дома блог страница 180

Пронајдена рачна бомба на ул. “Крушевска” во Прилеп

-На 19.10.2025 во 12:35 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека при вршење ископ на ул.„Крушевска” во Прилеп била пронајдена рачна бомба. Од екипа на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување бомбата е безбедно подигната и констатирано е дека се работи за рачна бомба од француско потекло од Првата светска војна, информираат од МВР.

Oфицијални резултати: ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг добива 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а ДУИ 4

Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50 отсто освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг
Инаку, изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.

На вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, а според првичните неофицијални резултати најголем дел од нив се кандидатите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, според обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите на 3 472 од вкупно 3 474 избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалници во 32 општини, а избрани уште во првиот круг.

Во оваа бројка не е вклучена општина Старо Нагоричане, бидејќи во неа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има точно 50 отсто освоени гласови, што е на границата потребни гласови за победа во првиот круг.

Од останатите учесници во трката за градоначалник, обработените податоци покажуваат дека во првиот круг Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во две повеќе, односно пет, а коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во 4 општини.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај, бидејќи, како што веќе наведивме погоре, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

Социјадемократскиот сојуз во првиот круг освои градоначалнички места во општините Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Коалацијата ВЛЕН во трката за градоначланик во првиот круг поведи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

Новниот политички опонент, коалцијата НАИ, предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.

Инаку, изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.

Крушевчани приведени во Тризла…осомничени за поткуп на гласачи во Крушево?

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, истакнуваат од Министерството.

До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.

За многу годни! Денеска се празнува Светиот Апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија.

Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри. Во Индија, свети Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи. Меѓу останатите, Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри.

Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до смртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, туку се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ.

Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на смрт и испрати петмина војници коишто го прободоа со пет копја.

Така си ја предаде душата во рацете на Христа светиот апостол Тома. Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело.

На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК).

Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот.

Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.

На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.

ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот.

Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа.

ИН МЕМОРИАМ: Почина еден од најмаркантните личности на Битола

Со длабока жалост и сочувство до семејството, денес ја споделуваме веста за заминувањето на еден од најмаркантните личности на Битола, професорот Александар Стерјовски – објавија на социјалните мрежи од Општина Битола.

-Стерјовски остави длабока трага како истражувач, педагог и хроничар на градот. Со своите книги и студии, меѓу кои се издвојуваат делата од серијалот „Битолско десеткнижие“, тој го документираште развојот на архитектурата, културата, спортот, музичката традиција и други области за Битола. Неговите дела претставуваат вистински архив на градската меморија.

За битолчани, тој е симбол на љубовта кон градот, инспирација за идните генерации и жив сведок на неговиот дух. Неговото дело претставува траен споменик на Битола и нејзините најзначајни личности – стои во соопштението.

Лишен од слобода 29-годишен прилепчанец и двајца малолетници – краделе во колонијални продавници и ограбиле златара

-На 17.10.2025 во 19:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода А.А.(29) и двајца малолетници, сите од Прилеп, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби во две колонијални продавници и една златарница на подрачје на Прилеп. Украдените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од КЗ „тешка кражба“ – информираат од МВР.

Во понеделик стартува сезоната за Мега Баскет – Дечките од Прилеп со амбиции за највисок пласман

Со амбиции за пласман помеѓу осумте најдобри, прилепската екипа Мега Баскет, во понеделник (20.10.) ќе ја започне новата сезона во Првата кошаркарска лига.

Стартот на првиот натпревар е со почеток од 20:15 часот во спортската сала во ООУ “Добре Јованоски”, а Мега Баскет во новата сезона ќе биде поддржан од верните спонзори – компаниите: “Прилепска Пивара”, “Матадор”, “Бимфуд”, а од оваа сезона и од новиот спонзор “Гурмано”.

Дојдете во понеделник, гледајте добра кошарка и бодрете ја прилепската екипа, затоа што дечките заслужуваат, а сите им сме потребни во остварување на нивната цел.

Во Прилеп денеска гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници во Домот за стари лица и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Непречено почна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион.

Од општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека нема никакви проблеми во текот на гласањето.

-Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор, вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.

Во Прилеп, денеска своето право на глас го остваруваат 298 болни и изнемоштени лица, 60 штитеници во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и 119 осуденици во прилепскиот затвор.

Денеска гласаат и 222 болни и изнемоштени лица во општина Крушево, 61 во Кривогаштани и 105 болни и изнемоштени во општина Долнени.

Денеска гласаат 2162 затвореници, 8851 болни и 442 немоќни лица

На ден пред изборите, гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Според информациите од Државната изборна комисија, од утрово гласањето тече мирно и непречено.

Според Избирачкиот список, во казнено – поправните домови, денеска треба да гласаат 2162 затвореници од кои во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119…

Во своите домови ќе гласаат и лица кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор.

Членови на избирачките одбори денеска во нивните домови треба да посетат 8851 болни и немоќни лица кои побарале и им било прифатено да гласаат.

До Државната изборна комисија пристигнале 9217 пријави за гласање на болни и немоќни лица, од кои 8851 биле прифатени.

Во старските домови ќе гласаат 442 возрасни лица, наместо 450 лица. Бројката се намали за осум лица откако Министерството за социјална политика, демографија и млади, како што соопшти ДИК на седница пред неколку дена, извести дека старскиот дом Арија е затворен.