дома блог страница 1223

Уапceн млад дилер од Битола

Денеска (25.04.2023) од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола лишен е од слобода А.Ј.(23) од Битола.

При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Битола, пронајдени се и одземени марихуана и две дигитални ваги.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Запознајте ги нашите прилепчани кои работат за една врвна светска компанија (ФОТО)

Градот под Марковите Кули веќе една година е дом на 250 млади и талентирани личности кои работат за глобалната компанија Таскфорс која има свои кацеларии на два континенти, САД и МАКЕДОНИЈА.

На листата градови со нашиот Прилеп се и Чикаго, Ноксвил, Чарлстон, Загреб, Скопје и Битола, а тимот во Прилеп во континуитет се проширува, заради растот на комапнија, но и заради одличните услови кои ги нуди за работа. Модерни простории направени по највисоки стандарди за пријатен работен амбиент, одличен тим кој се дружи преку организирани активности, можности за кариерен раст.

Таскфорс е глобално позната компанија во светот на осигурување, здравствена заштита, финансии и логистика и сервисира големи клиенти. Со неколку канцеларии во Македонија, таа е горда што нуди модерен работен простор со одлична заедница и тимски дух за амбициозни личности кои сакаат динамична и убава канцелариска работа. Нашите канцеларии во Прилеп се одлично место за талентирани поединци од сите возрасти, а ние посветено компанијата инвестира во успехот на вработени.

„Возбудени сме што нудиме можности за вработување во областа на грижата за клиентите, во секторот на здравствена заштита и осигурувањето, а бараме и поединци кои течно зборуваат писмен и говорен англиски јазик, имаат основни компјутерски вештини и се флексибилни со работното време, кое е прилагодени на нашите американски клиенти„- истакнуваат од комапнијата.

Според TaskForce, нивниот тим е составен од 31% личности на возраст од 18-34 години, а 52% од вработените во Прилеп се на возраст од 25-34 години. Проширувањето на компанијата во Прилеп е дел од постојанатаа заложба на компанијата за раст и успех и уверена е дека зголемувањето на тимот ќе биде вредно дополнување на нејзиното портфолио.

Денес разговаравме со Кирил Илиески – ИТ сектор

Кога започна твојата кариера во Taskforce?

-Мојата кариера во Taskforce започна во септември 2021.

Дали се сеќаваш на интервјуто и што би избрал како интересен миг од истото?

-Се сеќавам на интервјуто, каде што бев прашуван за моите претходни работни искуства и како со тоа би се вклопил во компанијата,исто така при крајот на интевјуто почнавне да правиме муабет за летниот одмор каде што разменивне неколку дестинации. Како интересен миг e моментот кога ми беше поставено прашањето за моето Resume..Зошто аплицирам за позицја Insurance Specialist а моето Resume e целосно поврзано со IT светот.

Како реагираше кога ја доби информацијата дека си селектиран за работа во Taskforce и со кој прво ја сподели оваа вест ?

-Кога добив информацијата дека сум селектиран за работа во Taskforce,прво ја споделив веста со моите најблиски. Бев многу возбуден и благодарен за можноста, бев уверен дека тоа е правилниот избор.

Дали имаш хоби или некои интереси, кои влијаеле врз работата во Taskforce?

-Да, имам… работата со компјутери и се што е поврзано со нив, ме интересираат секакви новитети кои се поврзани со IT светот и сите тие нови работи сакам да ги имплементирам во секој мој работен ден. Сите овие интереси ми помагаат да го подобрам својот креативен и аналитички размислувачки процес, што има влијание врз мојата работа во Taskforce.

Дали неодамна си читал книга или гледал филм што те инспирирал да растеш како личност или професионалец на своето работно место ?

