дома блог страница 1252

Прилепчанец нападнат од две лица во продавница

На 13.02.2023, во ОВР Прилеп, М.Н. (61) од Прилеп пријавил дка во продажен објект на ул. “Браќа Ламески” бил физички нападнат од две лица.

Се работи на расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Меџити: Oсум пратеници излегуваат од парламентарното мнозинство, има најави и за други

Потпретседателот и пратеник на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити е скептичен околу обезбедувањето на потребните гласови за гласање на реконструкцијата на Владата. Тој рече дека додека Владата обезбедува осум пратеници од Алијансата за Албанците, од парламентарното мнозинство излегуваат повеќе од осум пратеници.

СО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ ДЕКА ИМААТ 64 ПРАТЕНИЦИ, КОГА ВЕЛИ ТОЈ, МИСЛАМ ДЕКА Е ДА СЕ ОДРЖИ СМИРЕНОСТА ВНАТРЕ ВО СТРУКТУРАТА, ВНАТРЕ ВО МНОЗИНСТВОТО И ОВА ГОВОРИ ДЕКА НЕМААТ НИТУ 64. ФАКТИЧКИ СЕ ПОТВРДУВА ТОА ШТО СУМ ГО КАЖАЛ ВО КОНТИНУИТЕТ ДЕКА СИГУРНО ОВА ГОВОРИ ДЕКА Е ПОЛИТИЧКА АКРОБАЦИЈА КОЈА НЕМА ВРСКА СО ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ЕВРОПА, НИТУ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МНОЗИНСТВОТО ИЛИ СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА МНОЗИНСТВОТО, БИДЕЈЌИ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ОСУМ ПРАТЕНИЦИ МОЖАТ ДА ВЛЕЗАТ, НО ВЕЌЕ ОСУМ ИЗЛЕГУВААТ. ИМА НАЈАВИ ЗА ПОВЕЌЕ ЗАМИНУВАЊА ОД ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО – РЕЧЕ МЕЏИТИ ВО ИЗЈАВА ЗА ТВ21.

Меџити потенцира дека со реконструкцијата на Владата, ДУИ има изгубено 20 проценти од моќта. Посочува дека ДУИ направила промени во извршната власт, прекршувајќи го статутот на партијата.

БЕЗ ДА ОДЛУЧИ МНОЗИНСТВОТО, БЕЗ ДА СЕ ЗЕМЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ГЕНЕРАЛНИОТ СОВЕТ, СЕ ОТСТРАНУВА ЕДЕН ОД ОНИЕ МЛАДИ КОИ РЕКОА ДЕКА ЌЕ ЗАСТАНЕМЕ ЗАД НЕГО, ОДНОСНО ГОСПОДИНОТ НАСЕР НУРЕДИНИ, МИНИСТЕР ЗА ЕКОЛОГИЈА, КОЈА И СЕ ДАВА НА АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ, БИДЕЈЌИ ТОЈ Е НАДОМЕСТ ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА. БЕЗ ДА СЕ ПРАША НЕКОЈ, СО ГОЛЕМА ЛЕСНОТИЈА НА АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ И СЕ ДАВА РЕСОРОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОГРАНОКОТ НА ПАРТИЈАТА, ОДНОСНО ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА БАШКИМ ХАСАНИ. ДУИ Е ВЕЌЕ МИНУС 20 ПРОЦЕНТИ ОД МОЌТА ШТО ЈА ИМАШЕ, КРШЕЈЌИ ГО СТАТУТОТ И БЕЗ БЕНЕФИТ. ВЕЌЕ СЕ ИЗЈАСНУВААТ ДЕКА ИМААТ 64 ПРАТЕНИЦИ, НО ЌЕ ВИДИМЕ КАКО ЌЕ БИДЕ ДО КРАЈ – РЕЧЕ МЕЏИТИ.

Во Собранието веќе два дена пратениците расправаат за реконструкција на Владата, со која во владината коалиција влегува Алијансата за Албанците, која има осум пратеници, а излегуваат Алтернатива и Демократскиот сојуз. Пред пратениците се разрешувањата на тројцата министри од редовите на Алтернатива, Беким Сали за здравство, Адмирим Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, министер без ресор задолжен за дијаспора.

За нови министри, премиерот Димитар Ковачевски ги предложи Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, тројцата од редовите на Алијансата за Албанците, како и Каја Шукова од СДСМ за животна средина и просторно планирање.

За секоја пофалба: 20% од прометот викендов, најпознатите прилепски слаткари ќе го донираат за Турција и Сирија

Мајстори во занаетот, ама и големи хуманисти!

-Петок 17.02 и Сабота 18.02 од целокупната продажба што ќе се оствари во Слаткарница Дизниленд Трејд ќе одделиме 20% и ќе донираме средства за Турција и Сирија. Мал дел од нас и вас, заедно сите да помогниме – напишаа од познатите прилепски слаткари на Фејсбук.

