дома блог страница 179

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп – Градско

Сообраќајот на патот А1 Прилеп-Градско кај „Заполошки мост“ е нормализиран откако беше во прекин од синиќа во 22:40 чсот поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Вечер со руска и македонска поезија во Прилеп (Фото галерија)

На 24.09.2025 година во градот Прилеп, во свечената сала на Градската библиотека се одржа манифестација „Вечер со руска и македонска поезија“ по повод на донација на книги од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија за во фондот на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.

Списокот на донираните книги го сочинуваа над 55 печатени книги, како и аудио книги, меѓу кои имаше книги на руски, на македонски, а имаше и двојазични, руско-македонски, книги.

Настанот го организираа директорката на Градската библиотека, поетеса госпоѓа Андриана Ристеска, којашто беше домаќин на овој настан, заедно со претставничка на руската дијаспора во Македонија, македонистка Дариа Красник (Шафрина), којашто воедно беше и водител на настанот. Оваа манифестација никогаш немаше да се овоплоти без бескрајна поддршка на Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција господин Сергеј Александрович Баздникин и Конзулот на Руската Федерација, втор секретар господин Константин Иванович Чеботарев.
На сцената со свечени говори настапија домаќинот, директорката на Градската библиотека госпоѓа Андриана Ристеска, градоначалникот на Општина Прилеп господин Борче Јовчески, Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција господин Сергеј Александрович Баздникин, потцртувајќи дека руската и македонската култури се словенски, блиски и дека соработката помеѓу двете држави на ниво на култура има големо значење затоа што Културата е поим којшто го обединува човештвото и нема граници.

За историско-цивилизацискиот континуитет на градот Прилеп, како и на цела Македонија, и за историјата на руско-македонските односи кажуваа познати професори по историја од Прилеп Горјан Василевски и Ѓорѓи Костоски. После нивниот интересен и длабокомислен историски осврт се започна и концертниот дел на настанот. Во рамките на концертот настапи новинар, поет и преведувач од Прилеп Филип Димкоски со песните од рускиот поет Алексеј Решетов, од македонскиот поет Ѓеорѓи Сталев и, се разбира, од легендарниот Блаже Конски. Дариа Красник (Шафрина) ги рецитираше песните од руските поети Сергеј Есенин, Марина Цветаева и Афанасиј Фет на руски јазик. Музичката нумера од Антонио Петкоски, ученик во прва година во средното музичко училиште во Битола, а по потекло од Прилеп, односно неговата музичка изведба на „Полонеза“ од Михаил Огински ги фасцинира сите присутни, а како завршна точка на концертот со познатата руска песна „Очи черные“ настапи македонски оперски пејач, добитник на многубројни меѓународни награди и учесник на концертот во Кремљ во Москва Илија Белистојаноски.

Меѓу гостите на манифестацијата присуствуваа: Руската Амбасада на чело со Амбасадорот на Руската Федерација, Неговата Екселенција господин Сергеј Александрович Баздникин заедно со Конзулот на Руската Федерација, втор секретар господин Константин Иванович Чеботарев, трет секретар И.Н. Чернишев и аташе С.В. Иванова; високите претставници на македонското духовенство Митрополит Преспанско-пелагониски Петар, Епископ Велички Владика Николај, Архијерејски намесник во градот Прилеп протојереј Влатко; градоначалникот на Општината Прилеп господин Борче Јовчески, претседателката на Советот на Општината Прилеп Ирена Стерјовска-Локвенец, раководството и тимот на Градската библиотека; претставници од руско-македонските друштва од Прилеп, Ресен и Битола, претставници на различни фели како од Прилеп, така и од други градови, како и руски сонародници. Вкупниот број на гостите на овој настан изнесуваше сто души.

После концертот следуваше разгледување на изложбата на книгите отворена во салата на библиотеката по повод на донацијата, кадешто донираните книги го завзедоа централното место покрај книгите од руски класици од фондот на библиотеката. Изложбата беше украсена со големи портрети од руските класици (на пример, од Ф. Достоевски, од А. Пушкин и др.). Настанот се заврши со прекрасен коктел со дружење во убава, топла и позитивна атмосфера.

Се надеваме дека овој настан е само почеток на нова културна руско-македонска соработка во градот Прилеп!

Автор: Дариа Красник (Шафрина)

Нова радост на Клиниката за детски болести – Малиот Амир го чукна среќното ѕвоно откако ја доби тешката битка (ВИДЕО)

Нова радосна вест од Клиника за детски болести во Скопје.

-Победничкото ѕвонче повторно силно ѕвонеше за да слушнат сите дека нашиот јунак Амир храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Амир му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство, велат од Клиниката.

Игор Каравилоски е нов градоначалник на Кривогаштани – Во изедначена битка победи со 211 гласови разлика

Игор Каравилоски е избран за нов градоначалник на општина Кривогаштани по првиот круг од локалните избори. Каравилоски кој беше кандидат на СДСМ, во битката за оваа пелагониска општина победи над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Граороски.

Резултатот во гласови изнесува 211 гласови во корист на Каравилоски.