-Неодамна го гледав филмот “Сноуден” (Snowden) од 2016 година, кој многу ме инспирираше и ми помогна да растам како личност и професионалец на мое работно место. Овој филм го претставува приказната на Едвард Сноуден, бивш оперативец на Агенцијата за национална безбедност (NSA), кој го објави широко познатиот шпионски скандал на САД. Филмот ме инспирираше да размислувам за значењето на приватноста и информациите во денешното друштво,особено во ИТ индустријата. Сноуден го демонстрира важноста на интегритетот и етиката во работата, како и значењето на посветеноста кон една цел. Како ИТ професионалец, гледањето на филмот ме поттикна да размислувам за начините на кои информациите се чуваат, обработуваат и споделуваат. Исто така, филмот ме поттикна да се запрашам за нашите лични права и слободи во денешниот свет на технологијата. Со целосност, гледањето на “Сноуден” ме инспирираше да се стремам кон високите стандарди во мојата професија, вклучувајќи го почитувањето на приватноста и етиката во работата. Овој филм ми помогна да се запрашам за значењето на нашите лични права и слободa и да го зголемам својот креативен потенцијал во работатаа.

Како ги балансираш твоите лични интереси и хоби со твоите работни обврски и дали имаш совет за другите кои се обидуваат да ја најдат таа рамнотежа?

-Балансирањето на моите лични интереси и хоби со моите работни обврски е многу важно за мене. Обично поставувам рутина за своите хобија во слободното време и се обидувам да ги сработам работните обврски навреме. Мојот совет за другите е да постават реални очекувања и да поставуваат приоритети во согласност со своите цели.

Која е една работа што си ја научил надвор од работата а што си можел да ја примениш на работното место и како тоа знаење ти помогнало ?

-Една работите што научив надвор од работата е тимската работа и како да се комуницира со различни личности. Оваа вештина ми помогна во работата со различни клиенти и тимови во компанијата.

Ние во Taskforce веруваме во поддршката на личниот раст и развој на Нашите вработени.Дали постои одредена вештина или хоби со кое би сакал да се занимаваш понатаму и како може компанијата да те поддржи во тоа ?

-Би сакал да се надоградувам со потребни IT сертификати кои би биле во корист и за компанијата и лично за мене. Компанијата може да ме поддржи во ова со давање на време и материјали за учење кои се поврзани со одреден сертификат.

Што прво би купил ако добиеш пари на лото ?

-Cybertruck |Tesla

Последна дестинација каде си бил и следна локација која сакаш да ја посетиш?

-Последна дестинација каде што сум бил е во Хрватска- Lošinj. Дестинација која сакам да ја посетам следно е Фиренца.

Оние кои се заинтересирани да дознаат повеќе за TaskForce или нејзините можности за вработување во Прилеп, се охрабруваат директно да контактираат со компанијата и да ги проверат моменталните отворени позиции за работа.

На следниот линк се наоѓаат слободните работни позиции во Taskforce: https://culture.taskforcebpo.com/

Крушевчанец со тешки повреди донесен во битолската клиничка болница

На 24.04.2023 во СВР Битола, од Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.К.(33) од Крушево.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во зграда во изградба на улица „Илија Николовски – Луј“ во Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

(Видео) Суштество со 24 очи уловено во езеро: Се работи за исклучително редок вид кој може да се најде само на едно место

Истражувачите од Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг открија нов вид на медуза која има 24 очи.

Научниците спуштија мрежа во езеро во Хонг Конг. Кога внимателно го погледнале уловот, пронашле суштество во облик на коцка со 24 очи!

– Научниците го анализираа уловот и открија нов вид четвртасти медузи – се наведува во истражувањето.

Новиот вид Tripedalia maipoensis има проѕирно тело со мала белузлава нијанса. Според студијата, медузата, долга околу три сантиметри, има три пипала кои се протегаат од секој агол на нејзиното тело.

– Медузата има 24 очи распоредени во сетови од шест – велат истражувачите.

На секоја страна суштеството има две поголеми очи опкружени со четири помали.

– Две очи се користат за гледање слики, додека останатите четири се користат за детектирање на светлина – се вели во соопштението на Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг.

Директорката се гоштевала по кафеани – градоначалникот ја разреши

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја разреши од функцијата директорката на градинката „Детска радост“ во општината Гази Баба. Тој на денешната прес-конференција рече дека веќе подолг временски период до него пристигнувале информации за незаконско работење на директорката.

Незaвисниот ревизор утврдил дека во градинката се работело спротивно на повеќе закони. Директорката купувала мебел за нејзиниот кабинет а не за децата, купувала храна за носење по работното време и го користела службеното возило за приватни цели.

