дома блог страница 1290

Oсмани им се обрати на Русите: Итно да се повлечете од територијата на Украина

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“.

Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН, каде Претседавачот Османи исто така имаше свое обраќање. На седницата на ОН беше усвоена Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина. Во тој контекст, пред Советот за безбедност Османи истакна дека Северна Македонија ја поддржува оваа резолуција и е меѓу нејзините главни ко-спонзори. За зачувување на мирот и безбедноста, рече тој, потребна е максимална акција за придржување кон меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Тој во своето обраќање уште еднаш се осврна на нашата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Ја обвини Русија за постојаните напади во урбаните области, оставајќи ги цивилите и градовите без пристап до основни човечки потреби.

„Досегашните истраги во повеќето нападнати градови во Украина водат до заклучок дека се извршени воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече Османи, споменувајќи и извршена сексуална злоупотреба и насилство врз жени и девојчиња, што е сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право.

„Сторителите на овие злосторства мора да одговараат и да бидат изведени пред лицето на правдата“, потенцираше Османи. Тој нагласи дека како Претседавач со ОБСЕ сака да стави акцент на Московскиот механизам на ОБСЕ како важен извор, со цел да се утврдат фактите за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото. Ова е, рече Османи, со цел извршените злосторства да се презентираат пред релевантните механизми за одговорност, како и пред меѓународните судови или трибунали.

„Го делиме ставот дека Меѓународниот кривичен суд е составен дел од мултилатералната архитектура која го поддржува владеењето на правото. Таа е централна институција во борбата против неказнивоста и потрагата по правда“, рече Османи во своето обраќање.

Тој додаде дека целосно ја поддржува истрагата што ја започна Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и ги поздрави и привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата со кои ѝ се наложува на Русија веднаш да ги прекине воените операции.

Османи повика и на целосно искористување на постоечките механизми за човекови права како клучни за поддршка на процесите на одговорност, зборувајќи тука за Советот за човекови права. Овој Совет, согласно своите специјални процедури, треба да ги истражи повредите и злоупотребите на човековите права и поврзаните злосторства во контекст на руската војна против Украина.

На крајот на своето обраќање, Османи ја повика Руската Федерација да ја прекине војната и го повтори барањето за итен прекин на воената агресија врз Украина, како и за целосно и итно повлекување на нејзините сили од територијата на Украина.

„Мора да го вратиме мирот и мора да надвладее одговорноста! Тие што направиле злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, заклучи Османи.

Ќе стигне ли за живот сега? Минималната плата од месец март ќе биде 20.175 денари

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денар, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Според МТСП, со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.

Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

-Од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и тоа во 2017/2018 година на 12,000 ден, во 2019 година на 12,507 ден, во 2020 на 14,500 денари, во 2021 на 15,194 ден. Во март 2022 година минималната плата достигна 18,000 денари за разлика од 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе. Носиме системски решенија, од кои граѓаните имаат директни придобивки, велат од МТСП.

Од вторник замрзнување на цената на лебот: Eве колку ќе чини

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата.

Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

Апасиев: Премиерот Таче на седница во Собрание и’ дофрли на пратеничката Бети дека е „ружна“

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев преку социјалната мрежа Фејсбук, тврди дека претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на собраниска седница, од место и дофрлил на пратеничката Бети, дека жената на премиерот била убава, а Бети била „ружна“.

„Премиерот Таче, на собраниска седница, од место и дофрли на пратеничката Бети: „Жена ми барем е убава, а ти си РУЖНА“.

Ајмо, Хелсиншки, фемини, џинџер-еквалити и остала соросписка боранија… Три, два, еден – позор, сад“, стои во објавата на Апасиев на ФБ.

Средното економско училиште од Прилеп ја одбележа 79 годишнината од смртта на нивниот патрон – народниот херој Кузман Јосифоски – Питу

.

Средното економско училиште од Прилеп ја одбележа 79 годишнината од смртта на нивниот патрон – народниот херој Кузман Јосифоски – Питу

Прилепчанецот кој ги носи најголемите заслуги за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Република Македонија.

Тој е иницијаторот и главен организатор на Првото заседание на АСНОМ, како и автор на неговите државотворни документи. Роден е во Прилеп на 23 јуни 1915 година, а загинал во Скопје на 25 февруари 1944 година, убиен од бугарски војник.

Бил прогласен за народен херој на 2 август 1945, како еден од првите борци кои го добиле тоа одликување.

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу во центарот на Прилеп, како и пред неговите спомен бисти во истоименото училиште и Могилата на непобедените денеска беше одбележана годишнината од загинувањето на народниот херој, а во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ се одржа свечена академија по повод патрон празникот на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“.

Со изложбата на рачно изработени маски започна карневалот “Прочка 2023”: Овие ученици ги имаа најдобрите изработки (Фото галерија)

Со традиционалната изложба на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денес започна карневалската магија која ќе кулминира в недела со централното дефиле за Прочка 2023.

Учениците од прилепските основни и средни училишта поддржани од нивните ментори, се претставија со повеќе од 500 рачно изработени маски, а најдобрите во секоја категорија беа наградени.

