дома блог страница 1280

Стоматолозите предупредуваат: Цел живот ја правите истата гpeшка кога ги миете забите!

Има милион видови четки за заби, а една од нив е електрична, која многумина ја избираат. И додека некои ја фалат, други веруваат дека може да направи повеќе штета отколку корист ако се користи неправилно. Лиценцираниот стоматолог Криста Хит ги откри најчестите грешки што ги прават луѓето кога користат електрична четка за заби.

„Толку луѓе ја користат својата електрична четка за заби како да е рачна четка за заби и можат да направат повеќе штета отколку корист“, предупредува овој стоматолог.

На својот профил на TikTok таа покажа како правилно да се користи електричната четка за заби, како и зошто не треба да ги миете забите откако ќе ја користите. Прво, таа го покажа идеалниот агол за миење заби, кој е агол од 45 степени кон непцата.

Покрај тоа, според неа, би било идеално да се „поделат“ устата и забите на четири дела. Значи, го имате горниот и долниот десен дел, истото и на левата страна. Електричната четка не треба наеднаш да ја поместувате и да ја вртите во круг, туку нежно да „влечете“ по секој заб во горенаведените четири региони – и од внатрешната и од надворешната страна на забот.

@krystaroseheath How to properly brush your teeth with an electric toothbrush ! #teeth #toothbrush #dental #fypシ ♬ original sound – Krysta

„Направете го ова и забите ќе ви бидат многу почисти“, препорачува таа, а како последен совет објаснува зошто не треба да ја плакнете устата откако ќе ги измиете забите.

„Ако исплакнете со вода по четкањето, штотуку сте ги изгубиле сите придобивки од користењето на паста за заби за плакнење. Плукајте, не плакнете. Ќе биде чудно, но верувајте дека функционира“, заклучила Криста.

Хемичарите од ООУ “Гоце Делчев” растурија на општинските натпревари во Прилеп (ФОТО)

На 24 февруари се реализираа општинските натпревари по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН).

Предводени од наставник-ментор м-р Кети Иваноска на натпреварот учествуваа тринаесет ученици кои постигнаа високи резултати и си обезбедија пласман на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 6 мај.

Наградени ученици од осмо одделение: Матеа Танева прва награда, Марко Марковиќ втора награда, Теодора Ѓорѓиеска втора награда, Михајло Обрадовиќ втора награда, Теодора Тасеска втора награда, Невена Цветкоска пофалница за успешно учество, Марко Блажески пофалница за успешно учество, Јана Пејоска сертификат за учество

Наградени ученици од деветто одделение: Емили Иваноска прва награда, Софија Димитриеска прва награда, Теодора Крстеска награда прва награда, Михаил Ѓорѓиески втора награда, Јана Василеска втора награда.

Честитки за младите хемичари!

Петковски: Никој не сака промена на Уставот, ни членовите на СДСМ, ни на ВМРО-ДПМНЕ

„Со своето однесување, Бугарите направија нашите граѓани да ги доживуваат како непријатели. И јас не се кријам да кажам дека Бугарија сега е нашиот единствен отворен непријател“, изјави вечерва Тито Петковски, поранешниот долгогодишен лидер на НСДП и некогашен претседател на Собранието.

Во гостување на телевизија „Сител“, Петковски рече дека ниту поддржувачите на власта, ниту оние на опозицијата, не поддржуваат да се смени Уставот за во него да се внесат Бугарите.

Не ни го признаваат јазикот, не ни го признаваат, не ни го признаваат етничкото потекло… Како некој што мене не ме признава мојот јазик и идентитет, нема ни јас.

И анкетата на граѓаните се должи на тоа. Тој силен отпор, покажува дека и оние кои го поддржуваат и СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ, не сакаат да се покрене иницијатива за промена на Уставот.

Сте се запознале ли со прилепската авијација? (ФОТО)

Aeроклуб Прилеп неодамна заврши со реконструкцијата на спортскиот аеродромо во селото Мало Коњари, како и хангарот со придружните објекти.

Преку напорите и вложувањата на неколку ентузијасти, во Прилеп се врати една преубава традиција која згасна пред 20 години, а тоа е едриличарството и летањето со ултралесни авиони.

