дома блог страница 1682

Сега никој не го брани Јованоски: Дали прилепските функционери од СДСМ го пуштија по вода? (Видео)

СДСМ и Јавното обвинителство молчат за документиран криминал во Прилеп. Криминал за којшто директно е одговорен Илија Јованоски, поранешниот градоначалник од СДСМ во Прилеп. Ред се редат кривични, а јавните обвинители никаде ги нема глас да пуштат. Да потсетам, согласно закон, за соучество во дело се смета и со постапување но и со непостапување! Во вториот дел, како соучесништво, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој рече дека досега неколку пати посочиле јавно за случајот во Прилеп.

– Јованоски прво на нелегален начин променил инвеститор на парцела во центарот на градот, за потоа новиот инвеститор, фирмата „Дино 99“, да изгради дивоградба објект, надвор од рамките на дозволениот проект и сето тоа е документирано од градежните инспектори од општината. Постапката во тој случај е јасна, решението за градба треба да биде ништовно. Но, наместо поништување, Илија Јованоски на нелегален начин дозволил да се изгради дивоградбата со обид за измена на проект во градба. Нормално, надвор од законот. Уште еднаш, честитки за градежните инспектори што документирале криминал и постапиле по закон, без разлика на притисоците на Јованоски, посочи Стоилковски.

Тој додаде дека прашањата на коишто мора Јованоски да одговори се: Дали целиот овој криминал е направен затоа што сопственикот на инвеститорот „Дино 99“ е близок роднина на Илија Јованоски? Дали можеби ова требало да биде нова семејна зграда во Прилеп? Дали Јовановски во Прилеп криминално дозволил семејна зграда за свој роднина?

– Пример за криминално водење на локална самоуправа беше Прилеп, како и за владеење на криминалот во градот. Локалните власти на СДСМ владееја по теркот на фамилијата од Струмица, да се земе сѐ и да се богатат на грбот на граѓаните. Но, ќе дојде ден кога ЈО и правосудниот систем ќе излезат од скутот на мафијата и правда ќе има за се’! Да не се повтори картели и фамилии да ја водат државата по принципот на СДСМ, дециден е Стоилковски.

Битола синоќа под опсада: Во ноќни клубови пpoнajдена дpoга, лица без ceртификати, малолетници, непријавени paботници… (Фото/Видео)

Денеска (20.02.2022) во периодот од 01.30 до 04.30 часот полициски службеници од Бирото за jaвна безбеднocт при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола – информираат од МВР.

При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дpoга (пpaшкacта матepиja и мapиxyaна) и ќе бидат поднесени кpивични пpиjaви по член 215 од Kpивичниот законик, едно лице yпотpeбило лажен Koвид cepтификат и за тоа ќе следува cooдветна кpивична пpиjaва, а до надлежното обвинителcтво ќе биде поднeceн поднecoк и пpoтив coпcтвеник на објект кој yпатyвал закани кон полициcките cлyжбеници и инспекциcките cлyжби.

Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле конcтатиpaни пpeкpшоци и по законот за пyшење.

42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат Koвид cepтификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазapeн инcпектopaт и ќе следат соодветни поднесоци.

Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фиcкална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување.

Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

Познатата модна блогерка од Битола, Александра Шијаковска, низ видео откри дека ја чека голема животна бopба

Модната блогерка од Битола, Александра Шијаковска на својот Инстаграм профил откри дека се соочува со тешка опepaциja.

-Најсакани мои пријатели, роднини, соработници, луѓе кои ме познавате или не, сакам да ве известам дека извесен период нема да се дружиме. Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака.

Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите.

Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред – напиша Александра во видеото кои го објави на Инстаграм.

Сите му се потсмеваат: Србија ја откупи целата резерва на сол од фабриката во Тузла, еве зошто

Александар Вучиќ вели дека обезбедил доволно основни намирници доколку дојде до недостик поради војната меѓу Украина и Русија.

Србија ја откупила речиси целата резерва на сол од фабриката во Тузла и затоа вели граѓаните не треба да се грижат.

-Водевме сметка, купивме се од храна како прави домаќини.Ми се смеат, викаат тој е луд.Така ми се смееја и за вакцините и за медицинските материјали и респиратори. На крај испадна дека бев во право. Купивме сол колку што можевме така да луѓето не треба да се грижат и да прават резерви. Имаме резерви како што сакате – објасни претседателот.