Категорија 6 -7 одделение: 1. Матеј Тодоров – О.О.У. Блаже Конески, 2. Иле Наумоски – О.О.У. Добре Јованоски, 3. Марија Талеска – О.О.У. Климент Охридски

Категорија 8 – 9 одделение: 1. Михаела Јованоска – О.О.У. Пере Тошев-Канатларци, 2. Сара Блажеска – О.О.У. Кире Гаврилоски, 3. Евгенија Димитриовска – О.О.У. Гоце Делчев

Категорија Средни училишта: 1. Андреј Бошески С.О.У. Ѓорче Петров, 2. Даниел Главчев С.О.У. Ѓорче Петров, 3. Димитар Талески С.О.У. Ѓорче Петров

Специјална награда: Учениците од второ 2 од О.О.У. Климент Охридски

ГРАН ПРИ: Изабела Талевска – О.О.У. Кирил и Методи с. Подмол

Маските ги оценуваше стручна комисија во состав: Методи Исков, Маја Најдовска и Анита Сотироска

Николоски: Фатмир Меџити, кандидат за министер за здравство, да објасни како од барака прави луксузна хациенда од 336 м2 во Тафталиџе

„Фатмир Меџити треба на јавноста да ѝ објасни како од една скромна барака во моментот гради голема хациенда од 336 квадратни метри ни помалку ни повеќе во елитната скопска населба Тафталиџе и ни помалку ни повеќе како прв комшија на Арбен Таравари“, рече потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната собраниска седница, на која се дискутира за именување нов министер за здравство.

Николоски со фотографии објасни како изгледа политичката корупција повикувајќи го кандидатот за нов министер за здравство од Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити, да објасни пред јавноста како од сите локации во градот Скопје, избрал токму спроти подарената куќа на својот пријател и претседател на партијата, Арбен Таравари.

„Како на улицата Бриселска 18А гради хациенда од 336 квадратни метри, еве можете да ја видите од една перспектива и еве од друга перспектива. Ова е како изгледа политичката корупција во Македонија и треба да објасни Фатмир Меџити како од сите локации во градот Скопје избрал локација токму карши подарената куќа на својот пријател и претседател на партијата Арбен Таравари. Вака, почитувани пријатели, изгледа политичката корупција“, потенцира Николоски покажувајќи фотографии од новата хациенда во сопственост на Меџити.

„Политичката корупција изгледа подарени и новоизградени куќи и хациенди една спроти друга на улицата Бриселска. Од едната страна Арбен Таравари, од другата страна Фатмир Меџити. Жал ми е што претседателот на Владата не е тука да одговори како е возможно вакви хациенди да се креваат во најелитната скопска населба и такви луѓе да предлага за министри“, потенцира тој и праша кој е моралниот кредибилитет на Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда. Кој е моралниот кредибилитет на Фатмир Меџити да биде кандидат за министер за здравство кога крева ваква хациенда, повторувам, ни помалку ни повеќе, наспроти подарената куќа на својот пријател и партиски претседател Арбен Таравари. Ова е тоа што во моментот се случува во Тафталиџе во Скопје и вака изгледа политичката корупција во редовите на владата на СДСМ и ДУИ, во која се обидуваат да влезат“, рече Николоски.

Безбедноста и сигурноста нема цена: Само на едно место во Прилеп сега ги имате сите најсовремени алармни и видео системи

Сакате безбеден и заштитен дом? Направете го вистинскиот избор и поставете алармен систем пред, а не потоа.

Конечно во Прилеп ги имате на располагање сите современи алармни и видео надзори на едно место. Само во Integra Sistems Security ќе добиете комплетна услуга и производи од врвни и клавитетни брендови.

Integra Sistems Security се наоѓа на приземје во бизнис центарот, каде можете да ги најдете сите видеофонски системи од познатиот хрватски бренд DVC.

Moнитори на допир, видео надзор со 3 години гаранција и фул колор камери кои јасно гледаат и снимаат во боја во вечерните часови.

Врвните мајстори од Integra ви стојат на располагање за монтажа и инсталација, а од нивниот асортиман на производи ќе ви понудат уште и италијански мотори за лизгачки и крилни врати со 3 години гаранција, како и италијански алармни системи со 10 годишна гаранција.

Се работи за луѓе со врвен професионализам, луѓе кои си ја сакаат работата и зад себе оставаат само задоволни муштерии и заштитени и безбедни објекти и домови.

За што се’ уште ги бидува дечките, добро прошетајте на нивната Фејсбук фан страна, каде ќе се уверите во нивната посветеност во оваа дејност.

Посетете ги во нивниот дуќан или јавете се и информирајте се на телефонските броеви: 048/613-113 или 075/442-920.

Не чекајте и не оставајте на случајност. Изберете ја најдобрата комбинација за заштита на вашиот имот!

МВР со детали за денешната тpaгедиja која се cлyчи на железнички премин во Прилеп

На 24.02.2023 во 03.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец помеѓу Железничка станица „Галичани“ и Железничката станица Прилеп, воз удрил во патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(39) од Прилеп.

На местото на несреќата починал M.Д., а со повреди се здобиле сопатниците Т.Х.(40) и Г.Б.(39), двајцата од Прилеп, констатирани во Општата болница во Прилеп.

Фатени тројца битолчани кои огpaбиле куќа

На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода Ф.С.(40), А.В.(34) и А.Р.(37), сите од Битола.

Тие се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на ул.„Страшо Пинџур“ во Битола, при што одзеле повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.