Целта на клубот е аеродромот да стане стане место каде прилепчани ќе можат да поминат интересни моменти.

Од клубот напорно работат на повеќе амбициозни планови, за кои сигурно ќе слушнеме наскоро.

На новинар од Прилеп му бил понуден стан за да не објави вест

Во најновата емисија “Нешто конкретно” на Снеже Велков и’ гостуваа младите новинари Матеја Петровски, Кристина Атовска, Љупчо Златев и Сунаи Сабриоски.

Меѓу повеќето интересни прашања, водителката ги праша и дали на некој од нив некогаш му биле понудени пари за да не напише нешто, при одговорот беше: “На сите реално”

Интересно беше тоа што новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски, рече дека пари не му понудиле, но дека му бил понуден стан.

Сабриоски потоа кажа дека ја одбил понудата.

Целата емисија можете да ја погледнете ТУКА

Мермерен Комбинат Прилеп минатата година остварил 30 милиони евра приход

Aкционерското друштво Мермерен Комбинат од Прилеп преку берзата ги објави резултатите од работењето за минатата година.

Од компанијата известуваат дека Мермерен Комбинат АД Прилеп за периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 оствариле приходи од продажба во износ од 1.872.249 илјади денари, или нешто над 30 милиони евра, што претставува зголемување за 0,82 отсто споредено со истиот период од изминатата година – објави “ФАКТОР”

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Силекс и’ врати за поразот на Победа во Кратово

Екипата на Силекс попладнево ја продолжи фудбалската агонија на Победа. На стадионот “Гоце Делчев”, црвено-белите беа поразени со 1:4 и останаа заковани на дното од прволигашката табела.

Кратовчани дојдоа до рано водство уште во 9-та минута од натпреварот, кога голеадата во Прилеп ја започна Стефан Милосављевиќ.

За втор погодок се чекаше дури до 65-та минута, кога Делибашиќ донесе изедначување за прилепчани. Но, кратко потоа следуваше одговорот на Силекс, па Катаниќ најпрво стрелаше за ново водство од пенал во 69-та минута, а потоа постигна уште два погодоци во 72-та и 80-та.

Во наредното коло Победа гостува во Струмица кај Академија Пандев.

(Видео) Америка не памети вакво невреме: Пола државата окована во снег – во опacнocт се 18 милиони луѓе

За 18 милиони жители на Калифорнија издадено е предупредување, додека во десетина окрузи е прогласена вонредна состојба, пренесува БиБиСи.

Спасувачите работат деноноќно за да ги “ископаат” заедниците во планинските региони кои се целосно отсечени.

Американските медиуми јавуваат дека 80-годишна жена починала откако нејзиниот трем се урнал од тежината на снегот.

„Вработените во паркот Јелоустон работат на обновување на клучните услуги за да им овозможат на посетителите безбедно да се вратат“, се вели во соопштението на паркот.

Додик им пееше на жените по повод празнувањето на 8-ми Март (ВИДЕО)

Претседателот на Република Српска и лидер на СНСД, Милорад Додик, ги покажа гласовните способности по повод прославата на претстојниот 8 март за жените активистки на СНСД.

16 години живот во дивината: Му здодеало да плаќа кирија, па одлучил да живее во пештера

Доколку сте живееле под кирија, тогаш сигурно знаете дека почетокот на месецот е вистински кошмар.

И покрај тоа што плаќате секој месец, сепак се наоѓате во простор кој не е во ваша сопственост. Во исто време се обидувате да заштедите и да си подобрите својата ситуација.

На Американецот Даниел Шелабаргер му здодеал ваквиот начин на живот, па одучил да преземе подрастични мерки. Не само што заминал да живее во пештера туку целосно го отфрлил модерниот начин на живот.

„Кога имав респектабилна работа во градот, решив дека не сакам повеќе да плаќам кирија и сакам да живеам на отворено. Парите всушност отсекогаш ми биле голем товар. Кога ја донесов оваа одлука, ги зедов сите пари и ги оставив на улица. Си помислив дека некој можеби ќе ги најди. Се чувствував слободен и сеуште го имам тоа чувство. Каде и да појдам му е како дома. Парите се голем товар”, вели Даниел.