Се ожени cинот на екc пpeтceдателот Иванов: Иван и Јана стапиja во бpaк (Фото)

Синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се ожени. Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија.

Судејќи по фотографиите, венчавката била во потесен круг на роднини и пријатели, а среќата на новиот брачен пар е повеќе од забележлива.

На една од објавените фотографии на Инстаграм стори кај младоженецот Иван се примети еден мал детал, односно стомакот на невестата Јана. Дали новопечениот млад брачен пар очекува принова останува да дознаеме понатаму.

На Иван и Јана им честитаме за стапувањето во брак и им посакуваме вечна љубов и слога.

Александар Николоски избран во 40 највлијателни личности под 40 години во Европа

Бриселската „Пријатели на Европа“ („Friends of Europe“) го избра Александар Николоски како еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

„Пријатели на Европа“ според неподелените мислења е највлијателна организација во Брисел и активно учествува во креирањето политики на ЕУ и создава општествени промени во Европа, а во нејзиниот управувачки комитет седат премиери, претседатели, претседатели на Европската комисија, евро комесари и други јавни личности од Европа. Секоја година ги номинира највлијателните личности од јавниот живот, политиката , науката, бизнис секторот да бидат дел од престижната програма Европски Млади Лидери кои се под 40 години.

Можност да бидат дел од оваа програма се веќе докажани личности кои имаат силно влијание во општествените случувања во Европа. Целта на овој проект е заедничко вмрежување на веќе докажаните 40 личности од Европа кои веќе имаат успешни кариери од областа со која се занимаваат и нивно заедничко дејствување во поглед на промени во политичкиот и социјален живот во Европа. Алумните од изминатите години и учесниците од оваа генерација заедно со водечките личности во Европа и ЕУ заеднички создаваат решенија за сите жители на континентот, ги зајакнуваат демократските капацитети и креираат нови политики во насока на подобрување на квалитетот на живот.

Еве што напишаа за избраните лидери оваа година: „Нивната страст, креативност и иновативно размислување создаваат совршена формула за генерирање на свежи идеи за изградба на Европа со понапредно размислување. Главни уредници на пионерски публикации и медиуми, лекари хуманитарци, политичари од сите нивоа на власт, актерка прикажана на Нетфликс, научници, како и иноватори што ја предводат зелената дигитална транзиција, го сочинуваат овогодинешниот избор EYL40 Class 2022 година. Од шампионите и уметници преку технолошките претприемачи, до водечките активисти и олимписките спортисти се годинешниот избор .“

А, еве што за изборот на Александар Николоски напишаа од „Пријатели на Европа “:

„Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар е потпретседател на најголемата опозициска партија во земјата ВМРО-ДПМНЕ. Посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ, тој е претседател на Националниот совет за европска интеграција, во која улога ги олеснува разговорите за пристапување на земјата во ЕУ. Александар е заменик-претседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), каде што е и член на Комитетот за правни прашања и човекови права. Тој претходно беше потпретседател на ПССЕ, како и прв потпретседател на Комитетот за политички прашања и демократија, како и на Комитетот за следење. Пред неговото влегување во политиката, Александар беше секретар на ФРЕСТА, програма предводена од данското Министерство за надворешни работи за промовирање на заедницата на невладините организации и меѓуетничкиот дијалог во југоисточна Европа“.

Покрај Николоски оваа година дел од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа се и Михаел Шимечка потпретседател на Европскиот Парламент, Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок, Катинка Хосу пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити за мали корисници, Нектариос Каланти Претседател на градоначалниците на Европа, Софи Мусел позната актерка со улоги во филмови и серии на Нетфликс, Соиел Мирпур член на управниот одбор на Рокет Интернет најголема европска компанија за поддршка на високоразвиени технолошки компании, Бенјамина Кариќ градоначалник на Сараево, Марио Брандебург пратеник во германскиот Бундестаг, Кристина Хансен од Данска која е градоначалник на Холбаек, Тамара Срзентиќ која е министерка за јавна администрација на Црна Гора, Витолд Банка од Полска претседател на светската анти допинг организација и други успешни млади лидери од Европа.

