дома блог страница 172

Koнцерт на танцовото студио “Зодијак” за Меѓународниот ден на танцот во “Марко Цепенков”

Танц студиото ЗОДИЈАК при ЦК „Марко Цепенков“ со целовечерен концерт во големата сала на 29.04.2026 год./среда/ во 20 часот ќе го одбележи 27-от роденден од своето постоење, и ќе даде свој придонес во одбележувањето на интернационалниот ден на танцот 29 април.

– Со танцов перформанс на сите учесници од најразлична возраст ќе се претстав и студиото, а воедно ќе бидат прочитани и итернационалната порака за оваа година која ја напиша канадската кореографка Кристал Пајт, како и македонската порака напишана од првенецот балерина и истакнат солист при МНТ Зоица Пуровска Велевска. Режијата е на Кире Миладиноски. Како кореографи заеднички се потпишуваат Кире Миладиноски, Бисера Гаралоска и Марта Шаркоска – велат од „Зодијак“.

Играат: Софија Иваноска, Љубица Ангелеска, Лана Спиркоска, Милана Здравеска, Јована Ангелеска, Јана Чучуроска, Сара Камческа, Сара Иваноска, Исидора Митревска, Анисија Тренеска, Марија Стојаноски, Бисера Тренкоска, Неа Попоска, Марта Шаркоска и Бисера Гаралоска.

Дизајнот за промотивниот материјал и видео монтажата е на Петар Јошески, додека автор на промо видео спотот е од Љупчо Атанасоски.

Влезот е слободен, но заради протокол и безбедност на сите во салата ќе се сместуваат само лицата со влезници до ислопнување на капацитетот. Услугата е прв дојден прв услужен. Влезници ќе можат да се подигнат три часа пред почеток на настанот од билетарницата на ЦК „Марко Цепенков”.

Настанот кој што ќе биде празник за очи, е поддржан од Општина Прилеп.

ПУКАНО ВО КУЧЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП – ветеринарите морале да му ја ампутираат ногата

Вознемирувачки случај на насилство врз животно е регистриран во Прилеп, откако куче било тешко повредено од огнено оружје во централното градско подрачје.

Од Ветеринарната амбуланта „Дамески“ информираат дека поради сериозноста на повредата, биле приморани да извршат ампутација на ногата за да му го спасат животот.

„Денот го завршуваме со пациент на кого беше неопходно да му се ампутира ногата. Причина – рана нанесена со огнено оружје, и тоа во централно градско подрачје. Кучето ќе биде добро и ќе има квалитетен живот и покрај својот хендикеп“, стои во нивната објава.

Од амбулантата изразуваат загриженост за односот на поединци кон животните, потенцирајќи дека ваквите случаи отвораат сериозни прашања не само за хуманоста, туку и за безбедноста во заедницата.

„Се наметнува прашањето – каде исчезна хуманиот однос кој треба да го имаме спрема животните, но и прашањето за безбедноста, не само на кучињата“, додаваат од „Дамески“.

Светски познатиот џудо мајстор од Прилеп: „Спортот се претвори во бизнис на грбот на децата“

Џудо мајсторот кој 40 години живееше во САД, редеше историски спортски успеси и беше успешен бизнисмен, сега во пензионерски години, се’ уште е активен и посветен на џудото и се’ уште се натпреварува во ветеранска конкуренција. Сега прв човек на Џудо клубот Осака од Прилеп, каде неговите ученици во изминатите десетина месеци освоија: 4 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали на различни домашни и меѓународни натпревари.

Димески преку ФБ статус реагира за начинот на кој работат одредени клубови низ државата, што според него е погрешно и незаконито.

Фејсбук статусот на Димески го пренесуваме во целост во продолжение:

-Спортски клубови, профит и криминал на газди регистрирани како Клуб на граѓанско здружение!

Како ви ги крадат вашите пари кога вие веќе еднаш сте платиле данок кон државата скоро 40% генерално земено на се.

