дома блог страница 1250

Бугарите на избори по петти пат во последниве две години: Ќе биде ли Борисов повторно премиер?

Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години.

Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник .

И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто се уште да се двоумат дали да излезат, оставајќи конечната одлука да ја донесат на самиот ден на гласањето.

Предводивањата се дека по денешното изјаснувањ ена граѓаните во новиот парламент ќе влезат пет партии и коалиции – ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Движењето за права и слободи (ДПС) „Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП).

„Бугарски подем“ и „Левица!“ имаат теоретски шанси да ја прескокнат бариерата од четири проценти, но гласањето во голема мерка ќе зависи од нивната способност да ги убедат своите гласачи да отидат до гласачките места.

Од друга страна,бугарските избирачи, заморени од честите гласања, се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн., јавува бугарското радио.

Во Прилеп и викендов најмногу се пиело: Еве колкумина фати полициjaта синоќа (ФОТО)

Во текот на изминатата вечер (01/02.04.2023), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 53 возачи. Од нив, 16 на територија на Битола, 31 во Прилеп, 4 во Ресен и 2 Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 97 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Пред преполна сала и со богата програма СОУ “Ѓорче Петров” oд Прилеп го одбележа својот патрон празник (Фото галерија)

Денес се навршуваат 158 години од раѓањето на нашиот прилепчанец, македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров.

По тој повод средното училиште во Прилеп кое го носи името на нашиот револуционер, одржа свечена академија со богата програма во Театарот ,,Војдан Чернодрински”.

Пред преполната сала учениците се претставија со бројни музички и драмски точки и ја искажаа нивната почит кон нивниот патрон.

-Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ.“ Жртвата која шта ја дале за слободата на Република Македонија сите наши херои мораме да ја почитуваме, да ја празнуваме и да ја одбележуваме, за да се потсетуваме секогаш дека Македонија е наш аманет и мораме сите да се грижиме за нашата татковина, да ја чуваме и безусловно да ја сакаме – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески кој присуствуваше на свечената академија.

Две од две први места за ООУ “Климент Охридски” на регионалниот натпревар за млади природници и техничари во Прилеп

На ден 1.4.2023год. во Домот за техничка култура – Народна техника во Прилеп, се одржа 47. регионален натпревар на млади природници и техничари.

ООУ “Климент Охридски” го претставуваа двајца ученици и двајцата освоија први места: Ивана Бошкоска VII-2 категорија: фото техника и
Лука Најдоски VIII-2 категорија: воздухопловно моделарство.

Учениците сега ќе се подготвуваат за Државните натпревари. Да им честитаме и да им посакаме среќа!

Им пишал во коментар: “Да ви се мо*ам во северната”, па од Државниот архив се навредиле и’ приjaвиле до МВР гoвop на омpaза

Поради коментар „Да ви се мо*ам во северната, п**да ви материна“, Државниот архив поднесува пријава до Министерството за внатрешни работи. Тие сметаат дека ова е говор на омраза и нивно девалвирање. Ваквиот чекор на државната институција го искоментира адвокатот Јанаки Митровски кој пак прашува каде гледаат говор на омраза.

„Државниот архив го пријавува овој коментар на Ристо Ангелов до Министерството за внатрешни работи сметајќи дека е говор на омраза и девалвирање на владина институција која што професионално ги извршува своите задачи и обврски. Предлагаме соодветните органи да преземат мерки за санкционирање на ваквото однесување на индивидуата“, стои во објавата на Државниот архив објавена пред седум часа, односно нешто пред два на полноќ.

Ова го искоментира адвокатот Јанаки Митровски.

„И каде е говорот на омраза?“, прашува Митровски.

Под објавата на Државниот архив, каде најавуваат санкционирање, има негативни коментари за државната институција.

„Северна Кореја не ви е рамна, северни!“, „Поддршка до него и јас му се придружувам во честитките и гол низ куќа да ви шетам“, „Смешни и јадни сте (не)државен архив на ‘северџистан’!“, се само дел од коментарите.

Уметничките карвинг дела на прилепскиот мајстор го освоија и најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот: Влатко си дојде со златен медал од Хрватска (Фото галерија)

Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој беше во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.

Натпреварот се одржа по 18-ти пат, а како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој за прв пат се натпреваруваше во неговата категорија карвинг и освои прво место и златен медал.

Алексоски ни истакна дека ова е огромно искуство за него и преку фотографии ни пренесе дел од атмосферата и организацијата таму, за кои вели дека биле на беспрекорно ниво и како Македонци биле топло дочекани.

Честитки за Влатко кој прераснува во вистински амбасадор на Прилеп и Македонија. Му посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

Учениците од ООУ “Гоце Делчев” направија растур на општинските и регионални натпревари: Први во наука, први во футсал (ФОТО)

Денеска во просториите на Домот за техничка култура – Народна техника – Прилеп, се одржа 47-от регионален натпревар на младите техничари и природници.

На натпреварот задоа учество ученици од нашето училиште, кои многу успешно се претставија во своите области освојувајќи прво место, а со тоа и се пласираа на Државниот натпревар.

Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета хемија, a Михајло Обрадовиќ од VIII – мо одделение – екологија.

Ученичката Софија Димитриеска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета математика, Теодора Крстеска IX – то одделение – применета физика и Михаил Ѓорѓиески IX – то одделение – роботика, под менторство на наставничката Милена Димитриеска.

Симона Тасеска од IX – то одделение се натпреваруваше во областа применета географија, под менторство на наставникот Христијан Граороски.

Исто така на 30.03.2023 год. завршија натпреварите по групи во ФУТСАЛ МАШКИ за основните училишта за 6 и 7 одделение од Прилеп, а “Гоце Делчев” го освоија и тука првото место.

Британски спектакл со битолски шмек: Фан клубот на Ливерпул во Битола го прослави својот роденден

Мало парче од Енфилд во центарот на “градот на конзулите” – фан клубот на “Црвените” го прослави својот роденден.

Во просториите на “Dirty Old Town” добивате чувство дека сте дел од големата навивачка група која го бодри Ливерпул на Енфилд. Секако, преовладува црвената боја и фудбалска страст каква не сте виделе до сега.

Добро е познато дека фан-базата на Ливерпул во Македонија е многубројна и одлично организирана. Фан клубот од Битола е само еден дел од големата слика, но денес битолчани беа одлични домаќини за “Црвените” од цела држава.

Среќен роденден на “Dirty Old Town”, со вакви навивачи клубот дефинитивно “WILL NEVER WALK ALONE”.

Дел од атмосферата можете да погледнете ТУКА.

Eм војводско, ем прилепско: Слушнете го најновото музичко дело на Трајче Каралиоски од Прилеп во чест на војводата Методија Патчев

Трајче Каралиоски го објави своето најново музичко дело, кое претставува адаптација на народен текст посветен на војводата Методија Патчев.

Музиката е дело на Каралиоски, аранжманот го направи Мендо Ташкоски, а во песната свој удел има и Димитар Настески на кларинет.

Слушнете во продолжение:

На задоволство на публиката: Најпознатите прилепски рокери имаат нов спот (ВИДЕО)

Најпознатите прилепски рокери The Hounds објавија спот за песната “Куку”. Песната е дел од нивниот втор студиски албум, кој го промовираа минатата година за нивниот 14-ти роденден.

Спотот е дело на “Студио 163”, a режијата е на Јосиф Трајкоски. Дејствието во спотот го одигра актерот Зоран Иваноски, а за потсетување музиката и текстот за песната се дело на бендот.

Уживајте во продолжение: