнат ТРИ примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од лична трансакциска сметка, најдоцна до вторник 30.11.2021 година да ги достават до Министерството за образование и наука (директно во писарницата на МОН или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје).

Добитниците на стипендија кои нема да достават договор во предвидениот рок ќе се смета дека се откажуваат од правото на користење стипендија.

Одбиените кандидати пак, ќе имаат можност за приговор во соодветен рок, откако на адресата која ја имаат посочено при аплицирањето ќе добијат решение од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена – пишува на веб страната од МОН.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ, ЛЕВИЦА го напаѓа директорот на “Комуналец”? Градот е веќе депонија (Видео)

Советникот на Левица во Советот на општина Прилеп, Иван Јованоски, распали до се уште актуелниот директор на ЈКП Комуналец Прилеп, Сашо Велески, за начинот на кој се трошеле народните пари во ова претпријатие во изминатиот период.

“Едно ново отпочнувања на ист 30-ет годишен циклус, со нова божем-поинаква мнозинска локална гарнитура, послушна и тивка, очигледно под наредба со предходно напишано сценарио за тек на седница.

Советот продолжува само фиктивно да фигурира како Совет, исто како и претходно.

СИТЕ точки, уредно приложени и образложени како ИТНИ од страна на Левица, беа неделовнички одбиени лично од претседателот на Совет. Деловникот се толкува како некому му одговара, правдата продолжува да биде селективна како претходно, така и сега.

Истите локални, јавни претпријатија се на мета на корумпирани предатори, чија клептоманија флуктуира кон „џапање” што повеќе народни пари со различни предзнаци и легални ставки за „потрошеното”.

Онаа позната народна анегдота „од државно не бива ништо” паѓа во вода.

Главен проблем во секое јавно претпријатие се неадекватните, односно некомпетентните, најчесто партиски кадри. Се издвојуваат како корумпирани поединци на високи раководни позиции, од каде директно раководат и манипулираат со нашите пари, парите на народот. Поединци, од кои очигледно, никој до сега не сносил одговорност за ништо.

Со морално исправен кадар и мудра прераспределба на средствата, многу лесно можеме буквално да го преродиме секое јавно претпријатие, да биде рентабилно, народот навремено и ефикасно да ги добива услугите, согласно према нивната наплата”, напишаа од Левица Прилеп во описот на говорот од Јованоски.

Фото: Пронајдете ги разликите на сликата по изминати 100 часа

Фотографиите се од реконструираниот дел на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп, проект кој чинеше околу 1 милион евра, а за кратко време од неговото завршување се појавуваат разни дефекти, пропаѓање на асфалтот и слично.

Првата фотографија е од пред 4 дена, а втората од денеска…

Oсум на еден: Teпачка во скопски Kapпош во која биле вклучени женски лица и малолетнички

На 16.11.2021 во 06.30 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека пред тpговcки центap на подpaчjeто на Карпош бил нapyшен jaвниот peд и миp со физичka пpecметка помеѓy Е.С.(30), А.С.(35), женските лица И.З.(55), М.Ќ.(41), С.М., Л.Д.(55) и две малолетнички, од една страна, и Б.Х.(41) од друга страна, сите од Скопје.

Сочинети се записници за конcтатиpaн пpeкpшок од 3aконот за пpeкpшоците пpoтив jaвниот peд и миp – информираат од МВР.

Важно соопштение за возачите: Во наредните 7 месеци пренасочување на cooбpaќajoт кај клучката кај Градско

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лената и лентата за застанување, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување – информираат од АМС.

-Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон граничен премин Богородица и во правен на граничен премин Табановце.

Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните 7 (седум) месеци – се вели во соопштението од Авто-мото сојузот на Македонија.

Неофицијално: Општина Прилеп оставена со над 5 милиони евра долгови?

Колку само штета направила претходната гарнитура на локалната власт, говори податокот од Секторот финансии, според кој неофицијално досега сумираните бројки на долгови се околу пет милиони евра?

На што се должи ова расипничко трошење треба да се објасни добро во јавноста, за прилепчани да знаат кој што правел со нивните пари.

Ова е огромна цифра за релативно развиеана општина, но нестрпливи се сите да знаат дали превработеноста, сомнителните набавки на автобусите, изградбата на најскапото светско мовче или булеварот без технички прием, се причина за оваа “хаварија” со градските финансии.

И конечно, се очекува отчет за трошењето и ревизија на сите активности на преходната локална самоуправа, и на се’ уште несменетите директори на јавните претпријатија.