Каевски по примерот на бившиот лидер Заев, им порача на ВМРО-ДПМНЕ: “Ќе си пукнете од мака од успесите на оваа Влада”

– Покажете што сработивте во изминатата година, упати порака пратеникот на СДМС Дарко Каевски во текот на седницата во Собранието за реконструкција на Владата на Македонија до ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе си пукнете од мака од успесите на оваа Влада. Зошто вие не излезете со документи да докажете што сработивте. Чесно е. Една година локална власт, не направивте ништо. Ветувавте се и сешто. Добро е дебатата да ја водиме низ бројки. Оваа Влада е силно посветена на кризата, во комуникација со граѓаните, коморите, економијата. Кога напаѓате, да говориме со бројки и аргументи“, порача Каевски.

Двајца прилепчани се cтeпале против тројца скопјани во угостителски објект во Карпош

На 12.02.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(21) и М.С.(50), двајцата од Прилеп, од една страна и А.О.(33) од Скопје и уште две лица, од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок – информираат од МВР.

Прилеп викендов ќе биде голем ШОПИНГ МОЛ – Нема дуќан каде што ќе нема попусти!

Во организација на Општина Прилеп и Прилепската чаршија, се подготвува првиот и најголем, „OUTLET Weekend“ во Прилеп кој ќе се одржи на 17ти и 18ти февруари.

Во него се вклучија над 200 трговци кои на своите дуќани ќе имаат налепница со заштитен знак на настанот за купувачите да знаат каде да пазарат. Големиот интерес за купување на купувачите од регионот: Битола, Крушево, Долнени Кривогаштани, Новаци, Могила, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Кавадарци и пошироко од Македонија, на првиот „Prilep OUTLET Weekend“ им нуди шопинг забава и евтино купување на брендови. Попусти, велат прилепските трговци, ќе има до 70% на секој чош!

Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.

На „Prilep OUTLET Weekend“, производи ќе има за сите муштерии, а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од Регионот и Македонија, од 08:00 до 19:00 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени, а „Prilep OUTLET Weekend“ покрај попустите во трговските дуќани ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и кафулињата, кое ќе преставува посебно уживање за сите оние кои на 17ти и 18ти ќе дојдат на шопинг во Прилеп.

„Prilep OUTLET Weekend“ се организира за прв пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.

Градот и прилепската чаршија предвидуваат и други изненадувања за сите посетители и купувачи кои на 17ти и 18ти ќе го посетат Прилеп, а сите случувања од настанот ќе бидат објавувани на специјално креираната фејсбук фан страна https://www.facebook.com/profile.php?id=100089628293137

Чyда се cлyчyваат: Девојка извлечена после 201 час поминат под ypнатините во Турција

26-годишна девојка по име Мине Акгул, е спасена денеска откако поминала 201 час под урнатините, јавуваат турските медиуми.

“Веднаш ги алармиравме сите, ангажирани се спасувачките екипи и потрагата. Беше тивко, одевме чекор по чекор. Веднаш ја завиткавме во термо ќебе и сега е во болница”, изјавил еден од учесниците во операцијата, пренесе Телеграф.рс.

Стотици прилепчани традиционално го одбележаа празникот Св. Трифун кај месноста Склештен мост (Фото галерија)

Голем број прилепчани денеска традиционално го одбележаа празникот Св. Трифун во близина на месноста Склештен мост, кај параклисот посветен на овој светец.

Св. Трифун, кај народот е попознат како покровител на лозарите, па традиционално се направи и закројување на виновата лоза кај параклисот, а на одбележувањето на празникот присутен беше и градоначалникот Борче Јовчески.

За многу години и напомош!

Пред два дена Германец, а вчера и Американец фатен со мapиxyaна во Битола

На 13.02.2023 во населба Карпош во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.Р.(20) од САД, со привремен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Пред два дена пак на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(32) од Сојузна Република Германија, со времен престој во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Морето кај Истанбул се повлекло 15 метри (Видео)

Мраморното Море кај Истанбул наеднаш се повлекло за 15 метри, што предизвикало голема загриженост кај жителите.

Од Техничкиот факултет во Истанбул, пак, велат дека повлекувањето на морето не е поврзано со разорните земјотреси што на 6 февруари го погодија југот на земјата и однесоа повеќе од 37.000 животи во Турција и соседна Сирија.

„Причината за тоа не се неодамнешните земјотреси. Станува збор за метеоролошки феномен, кој настанал поради промени во притисокот“, велат експертите, пренесува НТВ.

И покрај тоа што експертите информираат дека нема потреба за грижа, жителите на Истанбул вознемирено споделуваат фотографии и видеа од голиот брег на социјалните мрежи.

„Овде живеам 20 години и до минатата недела не можев да се приближам до овој дел од плажата во Авчилар“, вели еден жител.

Тој посочува дека водата се повлекла најмалку 15 метри, а можеби и повеќе,пренесе Телеграф.рс.