Главен мотив на „Пријатели од Европа“ е алумните на нејзините програми да бидат носители на главните промени кои треба да се случат во Европа и заедничко решавање на предизвиците со кои се соочува Европа како што се дигитализацијата, зајакнувањето на демократијата и европските вредности. Во изминатите речиси две децении голем дел од највлијателните и најталентирани личности во Европа биле дел од оваа програма и нивната воспоставена комуникација има силно влијание во Европа.

Изборот на Александар Николоски е големо признание особено затоа што ова е најпрестижно признание за личности под 40 години во Европа, а посебно е значаен делот во кој се опишува неговата работа како цитираме „Посветен на справување со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ. “

Во родната куќа на Блаже Конески во тек е снимање на долгометражен документарен филм

Блаже Конески е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик.Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик.

Во родната куќа на Блаже Конески во Небрегово во тек е снимање на долгометражен документарен филм „Дневник по многу години”.

Малиот актер Мики, ученик во ООУ „Блаже Конески” од Прилеп, вешто се справува во улогата, пренесуваат од Завод и Музеј- Прилеп.

Да ти зајде умот: Сакате уникатен изглед на домот на кој сите ќе ви завидуваат? Посетете го раскошниот Living Home Centar во Прилеп (Фото)

Често пати се случува да лутаме од салон во салон, од продавница во продавница и никако да не можеме да го пронајдеме за нас совршениот украс, детал или целосен ентериер кој сме го замислиле. Тогаш талкаме од град во град или правиме скапи порачки од странство…

Кој не го посетил Living Home центарот во Прилеп, се’ уште трага и троши залудно време по уникатен изглед на својот дом.

Ако досега сте се двоумеле, или не сте поминале покрај нивниот салон лоциран на улица “Димо Наредникот”, сега е вистинско време за тоа.

Таму ќе наидете на вистинско царство од уникатни, модерни и впечатливи украси кои на вашиот дом ќе му пружат еден поинаков изглед на кој сите останати ќе завидуваат.

Умешноста на сопствениците и тимот на вработени е главниот “виновник” што буквално ќе ви зајде умот. Секогаш се во тек со најновите трендови, а сето тоа успеваат да го состават онака да се допадне на сечие око.

Сите производи во Living Home Centar се со врвен квалитет, затоа што нивната мисија е задоволни и среќни муштерии кои повторно ќе се вратат.

Покрај прекрасните украси, уникатен мебел, салонот располага со сите потребни предмети за во кујната, купатилото, голем избор на детски играчки, алати, одличен избор на маси и столчиња за во дворот и мал милион други нешта кои ќе ви го олеснат животот, но и ќе ви заштедат во џебот.

Дел од нивната понуда можете да ја погледнете ТУКА, но најдобро ќе биде да одвоите време и да ги посетите во раскошниот салон.

Битолчани не трпат неправди: Втор пpoтecт пpoтив виcoката цена на гopивата – се бара поддршка од сите граѓани (Фото)

Втор протест во Битола против високата цена и постојаното поскапување на горивата.

Во организација на „Кар клуб Битола“ и со поддршка Club Midnight Runners, Urban street car club ohrid и Motoklub Konzuli, денеска беа блокирани двете страни на Булеварот 1-ви Мај.

Членовите на овие клубови реагираа дека токму оние кои се најзасегнати од поскапувањето на горивата, ги нема на протестот, а тоа се таксистите, камионџиите и други превозници.

Велат дека ќе продолжат и натаму со протестите се додека цената на горивата не се намали и се надеваат дека луѓето ќе се свестат и ќе им ја дадат поддршката.

На жешкиот црвен терен во Прилеп, Победа го згази Братство oд Житоше

Црвено-белите кои беа есенски прваци во Втората лига-Исток, попладнево на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп го продолжија атакот за пласман во прволигашкото друштво.

Победа како гостин на Градски го одигра натпреварот од првото пролетно коло против тимот на Братство од с. Житоше и триумфираше со 1:4 (1:2 на полувремето).

Хет-трик на натпреварот постигна Мазари, а еден погодок постигна Димоски. За Братство прецизен беше Реџепи.

Триумфи попладнево забележаа и Слога Виница против Кит Го (2:1) и Саса Каменица против Кожув (1:0).

Наредниот натпревар Победа го игра на гости кај Детонит Јуниор.