1. ИГОР КАРАВИЛОСКИ – Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ – 1.473

2. САШО ГРАОРОСКИ Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство) – 1.262

Во советот одлуките ќе ги носат 11 советници, по 5 од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и 1 од ЛЕВИЦА:

1. ГОРАН НОВАКОСКИ (5. Коал. СДСМ)
2. АНТОНИО СИМОНОСКИ (5. Коал. СДСМ)
3. ЈУЛИЈАНА НИКОЛОСКА (5. Коал. СДСМ)
4. ВЕСЕЛИН ШАРКОСКИ (5. Коал. СДСМ)
5. АНТОНИО МИЦАКОСКИ (5. Коал. СДСМ)
6. ДИЈАНА ДУРТАНОСКА (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
7. КЛИМЕНТ МАНЕСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
8. СВЕТЛАНА АЏИОСКА (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
9. ДИМИТАР МАЏАРОСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
10. ВЛАТКО ГРАШКОСКИ (9. Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
11. АНДРЕЈ АЦЕСКИ (6. ЛЕВИЦА)

Отворена нова детска градинка за 76 дечиња во Битола (ФОТО)

Со адаптација на дел од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“, Битола добива уште еден објект во рамките на ЈОУДГ „Мајски Цвет“, градинката „Пчеличка“. Новата градинка, која ќе се користи за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст до 6 години, ќе биде со капацитет за згрижување на 76 деца.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорката на „Мајски Цвет“ Кристина Лајмановска, го означија свеченото отворање, на кое беа промовирани новите простории и условите за престој на дечињата.

„Со отворањето на оваа детска градинка, очекуваме да се релаксира во еден дел потребата од згрижување на дечињата во градинките. Наскоро очекуваме отворање на уште една детска градинка, со која ќе ја ублажиме состојбата со огромната листа на чекање за упис во градинките“, истакна градоначалникот Коњановски.

Директорката Лајманосвка истакна дека во градинката „Пчеличка“, дечињата ќе бидат опфатени во 4 групи. Објектот ги опфаќа сите потребни занимални и дополнителни простории за квалитетни услови за престој на дечињата, а за негова работа е донесена и одлука од страна на Советот на општина Битола.

Градинката „Пчеличка“ е реконструирана, адаптирана и опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади и со средства на Општина Битола. Според Договорот склучен помеѓу министерството и општината во 2022 година, средствата во износ од 10.273.344,81 денари за реконструкција на градинката се во сооднос од 70% од министерството и 30% од страна на општината.

Дизелот од полноќ поевтин за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 % во однос на одлуката од 13.10.2025 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,614 ден/кг и сега ќе изнесува 36,047 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.10.2025 година.

Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 36,047 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,047 (денари/килограм)

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа, рече Николоски на партиска прес-конференција.

Николоски е убеден дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник, со оглед на тоа што води во однос 3:1.

Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, Николоски потсети дека „ние сме партнери со САД и со НАТО“ и оти тоа е една од причините зошто напредуваме.

Николоски ја потенцираше, како што рече, убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во бастионот на СДСМ – Струмица и посочи дека оставката од Филипче треба да следува како морален чин.

Николоски смета дека во вториот изборен круг во општина Карпош граѓаните нема да гласаат за Стевчо Јакимовски, кој е противкандидат на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ и ДУИ во наредниот период ќе се занимаваат сами со себе, оцени Николоски.

Oва ќе биде распоредот на силите во идниот состав на Советот на општина Прилеп

Локалните избори донесоа нов распоред на силите во Советот на општина Прилеп. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” ќе бидат застапени со 17 советници, СДСМ освои 6, ЛЕВИЦА ќе има 3 советници, а Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

ОГРОМЕН УСПЕХ: Прилепчани се закитија со 4 награди на 54. Државен фестивал за аматерски филм (ФОТО)

По 54-ти пат, во организација на Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија, викендов во Домот на култура „Тошо Арсов“ во општина Виница, се одржа Државниот фестивал за непрофесионален (аматерски) филм на Македонија.

Фестивалот претставува традиционална манифестација, а право на учество имаат сите граѓани од сите возрасни категории, кои се занимаваат со филмска дејност.

На 54. ДФНФ 2025 година се натпреваруваа филмови во 5 категории: документарен, краток игран, експериментален, анимиран и едноминутен филм, кои се бореа за златен, сребрен и бронзен медал.

На натпреварот веќе традиционално, учество зедоја Марјан Беџо и Никола Димески од Прилеп, кои уште еднаш ги докажаа своите квалитети, освојувајќи 4 награди.

Ова е огромен успех за двајцата прилепчани, кои идната година ќе ја претставуваат Македонија на Интернационалниот филмски фестивал во Швајцарија.

Да им го честитаме успехот и да им посакаме уште поголеми достигнувања во иднина!

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: С.Б. ОД ОХРИД ОСВОИ 6.127.129 ДЕНАРИ

Охриѓанецот С.Б. е најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 6.127.129 денари! На 12.10.2025, токму на видеолотариските терминали во Клуб спорт 77 Евротип, неговата среќна игра „40 Burning Hot“ му ја донесе најпосакуваната добивка!

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни моменти!

Во периодот од 06.10.2025 до 12.10.2025 Видеолотарија Касинос Австрија исплати фантастични 23.326.984 денари кон играчите на ВЛТ терминалите ширум Македонија и тоа:

2 СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ → исплатени 13.343.908 денари
5 МИЛИОНЕР џекпот добивки вкупно 7.486.273 денари
МИНИ џекпот добитници → со добивки од 2.496.803 денари
Видеолотарија Касинос Австрија повеќе од една деценија успешно работи во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Во изминатите 11 години, на среќните ВЛТ играчи низ Македонија им се исплатени преку 3 милијарди денари – доказ за транспарентност, стабилност и лидерска позиција во областа на електронските игри на среќа.