Момироски: Во функција се 2 од 4 нископодни автобуси

Во најновата неделна колумна, новинарот Зоран Момироски се осврна и на состојбата во која се наоѓа градскиот превоз во Прилеп, кој е во склоп на работењето на ЈП за ПУП.

-Поделени мислња меѓу граѓаните за работата на градскиот превоз. Едни тврдат дека е добар. Други пак дека не се задоволни. Едни со став дека за 30 денари превоз треба да се задоволни. Други дека пензионерите кои имаат безплатни карти го злоупотребуваат и без целно наместо да седат дома си се возат по цел ден. Трети најголеми забелешки имаат за тоа дека ,,ТРОЈКАТА,, не се обраќа до населбата ,,Сточен пазар,,. Од ЈП ПУП велат дека од 4 сега во функција се само 2 од нископодните автобуси со кои располага претпријатието. На едниот дефектот ќе му биде одстранет и ќе биде пуштен во редовен сообраќај најдоцна до крајот на идната недела. А за да се отстрани дефектот на вториот ќе треба да помине подолго време. Сето зависи од овластениот сервис во Скопје и за колку време би стигнале деловите од Турција. Иако ЈП ПУП има и други автобуси кои се користат за ученички превоз истите не може и не смее да ги пуштат во нормален градски превоз поради тоа што не одговараат на намената. За забелешките ,,мапа на движење,, и час на пристигнување на автобуски постојки се бара решение. Директорот Игор Неделкоски вели дека мапи со термини за пристигнување и поаѓање ќе бидат испечатени во форма на флаери а потоа распределувани на граѓаните. А сосема е сигурно дека од втората половина на мај ќе биде зголемено и летното работн време. Сега автобусите од градскиот превоз се сообрајќаат од 6 до 19 часот. Но во летниот период ќе возат од 6 до 21 часот.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.