– Плаќате клубска чланарина – криминал!
– Освоени медали на државни првенства – криминал (децата спортисти не добиваат ништо од она што клубовите го заработуваат…)

Треба да знаете дека на спортските клубови (Минстерство за спорт, кое е дел од Владата на РСМ) им доделува финасиски средства за развој на спортот во државата како ЗДРУЖЕНИЈА.

Секој еден платен денар од спортистите за развој на спортот, како на пример: чланарина, патувања, ноќевања, храна, плаќање за натпревари и друго, веќе се смета како сторен криминал кон вас, како веќе даночен обврзник кон државата, или дупло оданочување на друг подмукли начин.

Спортски клуб регистриран како ДООЕЛ има право на ова се горе наведено, дури и повеќе. Ова е само мое мислење (консултирајте се со вашите адвокати), пишува Димески

Две од две за прилепчани на стартот од одбојкарската лига за ветерани

Во второто коло од одбојкарската лига на ветерани одиграно во Тетово, екипата на 11-ти Октомври се сретна со екипата на Струмица.

Со дисциплинирана игра прилепчани ја осигураа победата со 2:0 во сетови (25:18, 25:15) и сега имаат две победи од два натпревари, и со тоа се во самиот врв на табелата.

На вчерашниот натпревар екипата на прилепчани ја сочинуваа: Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Гоце Бурнески и Атанас Николоски.

Во третото коло 11-ти Октомври е слободен, а во четвртото коло играат против фаворизираната екипа на Шкендија

Николоски во посета на Прилеп

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе оствари работна посета на општина Прилеп.

Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски заедно со градоначалникот на Прилеп ќе извршат увид во реконструкцијата на улица „Кеј 1 Мај”.

Изјави за медиуми се предвидени во 11:30 часот.

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27-ми април

Прес-конференција денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство ќе одржи Јане Ченто, на која, како што најави ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката за настаните од 27 април.

– Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката – се наведува во најавата.

Во најавата Ченто вели дека ова претставува почеток на процес за утврдување одговорност и расчистување на сите околности поврзани со судскиот процес за 27 април.

– Во име на опфатените со судскиот процес изјава за медиумите ќе даде Јане Ченто, се вели во најавата.

Апелациониот суд минатата недела донесе одлука со која не го прифати барањето за повторно судење на осудените за насилството при упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

– Жалбата е неоснована. Судот го ценеше жалбениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеноро решението не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и заземени правни ставови на судот, се вели во одлуката на Апелација, која е потврда на решението на Кривичниот суд од декември.

Јане Ченто заедно со уште 15 други лица во 2019 година беше правосилно осуден на 13 годишна затворска казна под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Нешто ново и модерно се отвара во Прилеп! Сакаш добра плата и одлични услови? Пријави се ТУКА!

Во Прилеп наскоро своите врати ќе ги отвори новиот модерен ресторан Cipriani, сместен во просторот на поранешниот ресторан Лидер – место кое ќе внесе свежина и ново гастрономско искуство во градот.

Со современ концепт, пријатен амбиент и високи стандарди во услуга, Cipriani има за цел да стане едно од омилените места за излегување, уживање и дружење во Прилеп.

Во пресрет на отворањето, сопствениците го избираат тимот кој ќе работи на реализација на новата гастрономска приказна во градот. Се бараат мотивирани, одговорни и позитивни личности, кои сакаат да работат во динамична и професионална атмосфера.

Отворени позиции:

• Келнер/ка
• Шанкер/ка
• Кувар/ка
• Помошник кувар/ка
• Салатер/ка
• Хостеса

Доколку си комуникативен/на, тимски играч и имаш желба за работа – ова е вистинската можност за тебе. Се нудат конкурентна плата, одлични услови за работа и пријатна работна средина.

📞 Јавете се на: 078 534 334

👉 Аплицирај веднаш и стани дел од тимот на Cipriani!

