дома блог страница 1716

Денеска се празнува Св. маченица Татјана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана.

Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса.

Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена. После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

Од рубриката успешни градоначалници и компании издвојуваме

Компанијата “Кожувчанка” од Кавадарци во изминатата 2021 година до денеска реализирала донации во вредност од огромни 16.867.245 денари.

Донациите на ФБ ги наброи градоначалникот на општина Кавадарци и сопственик на компанијата Митко Јанчев.

СЕКОЈА ЧЕСТ!

Денеска ќе наполнеше 41 година, веќе 15 години го слави со ангелите

На 25 јануари 1981 година во Прилеп е родена најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“…

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера.

Славјанка пpeceче: Доколку HATO побapa, македонската apмиja може да се вклучи во можниот конфликт меѓу Pycиja и Укpaина

Позициите на нашата држава по однос на проблемот што го имаат Руската Федерација и Република Украина е дека целосно го поддржуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Како земја членка на НАТО, ја поддржуваме и се залагаме за политиката на отворени врати и правото на секоја земја, вклучително и Украина, за самоопределување, истакна вечерва министерката за одбрана Славјанка Петровска во интервју на ТВ Телма.

-Од она што и ние по нашите канали на комуникација во рамки на НАТО структурите го добиваме и од она што се информира јавноста, е дека во тек се дипломатски преговори за мирно решавање на овој спор. И апсолутно како држава таквиот тек на настаните го поддржуваме, односно се залагаме за дипломатско решавање на овој спор, потенцира Петровска.

Во однос на обврските на македонската армија како членка на НАТО, во случај на руска инвазија на Украина, министерката рече дека ангажманот на нашата армија, како и на армиите на сите други земји членки на НАТО, се дефинира на конференциите за генерирање на сили кои конкретно за оваа тема се одржуваат под координација на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Минск.

-На овие конференции секоја земја членка става на располагање сили, единици или опрема согласно сопствените можности. Во овој момент, нашата армија како дел од тие структури има обврска и веќе изготвува анализи за можностите за потенцијално наше учество односно ангажман. Одлуката за евентуално учество е пропишана во која процедура се носи, тука е потребна одлука на Владата. Таквата одлука се уште не е донесена, истакна Петровска.

Министерката истакна дека нашата држава до сега од Русија нема добиено никакви барања како што побара од НАТО да се повлече од Бугарија и Романија. Во однос на релациите со Федерацијата, Петровска рече дека како држава негуваме добри дипломатски и пријателски односи со сите држави.

– Имаме исклучително добри билетерални релации, но сепак како држава нашите институции се задолжени и се должни да ги штитат интересите пред се на нашата држава односно националните безбедносни интереси. Во таа насока беше и протерувањето на дипломати кои очигледно е дека по сознанијата кои нашите институции ги имале, ја преминале границата, односно обавувале дејствија кои не се во согласност со прописите и процедурите, појасни Петровска.

Манчини го објави списокот на фудбалери за дуелот со Македонија

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за бараж-натпреварот против Македонија за Светското првенство во Катар.

Марио Балотели, по повеќе од три години повторно е во селекцијата на „аѕурите“, а има и неколку дебитанти, голманот Марко Карнесеки, дефанзивците Луис Фелипе и Џорџо Скалвини, Николо Фаџоли и Давиде Фратеси од средниот ред, како и напаѓачите Самуеле Ричи и Жоао Педро.

Првиот собир на Италија е закажан на 26 јануари, а бараж – натпреварот со Македонија е закажан за 24. март во Палермо.

Двајца прилепчани тепале свој сограѓанин кај месноста викана “Ѓупски ливади”

На 23.01. во ОВР Прилеп, Д.Д. (75) од Прилеп пpиjaвил дека кај местото викано “Ѓупски ливади” бил физички нападнат од Љ.М. и Ф.М., информираат од МВР.

Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчајот.

Нов проект: Паркинг пред Участакот на “администраторите” (Фото)

Нов проект во Прилеп, паркинг пред Меморијалниот музеј “11-Октомври” (бугарскиот участак).

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.

ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од утре ќе возиме со уште поскапи гopива: Ова се новите цени

Се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија од 17.01.2022 година.

Mалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ ќе изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 71,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 71,00 ден/лит.

И малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, од полноќ ќе изнесува 44,213 ден/кг. Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со законот за акцизи.

Шест телохранители и нова кола на подарок – еве со каква марка на автомобил го поднови Владата Зоран Заев (Фото)

На Зоран Заев како претседател на Владата на кому му престанала функцијата му е доделено владино службено возило „шкода суперб“ произведена во 2021 и со зафатнина од 2.000 см3 со владина одлука по престанувањето на неговиот мандат на почетокот на оваа година, објави порталот Фактор.

Според измените на Законот за Влада направени во 2016, поранешниот претседател на СДСМ има право да го користи овој автомобил во вкупно траење колку што до сега бил шеф на Владата. Претходно на Заев во 2020 кога при формирањето на техничката влада подднесе оставка му беше доделен „фолксваген пасат лимузина“ произведен во 2018 година и со кубикажа од 2.000 см3.

Владата изминатото лето набави 45 луксузни возила „шкода суперб“ со погон на четири тркала во вредност од 1,5 милиони евра без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило изнесува 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнува околу 40 илјади евра. Предмет на договорот е јавна набавка на стока се 45 моторни возила по пат на оперативен лизинг во времетреање од 36 месеци и предвидена километража од 120.000 километри за тој период.

Целиот текст прочитајте го ТУКА