„Направени се набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година. Направени се трошоци за репрезентација. Сите овие средства се потрошени за угостителски услуги. Ако се видат фискалните сметки ќе се утврди дека повеќето од нив се направени по завршување на работното време и во сметките е наведено дека е нарачувано и храна за носење.

Извршена е набавка на мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот.
Со извршениот увид во налозите за користење на патничкиот автомобил сопственост на градинката за службени дејствија е констатирано, користење на возилото за приватни цели“ изјави Стефковски.

Управниот одбор на градинката на 19.04.2023 година до градоначалникот доставил барање за разрешување на директорката. Членот 125 став 5 од Законот за Заштита на децата децидно вели: Градоначалникот е должен во рок од пет дена од денот на добивањето на предлогот од управниот одбор да го разреши директорот.

Стефковски го повика Министерството за труд и социјална политика и работа да застане на страната на законот, бидејќи, како што кажа, се друго ќе значи поддршка на утврдено незаконско работење.

Дамјан Стојаноски, Миле Кузмановски, Елена Велевска…ќе пејат на хуманитарна забава за доизградба на манастирот Св. Никола во с. Загорани

На 11.05.2023г. (четврток) во ресторанот “Центар” во Прилеп, со почеток од 20часот, ќе се одржи голем хуманитарен и донаторски концерт, за доизградба на манастирскиот комплекс Св. Никола во прилепско Загорани.

На концертот ќе настапат повеќе познати имиња од македонската музичка естрада, меѓу кои: Дамјан Стојаноски, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Оливер Лозаноски…

Цената за карта е 1100 денари по лице. Повеќе информации на флаерот во продолжение:

Владиката Петар: Свое гајле берете, да не ве интересира кој ќе ја финансира “Вистел”

Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирматa „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1 мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.

-Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат а се под заштита како споменици на културата? Треба ли да ги заштитиме, рече Митрополитот Петар.

Во однос на тоа кој ќе ја финансира неговата телевизија, Митрополитот Петар одговори остро: „Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира, кој вас ве финансира.“

Чисти пари се, не се перени, ниту ќе дозволиме такво нешто, тврди Петар, порачувајќи повторно дека никого не треба да го интересира дали „Преобразба“ има доволно пари да ја финансира телевизијата.

-Луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат. Оставете го гајлето на нас, одговори Петар на прашањата кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“.

Тој демантираше дека телевизијата ја прави со Љупчо Палевски.

Петар демантираше дека неговата телевизија ќе се определува и ќе одработува за некого политички.

-Вистинска телевизија ќе го афирмира нашето културно и македонското богатство што го поседуваме. Кога велам македонско, не мислам само на МПЦ, туку општо македонско наследство. Пристап ќе имаат на нашата телевизија од сите народи во Македонија што се. Ќе има и политичка програма. Во смисла луѓе од политиката што ќе сакаат да гостуваат, вели владиката Петар.

Во однос на шпекулациите дека преку неговата телевизија ќе се шири про-руска пропаганда, митрополитот Петар, негираше дека тој зазема страна во конфликтот и осудува се што не е добро од која и да било страна.

Јас не знам за никаква руска агресија. Знам дека тоа е војна меѓу големите сили. Зошто и како, тоа си знаат тие.

(Фото галерија) Прилеп е магичен во пролет: Расцветаа јапонските цреши во центарот на градот

Пролетта во центарот на Прилеп е магична кога ќе расцветаат јапонските цреши.

Розевиот цвет на овие раскошни дрвца, му дава посебна убавина на градот од средината на април, па речиси до крајот на месец мај.

Глетката е висинско уживање…

Фатен прилепчанец со нежигосани огревни дрва

Фото/илустрација

На 24.04.2023 во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.М.(32) од Прилеп.

Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација.

Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МПЦ-ОА денеска ќе се обедини со Вранишковски, неговите владици ќе добијат дел од епархиите

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Според информациите на верскиот портал, постигнат е начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзина итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква, пишува религија.мк, додавајќи дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Повеќе тука