(ФОТО) За нов театар в центар молчат сите, значи оваа руина им е поубава

Градот кој важи за расадник на театарската култура во Македонија, продолжува да живее без функционална театарска зграда.

Театарот “Војдан Чернодрински” веќе цела година е затворен, просторот околу истиот е запустен, претворен во џунгла, а на повидок нема ништо од најавената реконструкција.

Во изминатите години се најавуваше изградба на нов театар во центарот на градот, во склоп на Центарот за култура “Марко Цепенков”, но таа идеја се чини се напушти. Следуваше ветување дека целосно ќе се реконструира и обнови старата театарска зграда, но и тоа не е на повидок.

Прилеп – градот кој го има најголемиот театарски фестивал, гости и оваа година ќе пречекува без театарска зграда…Жално и срамно кон генерации на актери и театарски работници, кон целиот таленти и култура кои постојат на овие простори и кон илјадниците вљубеници во театарската култура во градот под Марковите Кули.

Популарниот сајт од Лондон – Time Out, ја рангираше Битола во топ 5 дестинации во Европа што вредат да се посетат

Веб сајтот timeout.com, за кој работат локални новинари и експерти и кој е дел од компанијата Time Out, основана уште во 1968 во Лондон, објави статија со наслов „Најпотценетите дестинации во Европа за 2026 година – скриени бисери подалеку од толпите“. На оваа листа, од предложените 24 локации, Битола се наоѓа на четвртото место како прекрасна дестинација за голем број посетители кои може да уживаат во прекрасната архитектура и во познатиот град на конзулите да ја почувствуваат историјата која блеска од секој агол.
Повеќе информации за оваа статија може да се прочитаат на следниот линк https://www.timeout.com/…/most-underrated-travel….
Токму ваквиот контекст со кој Битола станува европски и светски препознатлива е потврда за оправданоста на инвестициите со кои локалната самоуправа неодамна инвестираше во осветлување на најпознатата и најамбиенталната улица во Битола, Широк Сокак (https://www.facebook.com/share/v/1DGKwr4T45/).
Исто така, оваа локална самоуправа после 10 години, во 2023 година, изготви нова Стратегија за локален економски развој, со која беа детектирани сите недостатоци и потреби за економски и туристички напредок на Битола, вклучувајќи и инвестиции во потепелистерието кои се од голема важност за промоција на Битола како туристичка дестинација.
Овој стратешки документ (https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2024/11/Стратегија-за-локален-економски-развој-2023-2027.pdf), во значителна мера придонесе за воочување и на голем број проблеми на терен за кои претходно недостасуваа податоци, што подразбира изработка на нови и измени и дополнувања на затекнати проектни документации.
Ваквите објави кои ја промовираат Битола во своето најдобро светло, истакнувајќи ја убавината на нејзината архитектура и пелистерското богатство, претставуваат силен мотив за нови инвестиции, дури и кога тоа подразбира повеќегодишна и макотрпна работа.

Прилепчанецот ЧОРБЕ, растура во Србија, играч на колото со два погодоци за ТСЦ

26-годишниот Андреј Тодороски е роден во Прилеп. Веќе втора сезона има одлични настапи за српси ТСЦ

Тодороски во последното коло од Српската супер лига постигна два гола во триумфот на својата екипа над Спартак Суботица, носејќи на својот тим важни три бода во обидот да се обезбеди уште една сезона настап во прволигашката конкуренција.

Тодороски, кој во зимскиот преоден рок 2025 година пристигна во ТСЦ за сума од околу 450.000 евра, одигра еден од своите најдобри натпревари во дресот на клубот од Бачка Топола. Покрај головите, се истакна и со низа квалитетни дриблинзи, креативни додавања и постојана опасност по противничката одбрана.

На листата на стрелци, Тодороски сега има 6 погодоци и уште исто толку асистенции.